Регулаторната комисијата за домување донесе Решение за одземање на лиценцата за управител за вршење на дејностите на управување со станбени згради. Сега во рок од осум дена компанијата треба да ја врати лиценцата, а договорот со зградата се смета за еднострасно раскинат.
„До Регулаторна комисија за домување да достави доказ за секој објект за подмирени обврски а согласно член 30 од Законот за домување, односно управителот е должен да изготви завршен извештај за своето работење кој содржи и детален финансиски извештај, на денот на престанување на договорот за вршење на управувачки услуги. Средствата евидентирани на сметката на денот на престанување на договорот управителот е должен да ги пренесе на сметката за резервен фонд, што за станбената зграда ја отворил новиот управител во рок од осум дена“, се вели во одлуката.