МАКТЕЛ

     

„НА СИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ ДОСЕГА ИМ КАЖАВ, АКО ВАКА ПРОДОЛЖИМЕ, ОДИМЕ ВО БЕЗДНА“ – Пивоваров за Фактор: Корупцијата нѐ убива

      

Корупцијата нѐ убива. Со оваа реченица во разговор за Фактор долгогодишниот „безбедњак“ и истакнат професор Владимир Пивоваров ја опишува целата несреќна и кобна судбина што ја снајде државата, откако во страотен пожар во импровизирана дискотека во Кочани животот го загубија 59 млади лиѓе. Неговата последна функција, пред пензионирањето, беше национален координатор за гранично управување, но претходно долги години беше професор, беше шеф на военото разузнавање и контраразузнавање, а долги години работеше и во Министерството за внатрешни работи и како заменик началник на Управата за внатрешни работи на Куманово, Кратово и Крива Паланка.

„Јас им кажав на сите функционери досега со кои сум соработувал, меѓу нив и на Зоран Заев, но и на другите, а тоа секогаш и јавно сум го изјавувал, дека ако вака продолжиме, ќе завршиме во бездна. И еве, тоа и се случи“, вели Пивоваров, алудирајќи на последната страотна несреќа во Кочани. Еве со каква корупција тој се соочил додека работеше на последната функција, кога работеше како национален координатор за гранично управување. „Јас имав обврска за наодите на граница да известувам седум министерства и пет дирекции. Значи, им доставувам јасна снимка од видео надзорот што ги регистрирал сите нелегални дејствија на цариниците и полицајците, значи каде што е целосно видлива корупцијата, и на тоа добивам одговор од МВР дека тоа што ние сме го документирале преку видео надзорот, но тие тоа, замислете, не можеле да го докажат. Значи, сите ние, и граѓаните, гледаме дека на граничните премини нешто не е во ред, но никој никого не контролира, нема хиерархија, никој не е санкциониран за своите дејствија. Се сеќава дека уште пред многу години, како млад началник работел на Табановце, за три години за примање мито биле уапсени 96 цариници и 115 полицајци, од активниот и од резервниот состав, и од нив за оваа корупција во затвор завршиле само тројца, односно двајца полицајци и еден цариник.

   

„Ете до толку е корумпиран судскиот систем“, вели Пивоваров, набројувајќи бројни други примери како вовед како низ годиниве системот беше трул и корумпиран и доведе до ова денеска. И кочанскиот случај бил последица на целата корупција која се случувала со години, а за која сите се правеле дека не ја гледаат. И фактот што речиси сите институции кои биле надлежни и што требале ова да го превенираат, практично не функционираат. „Институциите се нефункционални поради две работи. Првата е корупцијата, а втората е партократијата, додека, пак, Европа нас ни бара меритократија, а тоа значи да напредуваат највредните, најспособните и најчесните. Партократијата, пак, е кога во институциите се вработуваат луѓе некомпетентни и без интегритет, а чии дипломи обично се стекнати без знаење, значи или фалсификувани или купени. Кога тие ќе влезат во институциите на таков корумпиран начин, тие продолжуваат и во нив да работат со корупција. Затоа ова ни се случи“, објаснува Пивоваров. Професорот вели дека, барем според она што кочанчани го пишуваат на социјалните мрежи, во последнава година во таа дискотека биле одржани дури 26 концерти.

„Како тоа не го гледала Полицијата. Секој орган на МВР, како што е случајот и со оној на Кочани, си имаат свои реони, и за секој пооделен реон постои соодветен елаборат, во кој полицаецот што е задолжен за за тој реон, мора да наведе буквално се, па точно и за една продавница да се отвори, треба да се наведат сите податоци за неа, во смисла кој е сопственик, дали има легална дозвола, дали ги има сите потребни лиценци. Кочани е мал град, и во него сите знаат се, и не може полицајците да не знаеле за таа дискотека дека работи нелегално. А уште повеќе за ноќен клуб, треба да се наведе се за тој ноќен клуб, од сите дозволи, лиценци, услови… Еве сега слушаме дека тој ноќен клуб работел нелегално, но дури и да работел легално, каде биле сите инспекции, Пазарна, Трудова, УЈП. Слушаме дека тој објект цела година работел со блокирана сметка, каде била тука УЈП да открие дека се работи со таква сметка. Целта на таа институција е да се бори против сивата економија. Пазарната инспекција требало да контролира за фискални сметки, трудовата за вработените. градоначалникот издава одобрение. Слушаме дека имало два влеза, од кои едниот бил затворен. Да имало поголем број на влезни и излезни врати, бројот на жртви ќе беше многу помал. Обезбедувањето е должно на влезот да не дозволи да влезат деца под 14 години, а малолетните лица не смеат да се задржуваат повеќе од 12 часот на полниќ. Ако објектот бил легален, од МВР морало да се бара одобрение за организирање настани, и надлежниот орган мора да направи проценка и ако тој настан носи ризик, треба да се забрани“, објаснува Пивоваров. Вели дека и присуството на полициските сили во тој субјект треба да се разјасни. Имено, ако се правело рација, тоа значи дека се вклучени повеќе инспектори и тие имаат право да го ограничат движењето на сите во тој објект, но за тоа да се изведе се потребни цел список на документи кои претходно треба да се обезбедат.

„Треба точно да се знае кој полицаец што контролира. Него му се потребни технички средства за работа. Ако е тим на МВР, треба да се знае дека се изведува поробусна акција. Еве слушаме дека загинал полицаец од Пробиштип, и притоа треба да се знае дека кога се праќа колега од друг град на задача, тоа треба да биде под строга наредба на министер и началникот од тој реон, точно треба да се наведе кои дејствија треба да ги спроведе тој полицаец на друга територија, точно се знае дека зел дневници, патни трошоци, се тоа треба да биде евидентирано“, објаснува овој поранешен долгогодишен полициски работник. Додава и дека доколку полицајците знаат дека сопственикот на одреден локал е близок до одредена политичка опција, кај нив има страв правилно да ги спроведат контролите. Голем проблем, според Пивоваров, е што многу локални инспектори од МВР имаат и други дополнителни дејности, на пример во угостителството, возат такси и слично. И никој тоа не го контролира. Околу истрагата која се води, вели дека таа треба да разјасни дали лиценцата е фалсификувана од страна на сопственикот или, пак, е направен фалсификат во Министерството за економија. „Инаку, градоначалникот издава употребна дозвола, а тоа е основа Министерството за економија да издаде дозвола за работа, но притоа да бидат исполнети потребните услови. Треба да се направат градежни инспекции, за противпожарна заштита, бројот на врати и слично. МВР дава согласност за безбедносни услови, вели овој експерт, додавајќи дека полицијата морала да знае дека во овој мал град некој со години приредувал илегални забави“, објаснува Пивоваров.

Н.Н.Ф.

  

Најново

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski

(ФОТО) Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014

Sase Ivanovski

Павле Арсоски Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Крушево и Демир Хисар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Пренџов: ДУИ е партија базирана на ширење нетрпеливост, лаги и манипулации

Sase Ivanovski

(ФОТО) Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска на средба со членовите и симпатизерите во Кавадарци и Неготино

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ Скопје – Подрачно одделение Охрид за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski
Вчитувам....