Клиничката болница „Аџибадем Систина“ нуди можност за брзо, безболно и ефикасно решение на здравствениот и естетски проблем кај пациентите со проширени вени.
Преку минимално инвазивен пристап со примена на радиофреквентна аблација или со хируршки ласер, пациентите имаат можност да ја решат причината што доведува до венска слабост и проширување на вените. Третманот го изведува високообучен тим, предводен од проф. д-р Андреја Арсовски, кој зад себе има 16-годишно искуство во оваа област и илјадници задоволни пациенти.