Состанок меѓу американски и украински претставници ќе се одржи во блиска иднина, изјави денеска Андриј Јермак, шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски. На социјалната мрежа Икс, Јермак напиша дека денеска имал телефонски разговор со советникот за национална безбедност на претседателот на САД, Мајкл Волц.
„Разговаравме за следните чекори кон праведен и траен мир“, напиша Јермак на Икс. Јермак посочи дека за време на разговорот со Волц размениле мислења за безбедносните прашања и за усогласување на позициите во рамките на билатералните односи меѓу Украина и САД. „Закажавме состанок на нашите тимови во блиска иднина за да продолжиме со оваа важна работа“, додаде тој.