Како што укажува и самиот наслов, овој проект се однесува на откупените и подарените дела на колекцијата на Националната галерија во период од 10 години и е всушност прва изложба од овој тип во рамките на активностите на галеријата. Претставувањето на аквизициите и донациите е редовна пракса во светските музеи, со што се постигнува поголема видливост на колекциите, запознавањето на јавноста со делата и авторите, со што секако се допира и едукативниот сегмент на презентацијата.
Притоа, една од потребите за реализација на ваков проект и вид на презентирање е содржана во основата на визијата и мисијата на музејското работење – собирање, чување, истражување, заштита, презентација и публикација на музејскиот материјал. Музеите како чувари на културното богатство на делата прибавени по пат на откупи и добиени како подароци од авторите, се воедно и рефлексија на тековната уметничка практика, и од своја страна ги потенцира приоритетите и значењето на колекциите преку, се надеваме, континуирани откупи од страна на државните фондови и селекција од страна на стручни лица. Заради обемот на дела прибавени во последните 10 години, а изложбата ќе биде претставен селектиран избор на дела.
Како издвоен дел од оваа селекција, ќе бидат изложени и уметнички слики од легатот на Лазар Личеноски, кој зад себе остави големо наследство, движно и недвижно. Од 2015 година по желба на неговата сопруга Зое, куќата на Лазар Личеноски (изградена во 1961 година, по план на славниот македонски архитект Славко Брезоски) станува сопственост на Националната галерија, и врз неа тековно се изведуваат конзерваторско-реставраторски зафати. Со тоа и значителен легат на Личеноски кој содржи е 122 слики, 37 мозаици и 5 зграфита, дела на Личеноски, како и 77 дела од други автори, 21 икона (XVIII – XIX век) и голем број етнолошки, библиотечен и архивски материјал е предаден на Националната галерија.
Кустос на изложбата е Маја Чанкуловска-Михајловска, виш кустос, и соработник м-р Владимир Таневски, кустос. Изложбата ќе биде отворена до 31.7.2025 година.а колекцијата на Националната галерија во период од 10 години и е всушност прва изложба од овој тип во рамките на активностите на галеријата. Претставувањето на аквизициите и донациите е редовна пракса во светските музеи, со што се постигнува поголема видливост на колекциите, запознавањето на јавноста со делата и авторите, со што секако се допира и едукативниот сегмент на презентацијата.
Притоа, една од потребите за реализација на ваков проект и вид на презентирање е содржана во основата на визијата и мисијата на музејското работење – собирање, чување, истражување, заштита, презентација и публикација на музејскиот материјал. Музеите како чувари на културното богатство на делата прибавени по пат на откупи и добиени како подароци од авторите, се воедно и рефлексија на тековната уметничка практика, и од своја страна ги потенцира приоритетите и значењето на колекциите преку, се надеваме, континуирани откупи од страна на државните фондови и селекција од страна на стручни лица. Заради обемот на дела прибавени во последните 10 години, а изложбата ќе биде претставен селектиран избор на дела.
Како издвоен дел од оваа селекција, ќе бидат изложени и уметнички слики од легатот на Лазар Личеноски, кој зад себе остави големо наследство, движно и недвижно. Од 2015 година по желба на неговата сопруга Зое, куќата на Лазар Личеноски (изградена во 1961 година, по план на славниот македонски архитект Славко Брезоски) станува сопственост на Националната галерија, и врз неа тековно се изведуваат конзерваторско-реставраторски зафати. Со тоа и значителен легат на Личеноски кој содржи е 122 слики, 37 мозаици и 5 зграфита, дела на Личеноски, како и 77 дела од други автори, 21 икона (XVIII – XIX век) и голем број етнолошки, библиотечен и архивски материјал е предаден на Националната галерија.Кустос на изложбата е Маја Чанкуловска-Михајловска, виш кустос, и соработник м-р Владимир Таневски, кустос. Изложбата ќе биде отворена до 31.7.2025 година.