Претседателката Гордана Сиљановска Давкова запрашана како ја коментира најновата бугарска резолуција рече дека таа е „навредлива“.
„Навредлива е најновата резолуција на Бугарија, бидејќи уште на стартот се оневозможува заедничкото чекорење низ дијалот. Суштина на преамбулата во договорот за доброседство е да си помагаме низ разбирање. Не е во ред. Во некоја друга држава би следувала иста таква декларација во Парламентот. Немало државник со кого не сум седела а не сум му ги објаснила нашите позиции, но не низ призма на нашиот Устав туку низ призма на нивните уставни документи. Ако не се почитуваат тие, не може ЕУ да биде филозофија, бидејќи нема ЕУ без почитување на принципи и вредности. Без нив ЕУ не е заедница, туку е политичка и демократска машинерија. Тоа не треба да биде ЕУ“, одговори Сиљановска Давкова на новинарско прашање.