19.8 C
Скопје
20/06/2025 04:09
МАКТЕЛ

   

Најтивката ноќ во годината и дарбата за дарување

      

Навистина нема потивка ноќ во годината од Бадниковата. Ноќта спроти празникот на Раѓањето Христово на германски се вика „Heiligabend“, што значи „Света ноќ“. Вчера не само западните христијани, но и многу православни, го прославија Бадник. Кога попладнето на тој ден ќе се затворат сите продавници. Кога дури и тие кои во последен миг беа тргнале во потрага по последниот, можеби најважен подарок, ќе се приберат дома. Кога врз блескаво украсените улици, дворови, градини и куќи уште во раното попладне ќе почне да се спушта зимскиот самрак, зашто само два дена пред Бадник е најкусиот ден и најдолгата ноќ. Тогаш секоја година бдеам да го почувствувам мигот кога една чудесна тихост и спокој се спушта како благ превез врз  целиот свет. И мракот почнува да блеска со небаре неземски блесок, пишува Кица Колбе во колумна за Дојче веле.

Навистина нема потивка ноќ во годината од Бадниковата. Ноќта спроти празникот на Раѓањето Христово на германски се вика „Heiligabend“, што значи „Света ноќ“. Иако четирите недели пред Божик отсекогаш е  времето кога продавниците во центарот се преполни, а во нив гласно одекнуваат комерцијалните божикни хитови, во самракот на Бадник како за миг да е заборавен сиот стрес, сите потраги низ продавниците  по вистинските подароци. Додека во предбожикните недели сѐ се случува во продавниците, на божиќните панаѓури, во рестораните, кога наближува ноќта на Бадник, сиот свет се повлекува во приватност и замолкнатост нанадвор – во домот. Тогаш дури и најскептичните во тихоста на Бадник ја насетуваат близината на тајната на таа единствена ноќ во годината. И така е за човештвото со векови!

   

Тајната на Бадник во германскиоте фамилии е ритуалот на дарувањето, што е најсвечениот, но и најрадосниот чин. Во големата фамилија на мажот ми, свекрва ми беше „церемонијал-мајсторот“ на Бадник. Кусо откако ќе стигнеа во куќата сите членови на фамилијата, почнуваше божикната вечера, на која порано традиционално имаше крап и колбаси од телешко месо во сос со суво грозје. Последниве беа специјалитетот од Шлезија кој постарите членови во фамилијата ги поврзуваше со напуштената татковина. Подоцна крапот го замени  говедското печено со сос или гулашот од месо на елен. По вечерата родителите незабележливо за децата исчезнуваа некаде, а останатите правеа сѐда спречат децата да заталкаат во полумаркот на дневната соба, во која светеше само елката. Откако родителите, скришно од децата, ќе ги положеа  подароците под елката, свекрва ми  ќе заѕвонеше со ѕвончето. Во последните четири децении тоа беше ѕвончето кое таа и свекор ми го беа купиле во Израел, а по нејзината смрт  пред две години го наследивме ние. Тогаш сите се собираа во дневната, околу елката, при што прво речиси половина час во хор се пееја сите познати божикни песни. Потоа следеше  дарувањето! Го започнуваа најстарите, свекор ми и свекрва ми, а потоа следеа тетките. Дури дојдеа сите  во големата фамилија на ред да ги врачат  подароците за секој член, од најмалите до најстарите, веќе  веќе се ближеше полноќ.

Дневната за миг се преобразуваше во волшебен простор на детските играчки, затоа што тие мораше веднаш да се испробаат. Кусо пред полноќ, најревносните одеа на полноќната служба во најблиската црква, а тие што остануваа дома долго во ноќта седеа заедно, раскажувајќи  ги најинтересните случки за минатите божикни прослави. Секако, желбите за подароците на Бадник,  не само за децата, денес се во голема мера „диктирани“ од тоа што го нуди конзумот. Сепак, тоа не успева да ја изгони длабоката смисла на дарувањето, но и радоста на дарителите и на даруваните. Се разбира, не е исклучено некој да добие подарок што нема да го „усреќи“. Впрочем, сѐ зависи од фантазијата на тој што дарува, да го открие тоа што даруваниот си го посакува. Тоа значи, кога вистински се дарува, тогаш ние се забораваме себеси и се „внесуваме“ во вкусот, карактерот, односно, во желбите и интересите на даруваниот. Секако, за тоа не се сите способни.  Уште во „Минима Моралиа“ Т.В. Адорно пишува во афоризмот бр. 21, „Umtausch nicht gestattet“ („замената  не е дозволена“) дека „луѓето се одучуваат да даруваат“. За него, пак, дарувањето му противречи на „принципот на размената“ врз кој се темели целата економија. „Минима Моралиа“ Адорно ја пишуваше во егзилот во Америка, каде го запозна одблизу модерниот конзум, кој во голема мера го  формира и односот на луѓето кон подароците.

Напротив, „вистинското дарување  ја наоѓа својата среќата во замислата за среќата на даруваниот“, потсетува Адорно, и продолжува дека „тоа значи дека треба да се избира, да се вложи време, да се  трага, да се мисли другиот како субјект: што е спротивност на расеаноста. „Уште пред 71 година, кога беше објавена книгата, Адорно знаеше дека ретко кој бил способен за тоа. „Во најдобриот случај  луѓето го подаруваат тоа што самите си го поскуваат, само една нијанса полошо“, истакнува тој. Овој суд за невнимателното дарување е и денес актуелен. Адорно знае дека со оглед на изобилството од стоки кои се пристапни дури и за сиромашните, одумирањето на дарбата за дарување би можела да наиде на рамнодушност, а  размислувањето за неа  да прозвучи сентиментално. Сепак, тој е уверен дека дури и кога би се поверувало дека дарувањето во општеството на изобилството би станало  непотребно, тоа би било лага, затоа што  „немало човек за кого фантазијата не би можела да го најде подарокот што ќе го направи пресреќен“. Затоа иронично забележува дека  „да бидат дарувани најмногу имаат потреба тие кои самите не даруваат“.

Затоа што кај тие луѓе одумира таа „незаменлива спососбност“ која  „може да вирее само во допирот со топлината  на предметите“. Тие што не се способни да даруваат, ги заробува сопствената студеност. Меѓутоа, „секој искрен однос, дури можеби најпомирливото  во самиот органски живот е дарување“, потсетува Адорно. Во дарбата вистински да се дарува другиот заради неговата среќа, која станува среќата и на тој што дарува, се состои тајната на „месијанскиот копнеж“ за кој често пишуваше Валтер Бенјамин.  Дарувањето  заради среќата на  даруваниот ја прекинува заробеноста на овој свет во законот на размена или заслужена, одработена  надница. Во вистинското дарување  другиот  не е даруван од заслуга, туку од љубов. Тој блесок на вистинското дарување го препознавам на секој Бадник во  радосниот поглед на децата.

   

Најново

Татко се онесвести кога дозна дека неговиот син е извлечен мртов од урнатините во Киев, бројот на загинати порасна на 23

Sase Ivanovski

Најубедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори наесен очекува вицепремиерот Николоски

Sase Ivanovski

Објавен е јавниот повик за набавка на 120-те еколошки автобуси од кои 80 ќе бидат наменети за Град Скопје, соопшти вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски

Sase Ivanovski

Кочани е во фокус на Владата од самиот почеток и ќе остане така, вели директорот на СОЗР Томовски

Sase Ivanovski

Најдоцна до почетокот на септември сите државни возила ќе добијат таблички во боја

Sase Ivanovski

Зеленски го назначи Генадиј Шаповалов за нов командант на украинските копнени сили

Sase Ivanovski

МВР доби пријава за инцидентот во општина Кочани во кој вработена беше удрена со шише вода

Sase Ivanovski

Трамп го напушти самитот Г7 предвреме поради Макрон и Зеленски, пишува „Фајненшл тајмс“

Sase Ivanovski

Владе Дивац повреден во сообраќајна несреќа во Црна Гора

Sase Ivanovski

ЗНАЧИ КОГА ЌЕ ТЕ ПОТЕРА МАЛЕР Силен земјотрес го погоди североисточен Иран

Sase Ivanovski

Макрадули: Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, има поделби

Sase Ivanovski

Иран бара од Советот за безбедност на ОН да ги осуди нападите на Израел

Sase Ivanovski

Димитров во „Вин-Вин“: Преспанскиот договор беше злоупотребен во политичкиот наратив дома и веројатно погрешно пласиран

Sase Ivanovski

Нетанјаху за војната со Иран: Го менуваме лицето на светот

Sase Ivanovski

Контролорите на летање најавуваат целосен штрајк: Македонското небо би можело да се затвори на 10 јули

Sase Ivanovski

Нов изглед на „Alexandria Premium Cuvée“ во јубилејната 140 година на „Тиквеш“

Sase Ivanovski

Мицкоски за можен влез на Тачи во Владата: Апсолутно се е можно, ама нема потреба

Sase Ivanovski

Захарова: Косово е дете на Западот и плод на агресијата на НАТО

Sase Ivanovski

Клековски: Сите трошоци за лекувањето на повредените во ,,Пулс” ќе бидат подмирени од Владата

Sase Ivanovski

Убиени се 84 цивили за еден ден во Газа

Sase Ivanovski

Мерц во телефонски разговор со Нетанјаху повика на умереност во кампањата на Израел против Иран

Sase Ivanovski

Израел го бомбардираше нуклеарниот реактор во Арак и нуклеарната постројка во Натанц

Sase Ivanovski

Унгарската полиција ја забрани Парадата на гордоста во Будимпешта, градоначалникот ветува дека ќе се одржи

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ Што се случува со некогаш големата СДС: Во Скопје лажни вести и некрофилија, во Кочани функционери на СДС делат тупаници

Sase Ivanovski

Бронзени бисти „магично“ снемуваат од гробиштата во Бутел

Sase Ivanovski

Мицкоски продолжува како расипана плоча, нема одговор на ниту едно прашање

Sase Ivanovski

Од Битола ќе започне одбележувањето на пет децении на сцената на култните ,,Леб и сол”!

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Обезбедени се дополнителни средства за исплата на зголемените пензии, инвестициите остануваат приоритет

Sase Ivanovski

Колку заработуваат сезонските работници во Хрватска и Црна Гора?

Sase Ivanovski

ТИЕ ШТО НЕМААТ ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ КРАДАТ ТУЃИ ПОДАТОЦИ Често има вакви измами кон Фондот за здравство

Sase Ivanovski

ИЗРАЕЛСКИ МИНИСТЕР СМРТНО МУ СЕ ЗАКАНИ НА АЈАТОЛАХОТ „Тој не смее да продолжи да постои“

Sase Ivanovski

Путин: Подготвен сум да разговарам со Зеленски, но тој нема легитимитет да потпише ништо

Sase Ivanovski

Додека реновирал во домот, кавадарчанец пронашол експлозив скриен во ѕидот!

Sase Ivanovski

СДСМ: Кој лаже за пругата, Мицкоски или Кочоска?

Sase Ivanovski

Мицкоски: По 7 години, денес се отвори етно-комплексот „Македонско село“

Sase Ivanovski

Мицкоски: Се реконструираат 15, а се градат 11 детски градинки за над 2600 дечиња

Sase Ivanovski

Мицкоски: Над 8 милијарди денари исплатени субвенции за земјоделците

Sase Ivanovski

ФОКУС: Власта има стабилно мнозинство, но и недостигаат 6 пратеници за Бадентер!

Sase Ivanovski

Нотарите бараат поскапи услуги поради зголемени трошоци и стари тарифи

Sase Ivanovski

Кој е советникот Акиов, кој тргна во физичка пресметка и повреди службеничка во Кочани?

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Повеќе пари за институциите кои имаат подобра реализација на капитални проекти

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Се подготвува еврообврзница за следната година

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: СДС го штити насилникот во Кочани од своите редови, тој и понатаму продолжува да биде нивен коалиционен партнер

Sase Ivanovski

Крстевски по инцидентот во Кочани: Преку опструкции партискиот интерес е ставен пред прогресот на Кочани

Sase Ivanovski

Се закануваат оние што правеа упад и тепаа, вели Мицкоски за најавите за штрајк од контролорите на летање

Sase Ivanovski

Сообраќајна незгода меѓу автомобил и службено возило на МВР, повредени полицајци

Sase Ivanovski

Ларс Ренмарк, од седумчлениот тим од Гетеборг, Шведска, кој престојуваше во Кочани, како психолошка и морална поддршка за семејствата на настраданите: Пожарот во „Пулс“ е екстремен тест за општеството, поседувате ресурси што треба да се искористат

Sase Ivanovski

Нов ирански ракетен напад врз Израел

Sase Ivanovski

Арсовска до градоначалникот на Чаир: Вики, не глуми, какво поткровје секој со очи гледа нова незаконска зграда дивоградба со 40 стана

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Во тепачката на седницата подебелиот крај го извлече вработена во општина Кочани. Интервенирала и полицијата

Sase Ivanovski

Зголемена стапката на морталитет, повеќе умираат мажите, најмногу во јануари, а најмалку во април

Sase Ivanovski

СЛОВЕНЕЧКИ ЕКСПЕРТ ЗА АМПУТАЦИИ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА Државата го најавува следниот чекор во третманот на повредените од пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

ДОНАЦИЈА ОД 1 МИЛИОН ЕВРА ОД СОВЕТ НА ЕВРОПА: Педесетина македонски училишта ќе добијат фотоволтаични систем

Sase Ivanovski

ЦУК: Поројните дождови без сериозни штети, поплавени неколку објекти во Арачиново

Sase Ivanovski

МАЛЕСКИ: Без „предавствата“ државата ќе колабира

Sase Ivanovski

ПОРАКА ОД МОСКВА И ПЕКИНГ ЗА ТРАМП Американски напад врз Иран ќе значи опасна ескалација

Sase Ivanovski

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ТРИЈАТ РАЦЕ Ќе има септемвриско покачување на пензиите

Sase Ivanovski

ВЛЕН до Арсовска: Дали бесправно изграден објект во Шутка му припаѓа на Илаз Лесковица – претседател на огранокот на ДУИ во Шуто Оризари

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Кочани е сардисано од опструкции, тврди градоначалникот

Sase Ivanovski

Пронајдено безживотно тело во Охридското Езеро

Sase Ivanovski

СДСМ: Го осудуваме насилството и сценаријата на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Кочани

Sase Ivanovski

Се зголемува цената на дизелот, бензините со иста цена

Sase Ivanovski

Усвоен ребалансот на буџетот, Владата ќе троши повеќе

Sase Ivanovski

Раководителот за урбанизам во Маврово Ростуше кој беше фатен како прима мито осуден на три години и четири месеци затвор

Sase Ivanovski

Мицкоски за „Салтировски Консалтинг“ упати на Љупчо Коцевски во чии раце е истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Во Кочани се одржува средба на родителите на жртвите во пожарот со обвинителите

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Тепачка на седница на советот на Кочани. Се степаа советникот Акиов и координаторот на ВМРО ДПМНЕ Стојков

Sase Ivanovski

Мицкоски: Се засилуваат притисоците од бугарска страна против усвојување на извештајот на Вајц

Sase Ivanovski

Министерот Тошковски на средба со директорката на Центарот за спречување конфликти на ОБСЕ во Европа, Кејт Фирон

Sase Ivanovski

Нападната вработена во основно училиште во Ѓорче Петров, жена фрлила стол и ја удрила

Sase Ivanovski

Газа: 18 убиени во израелско гранатирање во близина на пункт за дистрибуција на храна

Sase Ivanovski

Најмалку 25 загинати во иранските напади врз областа Тел Авив

Sase Ivanovski

Историска посета: Индискиот премиер Нарендра Моди пристигна во Загреб

Sase Ivanovski

Лице од Македонија прегазено од камион тежок 15.3 тони во Германија

Sase Ivanovski

ИСУСЕ ХРИСТЕ Бугарија се мобилизира против македонскиот идентитет и јазик

Sase Ivanovski

Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба, се третира од тешки инфекции на изгорениците

Sase Ivanovski

Камениот мост во село Зовиќ туристичка атракција во Мариово

Sase Ivanovski

Средба на министерот Тошковски со Золт Бунфорд, специјален пратеник на унгарскиот премиер за Западен Балкан

Sase Ivanovski

Мургашанска од СДСМ: Димитриевски ме тужи затоа што јавно го обелоденив неговиот криминал

Sase Ivanovski

Василевска: Пристапот кон европското семејство ќе се прави само врз основа на транспарентна и неоспорна одлука на граѓаните на Македонија

Sase Ivanovski
Вчитувам....