Група од 20 лица го блокираа преминот Мердаре од правец Куршумлија кон Подуево, јавува дописникот на РТС.Тисе според извештаите поставиле камион со приколка и трактори за да ги поддржат Србите во КосовоТие најавија дека ќе останат до понатамошно известување и изразија надеж дека ќе ги поддржат и ќе се приклучат на протестот.
Во меѓувреме српскиот претседател АЛександар Вучиќ вечерва извбрши обиколка на единиците на Војската на Србиј стационирани меѓу Краљево и Рашка.
„Некаде помеѓу Краљево и Рашка. Завршивме обиколка на некои единици на нашата армија, нашите херои и отидов на средба со претставници на Србите од Косово. Верувам во правдата и правото, но повеќе од се во српската мудрост, но и силата. и решителност.Да живее слободна Србија!“, порача претседателот на Србија на својот Инстаграм профил.
Србите од северот на Косово и Метохија 18-ти ден се на барикадите. Тие велат дека ќе бидат отстранети кога Приштина ќе ги ослободи Дејан Пантиќ, Миљан Аџиќ и Слаѓан Трајковиќ и кога специјалните полициски сили ќе бидат повлечени од север. Нови барикади во текот на ноќта се поставени во северниот дел на Митровица, како и на новиот мост кој води од северниот дел на Митровица до главниот пат Митровица-Рашка. Патријархот Порфирије по разговорот со претседателот на Србија Александар Вучиќ побара мирот да се зачува по секоја цена.