Насилникот од Радовиш кој во живо на Тик Ток, беше фатен како тепа женско лице за кое се тврди дека е неговата бремена сопруга, е упатен на психијатриско лекување во Негорци, потврдија од СВР Струмица. Во текот на 2024 година во ОВР Радовиш од страна на две женски лица биле пријавени два случаи против лицето, од кои едно за „телесна повреда“ по член 130 став 2, а во врска со став 1 и едно „загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот Законик, кои се во целост расчистени и до надлежното обвинителство се поднесени соодветни поднесоци.
На 27 март 2025 лицето е спроведено на лекување во Психијатриска болница Негорци, велат од СВР Струмица.