Гаврило Принцип (25 јули [с.с. 13 јули] 1894— 28 април 1918) — член на Млада Босна, југословенска организација која барала крај на австроунгарската власт во Босна и Херцеговина. Тој го убил надвојводата Франц Фердинанд на Австрија и неговата сопруга Софи Хотек во Сараево на 28 јуни 1914 година, продолжувајќи еден синџир на настани кои довеле до почетокот на Првата светска војна. Принцип и неговите соучесници биле уапсени, вмешувајќи го српското националистичко тајно друштво познато како Црна Рака, што довело Австроунгарија да издаде демарш на Србија познат како Јулски ултиматум. Ова се користело како изговор за австроунгарската инвазија на Србија, која потоа доведе до Првата светска војна.
View this post on Instagram