Кучето Крипто што го има во филмот е сакан лик што фигурира во првите и новите стрипови на Супермен но не и во изданијата измеѓу. Приказната е дека кучето е пратено од таткото и мајката на Супермен од планетата Криптон на Земјата во вселенско летало. Најновиот филм за најпознатиот суперхерој „Супермен“ доаѓа на 11 јули во кино салите ширум светот. Режисерот на филмот е Џејмс Ган којшто е познат како режисер на на Марвел франшизата “Чувари на Галаксијата” пред три години постана извршен режисер на „DC Studios“. Како извршен директор дополнително беше режисер за неколку серии и анимирани филмови, но најголемиот проект сега му е филмот за „Супермен“ чиј слоган е “Погледни нагоре”.
Најновиот знак на градите на Супермен е комбинација од повеќе стрипови и филмови за суперхеројот затоа и не изгледа „класично како што го знаеме“. Дополнително неговиот костум е целосно инспириран од стриповите, спесифично првите изгледи на херојот. Испадна дека најновиот актер Дејвид Корсвелт кој што потсетува на Хенри Кавел – глуми подобар Кларк Кент и од Кавел но тоа само затоа што Кавел беше премногу развиен и крупен. Кучето Крипто што го има во филмот е сакан лик што фигурира во првите и новите стрипови на Супермен но не и во изданијата измеѓу. Приказната е дека кучето е пратено од таткото и мајката на Супермен од планетата Криптон на Земјата во вселенско летало. Секако ова е референца за Кучето Лајка од реалниот свет кое било соочено со страшна судбина. Џејмс Ган и во филмската франшиза на „Чувари на Галасијата“ го има внесено интелигентното куче Козмо. Вели дека изгледот на крипто го базирал на своето сопствено домашно милениче. CGI елементите се импресивни во филмот и се применети и на изгледот и движењата на Крипто.
Покрај обрнатото внимание на заштита на животните, Џејмс Ган го обработува и односот кон Вештачка Интелигенција во трејлерот. Тоа се гледа кога Супермен е спасен од страна на Крипто и неговите роботи во сопствената база на Супермен „Тврдината на Самотијата“ на Северниот Пол. Иако самите роботи тврдат дека немаат свест и емоции – на што супермен се смешка, се појавува робот презентиран како женски лик наречена “Број 12” која има изразени емоции. Според наративот целата технологија е од неговата капсула а учител му е дигитален конструкт на неговиот татко од Криптон Џор Ел, кој го има научено Супермен да ја користи технологијата. “Респектот кон ВИ” како живи битија е интересна појава во филмот, наменета помладата публика да биде фина меѓу себе во другарствата. Музиката во филмот е варијација на оригиналнта музика од филмовите со Кристофер Рив компонирана од Џон Вилијамс, но овојпат видоизменета од композиторот Џон Мурфи и во верзија со електрични гитари со дисторзија. Извор: Новинска агенција МЕТА