Најмалку 20 луѓе, а речиси 6.500 се повредени во Иран за време на прославите за огнениот фестивал „Чахаршанбе Сури“, соопштија денеска иранските власти, пренесуваат светските медиуми. И покрај предупредувањата од полициската управа во Техеран дека ќе користи беспилотни летала за следење на употребата на пиротехника и експлозиви од домашно производство, забележани се неколку смртни случаи поради употреба на такви материјали за време на прославата. Иранската итна медицинска помош соопшти дека 21 смртен случај и 6.419 повредени се регистрирани низ целата земја, од кои 18 се во критична состојба.
Најголем број повредени се забележани во Техеран и провинциите Источен Азербејџан и Западен Азербејџан. Скокањето низ оган и активирањето рачно изработени експлозиви во Иран, кој го следи календарот на Сончевиот Хиџри, систем заснован на движењето на сонцето, фестивалот „Чахаршанбе Сури“ се слави последната среда навечер пред Новруз, персиската Нова година, и тој го означува доаѓањето на пролетта. Популарна меѓу децата и младите, прославата вклучува скокање низ оган, активирање огномет и пиротехника и употреба на рачно изработени експлозиви, кои често предизвикуваат сериозни несреќи.