И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на рускиот претседател Владимир Путин.
По инструкции на Министерството за надворешни работи, амбасадорот на земјава во Руската Федерација, Ненад Колев, не присуствуваше на денешната церемонија во Москва, со што Северна Македонија им се придружи на САД и повеќето членки на ЕУ кои решија да ја бојкотираат инаугурацијата, пренесе 360 степени. Рускиот претседател Владимир Путин денеска положи заклетва за нов шестгодишен мандат, кој е петти негов откако дојде на власт во 2000 година. Во краткиот инаугуративен говор, тој не ја исклучи можноста за дијалог со Западот, но, како што наведе, тој треба да биде под рамноправни услови. На свечената церемонијата Путин, се заколна дека ќе ги почитува и брани Уставот и законите. Јулија Навална, вдовицата на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, денеска по повод инаугурацијата на Владимир Путин за претседател на Русија изјави дека неговиот режим се заснова на лаги и корупција и дека мора да му дојде крајот. Taa го нарече Путин, лажно, крадец и убиец.