Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Никола Додов, изјави дека на 40 хонорарци од Фондот им бил раскинат договорот поради неисполнување на работните обврски. Според него, тие не доаѓале на работа или, ако доаѓале, доаѓале во 12 часот и си заминувале веќе во 14 часот.
„Сега вкупно се 24 вработени во ФИТР. Не се по 1000 евра хонорарите туку околу 40 илјади денари“, вели Додов.