22.8 C
Скопје
09/05/2025 16:23
МАКТЕЛ

     

„НАРОДНА БАНКА ПОКАЖА ОТПОРНОСТ ВО СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИТЕ“: Кјобе, шефицата на Мисијата на ММФ во Македонија

      

Поставеноста на монетарната политика на Народната банка на Македонија е стабилна и ефикасна во одржувањето на стабилноста на девизниот курс и контролата на инфлацијата, оцени шефицата на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во земјава Анет Кјобе. Таа истакнува дека Народната банка покажала отпорност во справувањето со предизвиците како што беше растот на цената на енергенските по руската инвазија на Украина. Сепак нагласува оти борбата против инфлацијата треба да продолжи се додека не почне одржливо да се намалува, поддржана од намалувањето на светските цени на храната и енерегијата и ублажувањето на базичната инфлација.

– НБРСМ покажа отпорност во справувањето со предизвиците, како што е на пример шокот од растот на цената на енергентите по руската инвазија на Украина. Како одговор на инфлацијата којашто се искачи на високи речиси 20 проценти во 2022 година, НБРСМ донесе непоколебливи одлуки за зголемување на каматните стапки, со што ги закотви инфлациските очекувања. До август 2024 година, инфлацијата се намали на 2,2 проценти, благодарение на ефикасноста на монетарното затегнување и намалувањето на светските цени на примарните производи. Од септември 2024 година, Народната банка започна со внимателно нормализирање на монетарната политика, следејќи ја Европската централна банка – посочува Кјобе. Во однос на банкарскиот сектор, Кјобе оценува дека е стабилен и отпорен на шокови и дека има историски највисоки стапки на адекватност на капиталот и стабилни стапки на ликвидност кои се особено важни за обезбедување стабилност во услови на глобални и регионални предизвици.

   

– Нефункционалните кредити се на историски најниското ниво (од 2,6 проценти) и се добро покриени со резервации, со што се намалуваат ризиците за билансите на банките. Профитабилноста е солидна, а стрес-тестовите спроведени од централната банка потврдуваат дека банкарскиот сектор во целина е отпорен на серија неповолни сценарија – посочува шефицата на ММФ во земјава. Зголемувањето на царините од страна на американската администрација, според Кјобе, би можело нагло да го забави светскиот раст, со надолно ревидирање на проекциите на 2,8 проценти за 2024 година и 3 проценти за 2025 година, односно вкупно намалување од 0,8 процентни поени во споредба со претходните прогнози. Кјобе вели дека ефектите ќе се разликуваат од земја до земја, иако некои може да имаат корист од пренасочувањето на трговијата ‒ пренасочување на трговската размена бидејќи царинските давачки го пренасочуваат увозот кон партнери кои се помалку погодени од оваа мерка или воопшто не се погодени.

– Пошироките ризици вклучуваат одмазднички царини, коишто би можеле да ескалираат во целосни трговски војни, притоа дестабилизирајќи ги меѓународните односи. Со текот на времето, намалената конкуренција од заштитените пазари може да ги намали иновациите и да поттикне напори за максимизирање на индивидуалните придобивки, без да се води сметка за користа за целокупната економија, притоа нарушувајќи ја продуктивноста.  Комбинацијата на овие предизвици претставува несигурност во однос на трговската политика, што заедно со нестабилноста на финансиските пазари може дополнително да ја поткопа довербата на инвеститорите. Компаниите може да ги одложат капиталните расходи или да го префрлат работењето за да се заштитат од непредвидливите трговски правила, притоа засилувајќи го притисокот врз светскиот раст. Иако пренасочувањето на трговијата нуди одредено ограничено олеснување за некои економии, сепак не успева да ги надомести системските загуби, бидејќи реорганизираните синџири на снабдување честопати доведуваат до неефикасност – нагласува Кјобе. За Македонија оценува дека директното влијание од царините ќе биде ограничено, но дека многу позначителни ќе бидат индиректните ефекти поради изложеноста на земјата кон Европската унија, особено кон германската економија.

– Општо земено, Македонија е чувствителна на промените во светските трговски шеми поради нејзината релативно висока трговска отвореност, со извоз на стоки проектиран на околу 44 проценти од БДП во 2024 година, односно на околу 63 проценти заедно со услугите – посочува Кјобе за МИА. Членството на земјава во СЕПА, според шефицата на ММФ, ќе овозможи побрзи, поевтини и побезбедни прекугранични плаќања во евра, што е исклучително важно за отворена економија со високи приливи на дознаки од странство. Ви пренесуваме дел од интервјуто:  Независноста на централната банка е клучен елемент за ефикасна монетарна политика. Како ја оценува ММФ институционалната и оперативната независност на Народната банка на Македонија?

– Меѓународниот монетарен фонд постојано нагласува дека независноста на централната банка е клучот за ефикасна монетарна политика. Независноста зависи и од институционалните и од оперативните аспекти коишто се суштински за централната банка да може да функционира без мешање од надворешните фактори. Поставеноста на монетарната политика на НБРСМ е стабилна и ефикасна во одржувањето на стабилноста на девизниот курс и контролата на инфлацијата, како што се наведува и во неодамнешната мисија на ММФ за процена на заштитните механизми во која се истакнуваат нејзината силна институционална и оперативна независност, доброто управување и солидната финансиска рамка и рамката за управување со ризиците. Покрај тоа, механизмите за комуникација и отчетност на централната банка, практиките за транспарентност и оперативната автономија се во согласност со меѓународните стандарди, што се потврдува и со високите оценки за централната банки во Извештајот за оценувањето според Кодексот на транспарентност на централните банки на ММФ за 2022 година.

Во изминатиот период, Народната банка презеде повеќе мерки насочени кон финансискиот систем. Каква е оцената на ММФ за стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор? – ММФ го оценува банкарскиот сектор на Северна Македонија како стабилен и отпорен на шокови, поддржан од проактивната регулативна и надзорна рамка на НБРСМ. Банкарскиот сектор одржува историски највисоки стапки на адекватност на капиталот (од 18,9 проценти) и стабилни стапки на ликвидност (од 289,4 проценти), коишто беа особено важни за обезбедувањето стабилност во услови на глобални и регионални предизвици. Нефункционалните кредити се на историски најниското ниво (од 2,6 проценти) и се добро покриени со резервации, со што се намалуваат ризиците за билансите на банките. Профитабилноста е солидна, а стрес-тестовите спроведени од централната банка потврдуваат дека банкарскиот сектор во целина е отпорен на серија неповолни сценарија. Во текот на изминатата година, Народната банка на Република Северна Македонија (НБРСМ) исполни неколку важни зацртани регулаторни цели за зајакнување на финансиската стабилност и усогласување со меѓународните стандарди. Главниот фокус беше насочен кон изготвувањето силна регулативна рамка за решавање на банките, во согласност со стандардите и најдобрите практики на ЕУ и меѓународните стандарди и практики. На почетокот на 2025 година, Народната банка донесе сеопфатен пакет од дванаесет подзаконски акти коишто произлегуваат од Законот за решавање на банките, што претставува значаен чекор во зајакнувањето на стабилноста на финансискиот систем и заштитата на јавниот интерес.

    

Најново

ПРЕДЛОГОТ ЗА КАНДИДАТ ЗА ИДЕН ГУВЕРНЕР ЌЕ СЕ ЗНАЕ НА ПОЧЕТОКОТ НА СЛЕДНАТА НЕДЕЛА – кој ќе седне на престижната функција во Народната банка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЉУБЧО: Во градежната фирма до скоро имав околу 100 вработени, сега имам 20

Sase Ivanovski

ФЕД ГИ ЗАДРЖА КАМАТНИТЕ СТАПКИ И ПОКРАЈ ПРИТИСОКОТ НА ТРАМП – економијата и понатаму е под притисок поради царините

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЉУБЧО: Профитните маржи на банките се 100 пати поголеми од тие на маркетите, но јавноста е гневна на маркетите?!

Sase Ivanovski

ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА ГИ ШОКИРАА ТУРИСТИТЕ: Еве што да очекувате сезонава во омиленото летувалиште

Sase Ivanovski

„ДА ВИ КАЖАМ КОГА ЌЕ СЕ ВРАТАМ ДА ЛЕЖАМ ЗАТВОР…“ – Горан Ангелов Ќосето со остра реакција за укинувањето на притворот на Јахоски

Sase Ivanovski

ВО НЕГОТИНО Е ТРЕТИРАНО: Стручни лица ќе проверат од Кавадарци до Гевгелија дали се раширил отровниот плевел

Sase Ivanovski

ВОЈНИЦИ, АРТИЛЕРИЈА, АВИОНИ… Еве колку чини воената парада во Москва

Sase Ivanovski

Просечна плата во МЕПСО забрзано се движи кон 1.000 евра

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Љубчо Георгиевски во „Бизнис муабети“: Најдобрите економски години за Македонија беа кога јас бев на власт

Sase Ivanovski

Фактор анализа ВЕЛЕС 2024: Кој го дрма Велес? Еве ги најголемите фирми во градот на Гемиџиите!!!

Sase Ivanovski

РАФУНА И АЗЕСКИ ВО СКОПЈЕ РАЗГОВАРАА ЗА НОРМАЛИЗИРАЊЕ НА ПРОТОКОТ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ НА МАКЕДОНСКО-КОСОВСКАТА ГРАНИЦА

Sase Ivanovski

Комората испраќа јасни пораки

Sase Ivanovski

КОЈ ЌЕ БИДЕ НОВИОТ ГУВЕРНЕР НА МАКЕДОНИЈА – се споменуваат четворица кандидати, кого ќе предложи претседателката

Sase Ivanovski

ЦЕНИТЕ НА АВТОМОБИЛИТЕ СКОКААТ ЗА 40 ПРОЦЕНТИ! Реномирани производители тврдат дека за пет години возилата нема да бидат достапни за граѓаните

Sase Ivanovski

РЕКТОРКАТА НА УКИМ, БИЛЈАНА АНГЕЛОВА ЗА ФАКТОР: Новите згради на ФИНКИ И ФФОСЗ ќе ја зачуваат бруталистичката архитектура

Sase Ivanovski

ЗБОРУВА 7 ЈАЗИЦИ И ГО САКА ТЕНИСОТ: Кој е Роберт Франсис Превост, новиот папа – ова е неговиот пат до поглавар на Католичката црква

Sase Ivanovski

Колку заработија најголемите фотоцентрали во Македонија лани?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Љупчо Георгиевски: Десет години работев со маркети, но ги затворив – профитните маржи беа ниски

Sase Ivanovski

Фактор анализа БИТОЛА 2024: Бабам Битола – големи бизниси! Кои фирми направија од 10 милиони евра па нагоре?

Sase Ivanovski

НАРОДНАТА БАНКА КАЖА НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ЛАНСКАТА ДОБИВКА НА ДОМАШНИТЕ БАНКИ – профитот, сепак, растел побавно од претходната година

Sase Ivanovski

Ќе има ли Македонија државни енергетски капацитети – планови и инвестиции? Божиновска за ТВ24: „Најдобро е државата сама да ги гради“

Sase Ivanovski

Кој е „идеалниот“ број на сексуални партнери? Студијата ја открива слатката точка – и тоа не е она што мислите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЉУБЧО: ДВА ПАТИ СЕ ВИДОВМЕ СО МИЦКОВСКИ ОТКАКО СТАНА ЛИДЕР НА ВМРО ДПМНЕ, НО ОЧИГЛЕДНО ЗА НИШТО НЕ СЕ РАЗБРАВМЕ

Sase Ivanovski

Реакција на прес-конференција на Советничката во Советот на општина Куманово од СДСМ Атина Мургашанска, одржан на 09.05.2025 година

Sase Ivanovski

(ВИДЕО+ФОТО) Министерство за внатрешни работи: Министрите Тошковски и Дачиќ потпишаа договор за „One Stop“ систем со едно застанување и брза заедничка контрола, имплементација пред летната сезона

Sase Ivanovski

Месна заедница Галичник: ПОТРЕБНА Е ИТНА САНАЦИЈА НА ПАТОТ ВО ГАЛИЧНИК

Sase Ivanovski

(ФОТО) Општина Куманово – Панихида во спомен на загинатите бранители од Диво насеље

Sase Ivanovski

(ДЕН ПОТОА) ТАМАРА ТОДЕВСКА: ЕМОЦИИ, МУЗИКА И ЉУБОВ – ДА ОСТАНЕМЕ ОБЕДИНЕТИ

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Директорот на БЈБ, Јанев на работна средба во касарната „Ѓорче Петров“ и СВР Куманово

Sase Ivanovski

Миистерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште од Куманово, шест вработени во Министерството за образование и наука, две правни лица од Куманово и нивните сопственици за злоупотреба на постапката за доделување договор за превоз на ученици

Sase Ivanovski

(ФОТО) СКРИЕНОТО ТРЕТО: Некаде помеѓу присуството и отсуството

Sase Ivanovski

Ден на Европа – прослава на единство, култура и поврзаност

Sase Ivanovski

ИНЖЕНЕРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: 54 МИЛИОНИ ЕВРА СЕ ТРОШАТ БЕЗ КОРИСТ – ПОТРЕБНА Е РЕАКЦИЈА ОД ОБВИНИТЕЛСТВОТО

Sase Ivanovski

(ФОТО) ГАШИ – ЧЕЗА: ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО ЗНАЧИ ЗАЕДНИЧКИ ВРЕДНОСТ И СПОДЕЛЕНА ОДГОВОРНОСТ

Sase Ivanovski

Викторија Трајков ќе учествува на панел-дискусија насловена: Патот на Македонија кон ЕУ-предизвици и можности во 2025 година!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Со заминувањето на СДС во опозиција, заврши и времето на недопирливите криминалци и на безредието во државата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Богданка Кузеска: Убиствата станаа секојдневие, СДСМ бара одговорност од Тошковски

Sase Ivanovski

(ФОТО) СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел!?

Sase Ivanovski

(ФОТО) Министерство за одбрана: Висока владина делегација на одбележувањето на Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, пораки за значењето на борбата против фашизмот и потребата од обединета Европа кон која припаѓа и македонската држава

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Димитриевски се уште не даде одговор на ниту едно прашање, институциите да не молчат и да постапат за овој случај

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Цените постојано растат, власта нема решение

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Лицемерно и исмевање на народот во лице е СДС и Филипче да поднесуваат закон за Кочани, исто како да поднесеа за Модуларната или за враќање на името

Sase Ivanovski

Костовски: Димитриевски е бесрамен предавник, институциите мора да реагираат за неговиот криминал

Sase Ivanovski

ЗНАМ: Кога Венко Филипче – симболот на здравствената мафија од време на пандемија, зборува за морал, чесност и патриотизам, тоа е навреда за здравиот разум на граѓаните

Sase Ivanovski

На денешен ден 9-ти мај, во престрелките во Куманово, животот го загуби бившиот припадник на Единицата Лавови, како припадник на Македонските специјални сили, Саше Самојловски – Касандрa од Тетово

Sase Ivanovski

(ФОТО) Орце Ѓорѓиевски: НЕКА Е АИРЛИЈА – СТАДИОНОТ ССК Е ЦЕЛОСНО РЕКОНСТРУИРАН!

Sase Ivanovski

(ФОТО) Орце Ѓорѓиевски: ЉУБИША АРАНЃЕЛОВИЌ, се поклонувам на твоето херојство! ВЕЧНА ТИ СЛАВА!

Sase Ivanovski

Саша Богдановиќ: Родителите Благе и Катица ја заменија својата стара куќа со новоизграден дом во општина Старо Нагоричане – Ова е десетта куќа изградена од темел а досега се помогнати семејства со над еден милион евра

Sase Ivanovski

Муцунски: Еднодневна посета на Украина

Sase Ivanovski

Николче Мискоски: По втор пат во Општина Кривогаштани се организира акција за чистење на отпад GENERALKA WEEKEND

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Чарна Невзати ќе ја претставува Македонија на Мис на светот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 24 Анализа – Колку евентуалните потреси во владата ќе донесат и предвремени паралементарни избори?

Sase Ivanovski

Од стационарот „Лајка” до Википедија: Едукативна авантура на учениците од гимназија „Јосип Броз-Тито“-Скопје

Sase Ivanovski

Честитка – Гаши: 9 Мај нека биде поттик за уште посилна посветеност кон европската иднина!

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Вчера 777 сообраќајни прекршоци, 175 за брзо возење

Sase Ivanovski

Јаневска: со квалитетни идеи и повеќе партнери на образовните установи, дополнително ја стимулираме еколошката одговорност кај младите

Sase Ivanovski

Гаши со честитка: Новиот папа да донесе повеќе духовност и поголема етика, а неговата работа да биде патоказ на патот кон мирот!

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода велешанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал три сообраќајни незгоди

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Министерство за внатрешни работи: Лишени од слобода лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип

Sase Ivanovski

СДСМ: Убиствата станаа секојдневие, Тошковски нема контрола над безбедноста

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки и финансиска поддршка е партнер на општините во Македонија

Sase Ivanovski

Ристески: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложува во спортската инфраструктура

Sase Ivanovski

Герасимовски: Со градинката Пролет поставивме нови стандарди за детска грижа во Центар

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: МЗШВ се грижи за земјоделците и руралниот развој во Македонија, доделени се договори во вкупен износ од 10.094.050 денари на 54 здруженија

Sase Ivanovski

Здружение на класични филолози „Антика“: Државен натпревар по класични јазици

Sase Ivanovski

СДСМ: Максим Димитриевски си ги сруши сите изборни ветувања со еден корупциски скандал – тој е минато

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода крадец во Струга за издржување казна затвор од две години и девет месеци

Sase Ivanovski

Герасимовски: Фотоволтаиците на ООУ „Киро Глигоров“ чекор до енергетски независен Центар

Sase Ivanovski

Филипче со честитка за Денот на победата над фашизмот и денот на Европа: Да го продолжиме патот на мирот, соработката, слободата и солидарноста

Sase Ivanovski

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski
Вчитувам....