Општинскиот градежен инспектор води постапка за бесправно изграден објект кој се наоѓа спроти поранешна американска амбасада или популарно, како што граѓаните попознато го знаат како клуб „АБЦ“.
Општина Карпош преку ова јавно известување апелира до сите надлежни институции — Пазарната инспекција, Управата за јавни приходи, Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување и други релевантни органи — итно да постапат во рамки на своите надлежности. Се работи за објект кој е безбедносен ризик и не ги исполнува законските минимум стандарди за организирање јавни настани. Со ваквото однесување се загрозуваат животите на посетителите, како и на самите изведувачи.
Дополнително, Општина Карпош ја изразува својата зачуденост што и покрај неодамнешните трагични случувања во Кочани, одредени музичари прифаќаат да настапуваат во објекти кои се небезбедни и бесправно изградени. Ваквиот однос е неодговорен и спротивен на етичките норми за заштита на јавната безбедност. Општината ќе продолжи со сите законски мерки за решавање на овој случај и повторно апелира за заедничка институционална акција со цел заштита на граѓаните