Поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи и портпаролот на ДУИ, Арбер Адеми, за Рамазан Бајрам го посетија семејството на ексминистерот за економија, Крешник Бектеши, кој е во притвор поради случајот со дискотеката „Пулс“ во Кочани.
„Денеска е вистинскиот ден да покажеме дека не само Крешник, туку и целото семејство Бектеши ја има нашата поддршка.Не само затоа што е вистински пријател, не само затоа што е дел од нашите семејства, туку затоа што е неправедно обвинет и уште понеправедно одвоен од семејството. Крешник е силен, храбар и пред се праведен човек – затоа го очекуваме наскоро да се врати кај нас“, напиша Османи.