Сите подготовки за 30-годишнината од геноцидот во Сребреница се завршени, беше објавено на состанокот на Организацискиот одбор за комеморацијата во Сараево, пренесува РСЕ.
Претседателката на Здружението „Движење на мајките од енклавите Сребреница и Жепа“, Мунира Субашиќ кажа дека оваа година се очекува повеќе од 150.000 луѓе да присуствуваат на комеморацијата по повод 30-годишнината од геноцидот.
Во јули 1995 година, силите на Армијата на Република Српска убија повеќе од осум илјади бошњачки мажи и момчиња во Сребреница.
Во 2007 година, Меѓународниот суд на правдата во Хаг го окарактеризира злосторството во Сребреница како геноцид, а на 23 мај 2024 година, Генералното собрание на ООН усвои резолуција со која го прогласи 11 јули за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.Пресудите, меѓу другото, ги осудија воениот претседател и врховен командант на Армијата на Република Српска, Радован Караџиќ, и Ратко Младиќ, на доживотен затвор. За време на војната во 1990-тите, во Босна и Херцеговина беа убиени повеќе од 100.000 луѓе, повеќе од 32.000 исчезнаа, а по останките на 7.600 луѓе сè уште се трага.