Во Битола и во Берово утрово било најстудено, со температури од -4 степени, додека најдотпло било во Гевгелија, каде што температурата изнесувала +4 степени, сооптија од УХМР. Во Прилеп минималната температура била -3, додека -2 степени целзиусови се измерени во Тетово, Штип, Кавадарци и Охрид. Во Лазарополе и Крива Паланка минималната температура е -1 , во Струмица, Куманово, Дебар, Претор, Демир Капија е 0, во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес 1, во Попова Шапка 2 и во Виница и Крушево се измерени 3 степени целзиусови.
Најмногу снег, според УХРМ, има во Попова Шапка – 38 сантиметри, потоа Маврови Анови – 29, во Крушево – 11 и во Битола – 9. Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а по котлините со магла и ниска облачност. Долж Повардарието ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14 степени. Во Скопје променливо облачно и тивко, претпладне со магла. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.