Универзитетскиот професор Синиша Наумоски вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 изрази скептицизам околу способноста на Македонија да ги реализира големите инфраструктурни проекти поврзани со Коридорите 8 и 10, посочувајќи ги институционалните и градежните капацитети како клучни слабости.
„Ризиците кои јас ги гледам се поврзани со капацитетот на институциите да аплицираат и менаџираат со финансиските средства што се наменети за вакви проекти. Не сум убеден дека Македонија има доволно градежен капацитет, ниту искуство, за да ги изведе Коридорите 8 и 10 како што се планирани. Тука треба да го фокусираме поголемиот ризик“, истакна Наумоски. Коридорите 8 и 10 се дел од поширокиот европски транспортен мрежен план и имаат за цел да ја поврзат Македонија со останатите земји во регионот и Европската унија.