Израел лансираше ракети кон Либан, што резултираше со масовна експлоција во Бејрут; Хезболах го нападна северен Израел, со што беа оштетени шеесетина станови во Израел; а Хамас нападна град во близина на Тел Авив, при што беа повредени две лица -На годишнината на нападите на Хамас на 7 октомври врз Израел, кои ја провоцираа обемната офанзива на Израел врз Газа, се чини оти регионот е сè подалеку од мир.
Израел лансираше ракети кон Либан, што резултираше со масовна експлозија во Бејрут; Хезболах го нападна северен Израел, со што беа оштетени шеесетина станови во Израел; а Хамас нападна град во близина на Тел Авив, при што беа повредени две лица, пренесува Би-би-си. Во Израел се одржуваат спомени за жртвите на нападот на 7 октомври. Роднини на заложниците протестираат пред канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, барајќи да се спасат заложниците заробени од Хамас.
Истовремено, покрај воздушните напади, Израел прати дополнителни војници во јужен Либан. Новинарот Рушди Абалуф од Би-би-би вели дека по една година непрекинати напади врз Газа, буквално секој граѓанин на Појасот има поминато непоимливи болка и страдање.
Тој вели дека тие со коишто зборувал во суштина велат имаат една порака „да, живи сме, но не сме добро“. Нападите на Хезболах врз Израел резултираа и со повреди кај десет лица. Истовремено, израелските одбранени сили им наредија на жителите на северна Газа да се евакуираат.
Пишува: Борјан Гаговски, МЕТА.МК