22.8 C
Скопје
19/06/2025 06:35
МАКТЕЛ

   

На денешен ден – 19 јуни: Роден е Илија Милчин, македонски актер, режисер, јазичар и преведувач

      

1566.- Роден е шкотскиот крал Џејмс Шести Стјуарт, кој како Џејмс Први од 1603 до неговата смрт во 1625 година прв владеел и со Шкотска и со Англија и бил прв Стјуарт на англискиот престол. По абдикацијата од шкотскиот престол на неговата мајка Марија Стјуарт во 1567 година кога имал само една година, бил прогласен за крал на Шкотска и таа титула ја носел се до својата смрт.

1623.- Роден е Блез Паскал, француски математичар, физичар, книжевник и филозоф. Конструирал математичка машина (аритмометар) која ги вршела четирите основни математички операции. Ги поставил основите на законот на веројатноста, ја измислил хидрауличната преса и утврдил дека притисокот на воздухот опаѓа со висината, така што со помош на барометар може да се утврди висината на планините. Умрел на 19 август 1662 година.

   

1819.- Американскиот параброд „Савана“ пристигнал во англиското пристаниште Ливерпул. Тоа бил првиот брод на водена пареа кој го помина Атлантикот.

1828.- Во Виена умрел Франц Петер Шуберт, австриски композитор, еден од најистакнатите претставници на музичкиот романтизам. Ги поставил темелите на поновата германска соло-песна, во класичните форми на симфонијата, сонатата и камерната музика внел лирска содржина, а го поттикнал и развојот на клавирските минијатури и ја збогатил хорската музика. Роден бил во Лихтентал до Виена, во 1797 година.

1834.- Во Париз е роден Едгар Дега, француски сликар, графичар и вајар. Се смета за еден од најголемите сликари на неговото време. Во почетокот бил реалист, а подоцна се доближил до импресионизмот, работејќи исклучиво фигури во ентериер. Бил виртуозен цртач, а особено го интересирала разновидноста на движењата. Познат е неговиот циклус цртежи и слики на балерини. Умрел во Париз, на 26 септември 1917 година.
Report Ad

1862.- Конгресот на САД донесол решение за укинување на ропството на својата територија.

1885.- Статуата на Слободата, француски подарок за Американците, пристигнал во Њујорк од Франција.

1906.- Роден е британскиот физиолог и биохемичар од руско потекло Ернст Борис Чејн, кој заедно со Александар Флеминг и Хауард Волтер Флори во 1945 година ја поделиле Нобеловата награда за медицина. Ги истражувал ензимите, инсулинот и антибиотиците (пеницилинот).

1918.- Во Прилеп е роден е Илија Милчин, македонски актер, режисер, јазичар и преведувач, почесен член на ДПМ. Завршил право на Софискиот универзитет во 1942 година. Во периодот од 1944 до 1947 година работел како драматург, а потоа како актер и режисер во Македонскиот народен театар во Скопје. Бил уметнички раководител и режисер на Обласниот македонски народен театар во Горна Џумаја, Пиринска Македонија (1947-1948). Од 1965 до 1968 година бил директор на Драмата на Македонскиот народен театар во Скопје. Неговиот преведувачки опус опфаќа голем број значајни дела од руски, хрватски, бугарски и француски автори. Добитник е на наградите: „11 Октомври“, „Кирил Пејчиновиќ“, „Јован Стерија Поповиќ“, „13 Ноември“, „Војдан Чернодрински“. Остварил значајни улоги во филмовите: „Мис Стон“, „Мирно лето“, „Македонска крвава свадба“, „Републиката во пламен“, „Македонскиот дел од пеколот“, „Црвениот коњ“, „Ангели на отпад“ и други.

1913.- Почнало Тиквешкото востание (траело седум дена) против српската власт која го окупирала овој дел на Македонија по повлекувањето на турската војска по Првата балканска војна. Македонските востаници ги ослободиле Кавадарци и Неготино, како и педесетина села од тој крај. Било крваво задушено. За време на востанието и при неговото задушување загинале или биле убиени повеќе од илјада души, а околу 2.700 биле затворени. Притоа биле изгорени околу илјада куќи и дуќани пред се во Кавадарци и во Неготино.

1937.- Умрел шкотскиот писател Џејмс Метју Бери, „таткото“ на Петар Пан. Пишувал главно драми и раскази. Дела: „Петар Пан“, „Убавиот Крајтон“, „Господска улица“.

1946.- Во Њујорк била одржана првата здравствена конференција на Обединетите нации на која претставниците на 61 држава ја прифатиле Декларацијата за правата на човекот и ја формирале Светската здравствена организација.

1953.- Во американскиот затвор „Синг-Синг“ била извршена смртна казна на електрична столица врз Џулиус Розенберг и неговата сопруга Етел. Двајцата биле обвинети за оддавање нуклеарни тајни на Советскиот Сојуз. И по бројните апели од сите страни на светот да им биде поштеден животот, смртната казна била извршена. Двајцата се прва брачна двојка погубена во САД.

1961.- Велика Британија му дала независност на шеикатот Кувајт, во Персискиот Залив, што бил под нејзин протекторат од 1899 година.

1970.- Советскиот вселенски брод „Сојуз – 9“ се вратил на Земјата, постигнувајќи нов рекорд во должина на престојот во вселената од 17 дена, 16 часа и 59 минути.

1993.- Во Фолмаут умрел Вилијам Голдинг, еден од најоригиналните повоени писатели во Велика Британија. Негови најпознати дела се романите „Ритуалите на патувањето“ и „Господарот на мувите“. Во 1980 година ја добил Нобеловата награда за литература. Роден бил во Сент Колем Мејџор, Корнвол, на 19 септември 1911 година.

1997.- Во Скопје умре Георги Арсовски, македонски писател и литературен критичар. Во 1966 година ја објавил првата книга „Приказни за мојот син“, а во 1977 година последната книга „Монолози“ (поезија). Роден бил во Велес, на 15 јануари 1927 година.

2001.- Во Скопје умрел Рајко Јовчевски, македонски писател за деца, преведувач и новинар. Неговата прва објавена книга е „Еден малечок свет“. Пишувал и раскази и романи. Роден бил во селото Луково, Струшко, на 23 февруари 1937 година.

2008.- Британија официјално го ратификувала Лисабонскиот договор, бидејќи кралицата Елизабета Втора дала согласност на Законот со кој овој Договор се одобрувал. Со тој чин Британија станала 19 земја во Европската унија која го ратификува Лисабонскиот договор, и прва држава која тоа го направи откако Ирците на референдум го отфрлиле тој документ.

   

Најново

Еве како да ја препознаете најслатката лубеница: Најсигурни методи за избор на зрела и сочна

Sase Ivanovski

Избегнувајте го: Ова е најлошиот утрински пијалак за кожа склона на акни!

Sase Ivanovski

Сончево и топло, попладне нестабилно со грмежи и дожд

Sase Ivanovski

ЗА ПОВЕЌЕТО ОВА Е НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА: Само една земја во светот произведува доволно храна за своите потреби

Sase Ivanovski

КЕЛНЕРИ, ПИЦА МАЈСТОРИ, ЧИСТАЧКИ: Колкави плати им нудат Хрватите?

Sase Ivanovski

ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Надзорна расправа во Собранието сепак ќе има

Sase Ivanovski

СЕ НАМАЛУВА БРОЈОТ НА ОНИЕ КОИ ОДАТ НА ОДМОР ВО ГРЦИЈА СО ХРАНА КУПЕНА ВО МАКЕДОНИЈА: Зошто навиките се сменија?

Sase Ivanovski

Поголема минимална плата или помал број на приматели на минимална плата?

Sase Ivanovski

ИРАН НЕ СЕ ШЕГУВА Испукана е ултратешка балистичка ракета „Саџил“

Sase Ivanovski

СИЛНО НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ ЦРНА ГОРА Поплавени се улиците во Котор, ветришта беснеат во Сутоморе

Sase Ivanovski

Филипче: Пад на поддршката за ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

ЦУК: Поројните дождови без сериозни штети, поплавени неколку објекти во Арачиново

Sase Ivanovski

Максо ќе трча за трет мандат градоначалник на Куманово ВМРО ДПМНЕ ќе му биде ветер во грб

Sase Ivanovski

Конфликтот Израел-Иран може да има импликации за македонската економија, вели академик Таки Фити

Sase Ivanovski

Чешката опозиција не успеа да изгласа недоверба на владата на Петр Фијала

Sase Ivanovski

Украина дозволи двојно државјанство за справување со демографската криза

Sase Ivanovski

Работник од Македонија е тешко повреден на австриско градилиште, го згмечила машина тешка 15 тони

Sase Ivanovski

Богатите Израелци бегаат со јахти за 600 евра од човек, редот накај Кипар е голем

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Боно блескаше на голот, Реал Мадрид не го победи Ал Хилал

Sase Ivanovski

Овие 10 намирници се најдобри и најздрави за појадок: Одлични се за зголемување на енергијата и за сити до ручек

Sase Ivanovski

Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на дното во Европа

Sase Ivanovski

Ристески од Штип – Објавен оглас за обука на работно место кај конкретен работодавач

Sase Ivanovski

Крива Паланка беше домаќин на вискока делегација од Република Словенија

Sase Ivanovski

Руските саботажи во Европа во пораст

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА НЕЛЕГАЛНА Во цела држава биле пријавени над 473 илјади нелегално изградени објекти, а 201.495 сѐ уште имаат статус на дивоградба!

Sase Ivanovski

Филипче пред градската организација на СДСМ за Скопје: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го држат градот во заложништво

Sase Ivanovski

Ограбил куќа во Скопје, украл накит и техника вредни 296.000 денари – обвинителството бара притвор

Sase Ivanovski

За првпат, Иран лансираше ултратешка ракета „Саџил“ со среден дострел кон Израел

Sase Ivanovski

МОЖНИ СЕ ПОПЛАВИ ВО АРАЧИНОВО, СТАЈКОВЦИ И НА СКОПСКА ЦРНА ГОРА Повик до граѓаните да не излегуваат од дома

Sase Ivanovski

Град Скопје објави јавен повик за субвенции за велосипед!

Sase Ivanovski

Можни се поплави од Скопска Црна Гора вечерва, ЦУК има важно предупредување

Sase Ivanovski

Министерот Дурмиши: Над 4.500 граѓани веќе аплицирале, голем интерес од невработените за мерките од Оперативниот план

Sase Ivanovski

Одбрана или демонстрација на сила? Русија гради воен комплекс кај границата со Финска

Sase Ivanovski

Трамп: Можеби ќе го нападнам Иран, можеби не

Sase Ivanovski

Нуклеарниот часовник повторно отчукува: Светот се приближува до атомска нестабилност

Sase Ivanovski

Стејт департментот го осуди откажувањето на Европската рабинска конференција во Сараево

Sase Ivanovski

Милановиќ: Израел во моментов е предводен од криминална елита, која сака да го вовлече светот во војна

Sase Ivanovski

Мотоциклист од Кавадарци е во болница со тешки повреди, се судрил со автомобил

Sase Ivanovski

Додик во Санкт Петербург: Руската подршка за Република Српска останува стабилна

Sase Ivanovski

Иран е речиси целосно без интернет

Sase Ivanovski

Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Sase Ivanovski

Расчистен вчерашниот инцидент во Чаир, поднесена кривична пријава против едно лице

Sase Ivanovski

Уште еден американски носач на авиони ќе пристигне во Средоземно Море

Sase Ivanovski

Израелски напад близу седиштето на Националната полиција во Техеран

Sase Ivanovski

Нетанјаху му се заблагодари на Трамп за „поддршката“ во војната против Иран

Sase Ivanovski

Судирот меѓу Израел и Иран води кон астрономски скок на цената на нафтата – драма на светските пазари

Sase Ivanovski

Иран ги повика жителите на Хаифа да се евакуираат

Sase Ivanovski

Левица: Владата на Мицкоски доделила државно земјиште на фирма осомничена за криминал во „Адитив“

Sase Ivanovski

ЦИВИЛ: Слободата на изразување не е подарок од власта, таа е неприкосновено право на секој човек – пресудата против Дерала е директен атак на медиумските слободи

Sase Ivanovski

Двајца војници повредени при гаснење пожар во тетовската касарна

Sase Ivanovski

38 РАКОПИСИ ПРИЈАВЕНИ ЗА НАГРАДАТА „ОЛИВЕРА НИКОЛОВА“ Победникот ќе добие 60.000 денари, романот ќе се објави во посебна едицијана романот

Sase Ivanovski

Тинејџери од Скопје запалиле кабел, па предизвикале пожар

Sase Ivanovski

Бошњачкиот сојуз поднесе иницијатива за додавање на геноцидот во Сребреница во Кривичниот законик

Sase Ivanovski

Георгиевски по повод 35-ти роденден на ВМРО ДПМНЕ: Нема простор за честитки. Партијата денес стана симбол на Македонија приврзок на србскиот свет

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пуштен во сообраќај регионалниот пат Бељаковце – Клечовце

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Обезбедивме допонителни 600 милиони денари за  инвестиции за локален развој и реализација на општинските проекти

Sase Ivanovski

Директорот на БЈБ Јанев денеска одржа серија работни состаноци во СВР Велес  како дел од стратегија за подигнување на нивото на безбедност во сите сегменти

Sase Ivanovski

Од ЕСМ за хаваријата во РЕК Битола го обвинија СДСМ: Нема ден да не се соочуваме со предизвици како резултат на недомаќинското и нестручното управување со производствените,капацитети во изминатите години

Sase Ivanovski

Данска нѐ моли да го зграпчиме моментумот на проширувањето на ЕУ

Sase Ivanovski

Државата ќе треба да им исплати 85.000 евра на адвокатите на Мијалков и на бранителите на другите обвинети за масовното прислушување во УБК

Sase Ivanovski

Иранскиот лидер се заканува со сериозни последици во случај на напад од САД: Нема да се предадеме на никого

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Индонезија: Многу летови до Бали откажани поради ерупција на вулкан

Sase Ivanovski

 Муртезани: „Проширувањето мора да се води според Копенхашките критериуми“

Sase Ivanovski

Фронт 21/42: Институциите не постапуваат по претставката поднесена во врска со незаконската изградба на хотелот во Горица

Sase Ivanovski

Во центарот на Кочани ќе се гради спомен-обележје во чест на починатите во пожарот во „Пулс“

Sase Ivanovski

„Шарли Ебдо“: Кој прв ќе го открие датумот на смртта на Хамнеи ќе го посети Техеран

Sase Ivanovski

Власта нема Бадентерово мнозинство, измените на изборниот законик на почек

Sase Ivanovski

Срамно е независните да бидат исклучени од изборите, експертски реакции по опасноста да заглават измените на Изборниот законик

Sase Ivanovski

Калас: Русија „нема шанси“ ако земјите од НАТО останат обединети

Sase Ivanovski

Среде бел ден ограбена 79-годишна жена во скопски Центар

Sase Ivanovski

Лишени од слобода возачи во Штип и Берово, управувале возило и мопед под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

ФОТO | Се појави нова мини-депонија, сега зад плоштадот „Македонија“

Sase Ivanovski

УКРАЛ СТРУЈА ЗА 4.000 ЕВРА Маж од Велешта се приклучил на црно и заработи кривична

Sase Ivanovski

Тошковски од Салцбуршкиот форум: Само заедничка соработка ќе ја направи Европа побезбедна, посилна и пообединета

Sase Ivanovski

ХЕЦ ЧЕБРЕН ДА СЕ ГРАДИ СО ПАРИ ОД БРИТАНСКИОТ КРЕДИТ Експерти од МАНУ оценуваат дека јавниот долг нема порасне, ако парите се повлекуваат во вистинско време

Sase Ivanovski

СЛАВНАТА ПЕЈАЧКА СЕ ПОВЛЕКУВА ОД СЦЕНАТА „Одам да го победам ракот“

Sase Ivanovski

ЌЕ СЕ ЗНАЕ ШТО НУДИ СЕКОЈА БОЛНИЦА, ПА И КОЛКУ ХИГИЕНИЧАРКИ ИМА Алиу најави нов информативен портал за здравствените услуги

Sase Ivanovski

КОЧАНИ ЌЕ ДОБИЕ НОВ ЦЕНТАР ЗА МЛАДИ Простор за дружење, гимнастика и за креативни активности

Sase Ivanovski

Данската министерка за европски прашања, Бјер во Скопје: Данска ќе биде фокусирана на проширувањето на ЕУ, моментот е тука и искористете го

Sase Ivanovski

ПРИЗНАНИЕ ЗА 45 ГОДИНИ НА СЦЕНА Рисима Рисимкин ја доби наградата „Ѓорѓи Македонски“

Sase Ivanovski
Вчитувам....