Најмалку 23 лица, меѓу кои жени и деца, се убиени рано утринава во израелски напади врз кампови во кои се сместени раселените семејства во северниот и јужниот дел на Појасот Газа, соопшти палестинското Министерство за здравство.
Сите тела изгореле како последица на пожарите што избувнале во шаторите по бомбардирањето, соопшти Министерството за здравство, пренесува новинската агенција ВАФА. Во северниот дел на Газа, шест членови на исто семејство беа убиени додека спиеле во својот шатор во градот Беит Лахиа.