29-годишна жена од Скопје вчера пријавила во полиција дека нејзиното поранешно момче од селото Никиштане ги нападнало нејзе и нејзин колега во центарот на Скопје, соопшти МВР.
„На 30.05.2025 година во 20:00 часот во СВР Скопје, 29-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 15.00 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер А.М.(26) од село Никиштане, скопско, а исто така според пријавеното, тој го нападнал и нејзиниот колега. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.