Фондот за здравство годинава ќе покрие операции за 40 пациенти со прекумерна дебелина (обезност) кои што имаат индикација за операција. Ова го тврди директорот на Клиниката за дигестивна хирургија доктор Огнен Костовски. Денеска се одбележува Светскиот ден на дебелината. Најдебелиот пациент во Македонија има 288 килограми, според информациите на доктор Ирфан Агмети од Научното здружение за обезност.
-Пациентот ни кажа дека случајно паднал и се повредил, по што се загрижил и почнал да ја лекува дебелината. Секогаш мора да има мотивација кај пациентот да го посети Центарот за менаџирање на обезност. Таму работи тим кој работи на пријателско интервјуирање со пациентот за тој да сфати дека сме посветени. Сакаме да имаме успех да ја намали телесната тежина. Вклучена е лабораторијата, поставување на други дијагнози што се поврзани со ова. Многу е важно да се направи вистинска селекција и да дојдат вистинските пациенти, рече доктор Ахмети.
View this post on Instagram