Германија ризикува да стане нефункционална држава на банкрот доколку не успее да се справи со енергетската криза и продолжи со неурамнотежена финансиска политика, изјави денеска потпретседателот на Бундестагот Волфганг Кубицки.- Ако продолжиме по тој пат и сакаме со години да даваме енергетска помош, тогаш би можеле да се соочиме со банкрот на државата, а не на државниот социјализам – изјави Кубицки за весникот „Билд ам зонтаг“.Тој посочи дека дополнителните пари што Германија сега планира да ги потроши за увоз на енергија од други региони освен Русија ќе бидат повлечени од други области, бидејќи вишокот не може да се реализира со печатење пари или да се покрие од даночните обврзници, пренесува РИА Новости.
– Многу луѓе имаат чувство дека Германија е на пат да стане нефункционална земја. Инфраструктурата, управувањето, цените на енергијата и неспособноста да ја одбрани својата земја – мораме да преземеме контрамерки, во спротивно работите може да тргнат наопаку – додаде Кубицки.Западните земји и нивните сојузници се соочуваат со високи цени на енергенсите по воведувањето на санкциите кон Русија поради воената операција во Украина на 24 февруари.Украинската криза и санкциите доведоа до прекин на синџирите на снабдување и скок на цените на енергијата ширум светот.