4.8 C
Скопје
23/02/2025 20:56
МАКТЕЛ

    

Најскапа е водата во Кочани, најевтина во Боговиње: Земјава годишно губи 146 милиони кубици вода за пиење

      

Земјата годишно губи 146 милиони кубици вода за пиење. Скоро половина од водните претпријатија работат со финансиска загуба, а кај најголем дел од нив и загубата на вода е поголема од 40 отсто, се наведива во истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.Како што соопштија од Центарот во земјава има 67 снабдувачи со вода за пиење и секој наплаќа различна цена за својата услуга. Најголем дел од нив имаат различни цени за „домаќинствата“ и за „останатите потрошувачи“, односно правните лица, фирми или институции. Според истражувањето за цените и потрошувачката во земјава, најниска цена за потрошената вода плаќаат жителите на Боговиње, само 7,5 денари за потрошен кубик, а највисока цена плаќаат жителите на Кочани – дури 48,79 денари за кубик, што е за 6,5 пати повеќе. Просечната цена на кубик вода за пиење во земјава е 27,49 денари. Инаку, домаќинствата од Маврово плаќаат само 2,6 денари за кубик, но и 210 денари фиксен месечен надоместок, поради што не се први на листата со најниска цена.

Истражувањето покажува дека првите пет општини со најниски цени за водата за пиење се Боговиње, Теарце, Желино, Врапчиште и Росоман. Додека најскапа вода плаќаат четири општини од источниот регион, Кочани, Делчево, Пробиштип и Берово, како и Свети Николе. За правните лица, цената за кубик вода е најниска за потрошувачите во Желино, 13,42 денари, додека убедливо најскапа е водата за скопските фирми, дури 68,10 денари за кубик. Останати потрошувачи, просечно плаќаат по 45,25 денари за кубик вода за пиење, што е дури 65 отсто повеќе од домаќинствата.

   

Правните лица во Желино, Теарце, Боговиње,Тетово и Кривогаштани плаќаат најниска цена, а највисока цена за водата за пиење покрај Скопје, плаќаат и Делчево, Берово, Старо Нагоричане и Велес. Додека во Старо Нагоричане плус се плаќа и фиксен надомест од 87 денари на секоја месечна сметка за вода за пиење, се наведува во истражувањето.
Во земјава вкупно има 667.076 регистрирани потрошувачи домаќинства и 41.632 останати потрошувачи, односно правни лица. Град со најголем број регистрирани домаќинства е Скопје кои има 271 илјада домакиства. Охрид има над 30 илјади регистрирани домаќинства,а Прилеп има над 20 илјади. Останатите градови имаат помалку од 20 илјади домаќинства.

Скопје има регистрирани десет илјади правни лица кои се потрошувачи на вода за пиење. Во Тетово и Битола има повеќе од три илјади потрошувачи, а Куманово има околу три илјади. Охрид и Прилеп имаат околу два илјади останати потрошувачи, а помеѓу илјада и илјада и 500 имаат Струмица, Струга, Кавадарци и Штип.
Како што се вели во соопштението фирмите просечно трошат 194 отсто повеќе вода отколку домаќинствата. Просечната месечна потрошувачка на вода за домаќинствата изнесува 12,02 кубни метри вода, додека кај фирмите потрошувачката е скоро тројно поголема, односно 35,37 кубни метри вода.

Просечно најмалку вода на месечо ниво трошат трошат домаќинствата во Старо Нагоричане, само по 2,4 кубици, а со мала потрошувачка, пониска од седум кубици месечно се и Ранковце, Охрид, Чашка и Карбинци,а најмногу вода месечно трошат домаќинствата во Маврово и Теарце, со по 70 кубици месечно, како и Боговиње со 40 кубици месечно. Сите други домаќинства во земјава просечно трошат по помалку од 25 кубици вода месечно.

Кога станува збор за правните лица, според истражувањето на Центарот, просечно најмала потрошувачка има во Старо Нагоричане каде фирмите месечно трошат само по 1,6 кубици, а со потрошувачка под десет кубици месечно се и Кривогаштани, Демир Хисар, Зелениково и Ново Село. Спротивно, најмногу вода за пиење месечно трошат фирмите во Демир Капија, по 142 кубици, а со многу висока потрошувачка од над 90 кубици месечно се и фирмите во Илинден, Скопје, Маврово и Велес.

Цената во градовите кои имаа над 40.000 жители просечно изнесува 31 денар за кубик. Дури во девет од 11 големи градови цената на водата се движи од 29 до 39 денари за кубик. Исклучок се Тетово и Гостивар, каде цената на водата е 16, односно 17 денари за кубик. Скопје е околу просекот, и цената изнесува 32 денари за кубик.
За правните лица потрошувачи на вода за пиење, во поголемите градови, просечната цена изнесува околу 54 денари за кубик. Поединечните цени на десет од 11 градови се движат од 42 до 68 денари, со исклучок на Тетово каде цената на водата за правните лица изнесува 25,5 денари за кубик. Најскапа вода за фирмите има во Скопје, 68,10 денари.

Нависоки и најниски цени вода за пиење правни лица
Просечната потрошувачка на вода за пиење, меѓу големите градови е околу десет кубици месечно по домаќинство. Во Охрид просечно се троши по околу шест кубици, додека во Тетово по повеќе од 13 кубици месечно. Просечната потрошувачка на вода за пиење во Скопје е нешто помалку од девет кубици.

Правните лица во големите градови, пак, просечно трошат дури 4,5 пати повеќе вода од домаќинствата, односно по 45 кубици месечно. Најмалку вода трошат фирмите во Тетово, по 15 кубици, а најмногу фирмите во Скопје, по 99 кубици месечно.
Како што соопшти ЦГК во земјава годишното производство на вода е 245 милиони кубни метри вода, а од неа се губат повеќе од половина, односно околу 60 проценти или 146 милиони кубни метри вода. Најмногу вода за пиење се губи во Скопје, и тоа дури 63 милиони кубни метри годишно. Ова е 43 отсто од целата загубена вода во земјава. Исто така многу вода се губи и во градовите Гостивар, Тетово и Кичево. Најрационални во овој однос, односно со најмали апсолутни загуби на вода за пиење се Могила, Желино, Чашка, Конче и Старо Нагоричане.

Загуби на вода за пиење
Најголема загуба, од повеќе од еден милион евра има кочанското претпријатие, што е точно една четвртина од вкупните загуби на овие претпријатија. Со поголеми загуби се и водоводните претпријатија на Велес, Битола, Скопје и Струга. Кај 72 отсто од претпријатијата со финансиска загуба, загубите на вода за пиење се поголеми од 40 проценти, се наведува во истражувањето.

  

Најново

(ВИДЕО) Тревога во Рим: Дојава за бомба во американски патнички авион со 285 патници

Sase Ivanovski

Човекот од доверба на Путин, Кирил Дмитриев, официјално именуван за „врска“ со Америка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Чаир – се судрија четири возила

Sase Ivanovski

(ФОТО) Заврши Берлинале 2025: Норвешкиот филм „Соништа“ ја освои „Златната мечка“ за надобар филм

Sase Ivanovski

Папата и натаму е во критична состојба, почнале да му откажуваат бубрезите

Sase Ivanovski

Ако ЦДУ соработува со левицата, брзо ќе има избори и ќе ја престигнеме, вели лидерката на АфД

Sase Ivanovski

Мерц прогласи победа: Брзо да се формира одржлива влада, светот нема да нè чека

Sase Ivanovski

Шолц го призна поразот: Ова е горчлив резултат

Sase Ivanovski

„Само интервју“ – стотици реакции: ЗНМ бара да сопре етикетирањето на новинарите

Sase Ivanovski

Германија денеска на историски избори

Sase Ivanovski

Машина за тестирање дали броилата за струја се прецизни, стоела во подрум на Бирото за метрологија

Sase Ivanovski

Маск им нареди на федералните работници да објаснат што сработиле или во спротивно ќе добијат отказ

Sase Ivanovski

Најмасовен напад на Русија врз Украина од почетокот на војната

Sase Ivanovski

Општина Центар и Црвен крст ќе обезбедат итна помош за повозрасните граѓани

Sase Ivanovski

Мицкоски го демантира Меџити за вработувањето 3.000 Албанци во администрацијата

Sase Ivanovski

Хамас ја осуди одлуката на Израел да го одложи ослободувањето на затворениците, негира дека церемонијата за предавање е понижувачка

Sase Ivanovski

Се реконструира Домот на култура во Гази Баба

Sase Ivanovski

Новиот шеф на ФБИ Пател до вработените: Игнорирајте го мејлот на Маск

Sase Ivanovski

Загадениот воздух е поопасен отколку што мислевме, вели нова студија

Sase Ivanovski

Функционер на Трамп: Зеленски прифати – вредните украински минерали за воената поддршка од САД

Sase Ivanovski

НАТО и ЕУФОР се на нозе во Босна, ќе спречуваат можни немири ако Додик биде осуден

Sase Ivanovski

ПОГРЕБАН УБИЕНИОТ ЛИДЕР НА ХЕЗБОЛАХ, ХАСАН НАСРАЛА Говорниците порачаа дека нема да дозволат САД да го контролира Либан

Sase Ivanovski

Инспектори затекле запалена дива депонија во Сарај

Sase Ivanovski

“Ја отфрлив онаа карикатура што ја создадов“ – Памела Андерсон одговара на прашањата на Јанис Варуфакис, Лиам Нисон, Џеф Кунс….

Sase Ivanovski

Сузан Хејвуд: Имав 6 години кога татко ми реши да пловиме низ светот. Би бил заробен на тој брод скоро една деценија.

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА СИ ГО ТРАСИРА ПАТОТ БЕЗ ДА БАРА ПАТОКАЗ Овојпат како фактор, а не како случаен минувач!

Sase Ivanovski

ВЕНС ЈА ГОВОРИ ВИСТИНАТА, ТРЕБА ДА ЈА ПОЧИТУВАМЕ Мицкоски тврди дека ова е новиот светски тренд

Sase Ivanovski

Меџити: Коалицијата со СДСМ на Заев во 2017 беше добра стратешка одлука

Sase Ivanovski

Семејно насилство во Штип: Свекор заврши со лисици на рацете, ја претепал снаата

Sase Ivanovski

Мицкоски за Коцевски: Процедурата е тргната, нема сопирање

Sase Ivanovski

„8 Септември“ ќе се реконструира со 12 милиони евра

Sase Ivanovski

Почина осуденик откако бил донесен во штипската клиника со знаци на труење

Sase Ivanovski

Зеленски: Подготвен сум да се повлечам ако тоа значи мир за Украина

Sase Ivanovski

ТРТБалкан: Со колку проценти храната учествува во вкупниот увоз на стоки во земјите од регионот?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Цел свет виде дека една соседна земја сака да не враќа во 12 век

Sase Ivanovski

Дали засилените полициски контроли ќе ги освестат возачите?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Гледајте Код на Телма: Некои во притвор, некои со кривични пријави, но сите добиваат илјадници евра отпремнина од државната енергетска компанија ЕСМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тема на денот на Сител-Гостин, Бојан Кордалов: Дали ни треба дебата за грбот и химната?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Бравиа Кујна Скопје – Домашна храна направена со љубов

Sase Ivanovski

Општина Чаир: Претставуваме големи инфраструктурни проекти за подобрување на животот во Старо Чаир

Sase Ivanovski

ВЛЕН:Време е за ветинг на Муса Џафери – човекот сенка на Али Ахмети, најдобриот пријател на Сашо Мијалков!

Sase Ivanovski

Папата испрати порака од болница

Sase Ivanovski

Почина 21-годишен осуденик, имал знаци на труење

Sase Ivanovski

Лидерката на АфД, Алис Вајдел: „Не сум квир, но сум во брак со жена“

Sase Ivanovski

Мицкоски за настанот на републиканците: Први го запоседнуваме теренот за да ја кажеме “вистинската вистина”

Sase Ivanovski

Норовирус на луксузен брод за крстарење кај Белгија: „Патниците паѓаа како муви

Sase Ivanovski

Џон Крејс: Трамп со последните делузии се надмина (дури и) самиот себеси

Sase Ivanovski

Додека јас сум премиер, нема да се случи тоа што го зборува Меџити, вели Мицкоски

Sase Ivanovski

Мелони: Европа е далеку од изгубена

Sase Ivanovski

Голем руски напад со дронови на Украина

Sase Ivanovski

Путин: Нашиот пат кон зајакнување на вооружените сили останува непроменет

Sase Ivanovski

Мицкоски: Преку пркос да ја покажеме вистината за Македонија низ светот

Sase Ivanovski

Детектор: Средна оценка 2.5 за владеењето на правото во Македонија

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, СДС е партијата која ја ограби државата, глуми морален судија!

Sase Ivanovski

МОЕПП: Каналот и детската градинка во Хасанбег стануваат реалност!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ упорно ја игра улогата на вазали на ДУИ, лаејќи наместо Ахмети и Груби, но џабе – памет не им доаѓа 

Sase Ivanovski

СДСМ: Очајните спинови за Ордановски, нема да го покријат скандалот со вработувањата на Меџити

Sase Ivanovski

СДСМ: Меџити спроведува робусна партизација со 3.000 партиски кадри а Мицкоски молчи

Sase Ivanovski

ВЛЕН: Доброто владеење има име ВЛЕН, 1.000 производи по поевтини цени

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче јавно да се оградат и да го осудат говорот на омраза на Сашо Орданоски кон САД и претседателот Трамп

Sase Ivanovski

Герасимовски: Бесплатни стоматолошки прегледи, домашна нега и итна помош 24/7 за пензионерите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: На повидок е корупциски скандал во Владата, дали Меџити барал мито?

Sase Ivanovski

Мицковски ги отфрли најавите на Меџити за партиски и етнички вработувања

Sase Ivanovski

Мицковски за евроинтеграцискиот пат: Мора да кажуваме која е нашата фрустрација и болка

Sase Ivanovski

Кремљ: Разговорите меѓу Путин и Трамп влеваат надеж

Sase Ivanovski

На депонија во село во општина Новаци пронајдена неексплодирана граната од Првата светска војна

Sase Ivanovski

Легендарниот Фил Колинс со тажна исповед: „За мене е крај. Многу сум болен“

Sase Ivanovski

Населби од две скопски општини утре ќе останат без струја

Sase Ivanovski

Тешка сообраќајна несреќа во Скопје, една жена со сериозни повреди заврши во болница

Sase Ivanovski

Божиновска: Завршува ерата на неточни броила

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Живковски: Дигитализацијата останува приоритет, со апликација граѓаните во реално време можат да го следат статусот на своите предмети

Sase Ivanovski

Мицкоски: По три децении започна реконструкцијата на Домот на култура „11 Октомври“ во Ченто

Sase Ivanovski

Од Дебар до Тирана ќе се вози еден час, наредниот месец ќе биде пуштен во употреба тунелот Муриз

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Андоновски: Целта е смарт-Македонија која со својот ИТ-кадар успева да се развие и да стане дигитално трансформирана држава

Sase Ivanovski

СДСМ: За робустниот скандал на Меџити со вработување на 3.000 партиски војници мора да има одговорност

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Симов: Дигиталната трансформација е неопходна за брз економски раст и развој, а во Македонија веќе интензивно се работи на дигитализација

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Очајните спинови на ДПМНЕ за Ордановски, нема да го покријат скандалот со вработувањата на Меџити

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Гробари ја демолираа Маракана

Sase Ivanovski

Илон Маск има намера да стане татко на стотици деца

Sase Ivanovski

Данска ќе го брани Гренланд по секоја цена, ќе го зголемат буџетот за воена одбрана за 70%

Sase Ivanovski
Вчитувам....