На две мерни локации во општина Гази Баба поставени се мерни инструменти за мерење на концентрацијата на цврсти честички со големина од 2,5 микрометри, соопштија од Општината..
Оттаму велат дека мерењета ќе се спроведат во континиутет од 10 дена во зимскиот период. По завршување на мерењата ќе се изврши хемиска анализа на филтрите за да се утврдат изворите на загадување како би можело да се направи компарација на изворите на загадување на амбиентниот воздух во урбаната и руралната средина и да се предвидат соодветни мерки за подобрување на квалиетот на воздухот. Грижата за здрава животна средина ја продолжуваме во континуитет, велат од Гази Баба.