По последниот престој во Брисел, на новинарско прашање на N1 на прес-конференција дали во Србија за време на протестите на 15 март бил употребен звучен топ, српскиот претседател Александар Вучиќ тоа го нарече измислица и изјави дека дури и експерти на НАСА потврдиле дека не бил употребен звучен топ.
Белград стапи во контакт со НАСА и побара од неа да ги потврди наводите на Вучиќ за вистинито да ја информира јавноста во Србија. „НАСА нема никакви информации“, потенцирале за Н1 од НАСА.