Најмалку 34 загинати, меѓу кои и 2 деца е досегашниот епилог од нападот со балистички ракети врз украинскиот град Суми што се случи утринава на Цветници. Бројот на повредени е најмалку 117 лица, а меѓу повредените има 15 деца. Во нападот погоден беше тролејбус со балистички ракети „Искандер М“. Ова е еден од најсмртоносните руски напади врз Украина годинава. Украинскиот претседател Володимир Зеленски по повод трагедијата истакна дека мирот без притисок врз агресорот е невозможна мисија.
Без притисок врз агресорот, мир не е можен. Разговорите никогаш не ги запреа балистичките ракети и авионските бомби. Русија треба да се третира како што заслужуваат терористите. Рускиот напад погоди во срцето на Суми, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето до нацијата вечерва.
Тој додаде дека меѓу ранетите во рускиот напад има и девојче кое е родено оваа година.