12.8 C
Скопје
25/05/2025 15:45
МАКТЕЛ

     

На 80 годишнината од Операцијата Оверлорд и Денот Д, да се спомнe и “битолчанецот Рајан”, Панде Матевски, единствениот Македонец кој со сојузничките сили се истоварил во Нормандија и загинал на плажата Омаха

      

Битолчанецот Панде Матевски (1914-1944), единствениот Македонец за кој се знае дека загинал во десантот во Нормандија во Втората светска војна, заедно со таткото и браќата го напуштиле родното огниште поради честите воени конфликти што се случувале на Балканот во првите децении од минатиот век. Заминале во далечна Америка, во мир да го печалат парчето леб. Но, таму ги пресретна друга војна. И преку океанот не и избегале на македонската судбина да војуваат за туѓа војска.- ја пренесува неговата епопеја Апла.мк.

Вака емотивно битолчанката Силвана Петрова Насух ја раскажува животна приказна за американскиот подофицер од Битола, Матевски во документарниот филм „Војникот Рајан од Битола“, чиј сценарист е токму таа. Документарецот беше снимен по повод 70 годишнината од Десантот и до денес остана да биде единствениот зачуван видео материјал кој зборува за тажната животна приказна на „војникот Рајан“.

Откриена мистеријата за војникот

   

-Како девојка живеев на улицата „Максим Горки“ во Битола. Спроти нашата зграда имаше куќа која беше напуштена. Се збиравме и игравме пред неа зашто немаше домаќини да не бракаат заради вревата. Се прашувавме,чија е таа куќа. Подоцна копајќи низ историјата на градот за мојата нова збирка поезија открив дека тоа е куќата на војникот Матевски- раскажува Петрова Насух.

До пред некоја година ретко кој битолчанец знаеше повеќе детали околу животот на овој битолски печалбар и војник во Америка. Само неговата гробницата подигната на Буковските гробишта, инаку единствена во Битола и лимениот сандак во неа сведочеа дека загинал на фронтот на 30 години. На надгробната плоча врежан е натписот „паднал убиен во десантот во Нормандија како американски подофицер во јули 1944 година.“

Денот Д, како што во историјата е позната битката во Нормандија (6 јуни-21 август 1944) била најголемата воената инвазија во историјата на човештвото позната како истоварување на сојузничките сили преку каналот Ла Манш во окупирана Франција за врема на Втората светска војна. Една од клучните битки која доведе до капитуалција на Третиот Рајх девет месеци подоцна.

Бил меѓу првите мобилизирани цивили во САД

Канцеларијата на децентрализирана соработка Долна Нормандија во Македонија, Асоцијација на агенции за локална демократија – АЛДА од Скопје пред четири години извршија теренско истражување и успеаја да ја разоткријат животната приказна на семејството Матевски.

Според изтражувањето, таткото Коста Матевски бил чевлар и имал дуќан во старата битолска чаршија, а мајката Фотина била домаќинка. Имале шест деца, од кои четири синови и две ќерки. Најстарата родена 1912 година била Ерефили, а потоа се родиле Петар, Панде, Александар, Анастас и на крај најмладата сеста Маријанти. Таткото бегајќи од сиромаштијата, како и од војните кои ги преживеал Балканските и Првата светска војна, заминал во Америка.

Панде загинал, а брат му бил тешко ранет

Познато е дека во американската војска биле мобилизирани Панде и неговиот постар брат Петар. Според военото досие, кое го обезбеди АЛДА од САД, Панде живеел во Чикаго, Илиноис. Бил мобилизиран на самиот почеток на војната, на 13 мај 1941 година. Бил заведен под името Панта Матевиќ, од Чикаго Илиноис, најверојатно како што му гласеле документите зашто во тоа време Вардарскиот дел на Македонија бил под српска власт. Дури и како земја од која потекнувал била запишана Југославија или Црна Гора. Во досието пишува дека имал завршено само две години средно училиште и бил поликвалификуван работник за механичка обработка на метал.

Но, се знае дека за време на војувањето до десантот на Нормандија, тој во американската војска успеал да напредува до подофицер. Со што се истакнал за да го добие тој чин, до денес нема податоци. Се знае дека бил учесник во десантот од самиот почеток, заедно со постариот брат Петар. Тие биле меѓу 156 000 сојузнички војници истоварени во Нормандија, дел со воени бродови, дел со падобрани. Панде преживеал месец дена на фронтот, а потоа загинал во крвваите битки. Брат му Петар бил тешко ранет, но сепак го преживеал десантот. Тој заедно со посмртните останки од Панде се вратил во Илиноис, Чикаго и го погребал.

Мајка му од САД го презакопала во Битола

Веста за загинувањето на синот, ја потресла мајката Фотина која живеела во Македонија. За нејзиното патешествие, на членови на АЛДА им раскажала Нада Матевска, снаа за најмлалиот брат на Панде, Анастас која денес живее во Скопје.

-Како снаа живеев во заедница со свекрвата, мајката на Панде Матевски под ист покрив во Скопје. Кога се омажив во тоа семејство Панде беше починат и не го запознав. Но, ја запознав тагата на мајката. Таа имаше отпатувано дури во Чикаго и со помош на другите два сина кои живееја таму, успеа од американските власти да добие дозвола и телото на починатиот син да го откопа и пренеси во Македонија. Го донесе во родното место, но и блиску до неа- раскажала Нада Матевска.

Во родната Битола покојното чедо го донесла во лимен сандак во брод преку океанот. Таквата постапка била многу скапа, но браќата не штеделе пари. Посмртните останки биле пренесени во педесетите години од минатиот век и закопани во гробницата во Битола.

-Ех, што судбина дочекала курата Фотина. Го испратила синот со мал куфер, а го дочекала во голем (се однесува на металниот сандак)-се вели во филмот за битолскиот војник.По ваквото страдање мајката Фотина оставила аманет кога ќе ги затвори очите да ја погребаат покрај синот.

-Кога почина во 60-тите години од минатиот век беше исполнета последната најзина желба, да почива покрај својот синот Панде бидејќи тој многу млад загинал, на неполни 30 години. Двајцата се погребани под гробницата, а над гробовите е зачуван лимениот сандак- раскажала Нада.Семејството денес нема живи потомци во Битола. Браќата и сестрите на Панде се починати, а нивните деца и внуци се распрскани низ светот, во Америка, Австралија, кај нас во Скопје и Гостивар.Документарниот филм „Војникот Рајан од Битола“ можете да го погледнете на овој линк.

   

Најново

Косовското Собрание ниту во 21 обид не е конституирано

Sase Ivanovski

Речиси 54.000 убиени Палестинци во Газа од почетокот на војната

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Драма над Курск: Хеликоптер во кој бил Путин се нашол сред масовен напад на украински дронови

Sase Ivanovski

Никушар Дан: Ќе им објасниме на Романците и на админситрацијата на Трамп зошто беа поништени изборите во Романија

Sase Ivanovski

Каја Калас повика на „најсилен меѓународен притисок“ врз Москва

Sase Ivanovski

Зеленски: Продолжуваат напорите да се обезбеди апсолутно секој што е во руско заробеништво

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ одби лидерска, да не му го кревале рејтингот на Филипче

Sase Ivanovski

Новата линија од Охрид до Базел стартува од 27 октомври, четири месеци порано

Sase Ivanovski

МЕПСО и косовскиот оператор со заеднички чекор кон енергетска безбедност: Интерконекцијата Тетово – Призрен добива конкретна динамика

Sase Ivanovski

Многу фотоволтаици, а мрежата стара 40 години, потребни се 700 милијарди долари инвестиции низ Европа

Sase Ivanovski

Данела Арсовска најави фељтон со „докази за криминал“, тврди дека институциите молчат, а градот постапувал веднаш

Sase Ivanovski

Бојковска: Законот за работно ангажирање на лица претставува значаен чекор во борбата против сивата економија

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Со изземањето на Филипче од случајот Онкологија, судиите и обвинителите уште еднаш покажаа клиентелистички и поданички однос кон СДС

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Здравство и образование врвни приоритети на Владата, ќе се реконструираат и градат болници, медицински факултет, студентски дом

Sase Ivanovski

Приведен возач во Штип, управувал возило со 2,10 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

ХЕРА: Со навремената дијагноза за ХИВ – до долг и квалитетен живот! Европска недела на ХИВ тестирање: „Тестни се! Прегледај се бесплатно, доверливо и безбедно“

Sase Ivanovski

Уште колку бескорисни смртни случаи пред да признаеме дека Трамп секогаш бил во право за Украина?

Sase Ivanovski

Почина полковникот Стефан Ивановски, кој е поранешен припадник и командант на ЕСН Волци

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Далмација и се е можно: Бабичка со вила улови огромен октопод среде Сплит, додека огромна ајкула правеше кругови

Sase Ivanovski

Мицкоски: Мора да бидеме свесни дека многумина нашето битисување на овие простори не ги прави среќни.

Sase Ivanovski

Голема реконструкција на Аја Софија поради страв од земјотрес!

Sase Ivanovski

Арсовска најави фељтон со „докази за криминал“ – тврди дека институциите молчат, а градот постапувал веднаш

Sase Ivanovski

АНГЕЛОВ ДОГОВОРИ СОРАБОТКА СО ЈАПОНСКАТА ВСЕЛЕНСКА АГЕНЦИЈА

Sase Ivanovski

Фото галерија од хуманитарната трка „Сите за Кочани – Трчаме заедно“

Sase Ivanovski

На Сиљановска и е јасно дека преговарачката рамка е усвоена и дека е тешко да се менува ама предлага нов протокол без вето

Sase Ivanovski

Локомотива удри во пешак во Хиподром

Sase Ivanovski

Трпчески од Рим: Сесловенските просветители ширеле благородна мисија онака како што и музиката тоа го прави

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Топ Тема – Почнуваат коренити промени во македонскиот фудбал

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Конструктивни сме во интерес државата, ќе понудам конкретни точки за лидерска средба

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Темните страни на вештачката интелигенција

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) “Дечко са асфалта”

Sase Ivanovski

Оддадена почит пред споменикот на загинатиот припадник на безбедносните сили Бобан Ивановиќ – јавноста револтирана поради газењето на знамето

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филип Чаловски: Македонскиот вкус на храна е со светски стандарди

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ – Нов скандал на Тошковски: Тендер од 4 милиони евра за фирми со само 2 вработени, основани пред тендерот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Најголемите криминали во здравството се случија во времето на Филипче

Sase Ivanovski

Во среда врачување на наградаата „Роман на годината“ на Калина Малеска

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Претрес во тетовско, лишено од слобода лице кај кое е најдена дрога и нападнало полициски службеници

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Една година тишина зад големите зборови: Ветуваа културна обнова, донесоа културен молк

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода разбојник во Кавадарци, пронајдено дел од одземеното

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „Срам за нацијата“ се огласи Ким Џонг-ун по неуспешната промоција на воен брод, нареди апсења

Sase Ivanovski

Полицијата приведе тетовец, нападнал полицајци кои кај него пронашле дрога

Sase Ivanovski

МВР ќе го казнеле кошаркарскиот клуб Маџари за употреба на прскалки во затворен простор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кузеска: Нов скандал на Тошковски: Тендер од 4 милиони евра за фирми со само 2 вработени, основани пред тендерот

Sase Ivanovski

„Плати или ќе го претепаме“ – затвореници уценувале мајка на осуденик

Sase Ivanovski

Кикбоксерот Илиоски ја одбрани светската титула

Sase Ivanovski

Украина со апел до меѓународната заедница: Запрете ја Русија

Sase Ivanovski

19-годишник ја турнал и ѝ ја одзел ташната на 75-годишна жена во Кавадарци, полицијата го уапсила

Sase Ivanovski

Македонија можна тампон зона за бегалци?

Sase Ivanovski

ДУИ: Ќе ги користиме сите демократски средства за да го спречиме институционалниот монопол

Sase Ivanovski

Заврши Канскиот филмски фестивал: Златната палма отиде во рацете на иранскиот режисер, кој бил во затвор и имал забрана за снимање 20 години

Sase Ivanovski

Пентагон со нови правила за новинарите, ќе мора да имаат придружба

Sase Ivanovski

Пресекле три столба: Во Кан нема струја поради намерно оштетен далновод

Sase Ivanovski

Грција разби мрежа за шверцување која заработила речиси пет милиони евра од мигранти

Sase Ivanovski

Пад на вредноста на доларот поради намалување на кредитниот рејтинг на САД

Sase Ivanovski

Во Северна Кореја уапсени три лица поради неуспешната промоција на воен брод

Sase Ivanovski

Салиу слободен – Апелација смета дека семејниот статус и здравјето се посилни од сомнежот дека може да избега по трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Taравари расчистува со „непослушните” кадри

Sase Ivanovski

Лавров: Речиси е готов документот за мирно решавање на конфликтот

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Со изземањето на Филипче од случајот Онкологија, судиите и обвинителите уште еднаш покажаа клиентелистички и поданички однос кон СДС

Sase Ivanovski

Силвија Думинуцо од Италија во потрага по нејзината биолошка мајка во Македонија

Sase Ivanovski

Приведен возач во Штип, управувал возило со 2,10 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

Британија гледа во Македонија како на најсилен партнер во регионот, смета Николовски

Sase Ivanovski

Најмалку 13 загинати во напади во Украина – експлозии одекнуваа во Киев, Москва тврди дека соборила над 100 украински дронови

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Русите жестоко го нападнаа Киев, има загинати и многу повредени

Sase Ivanovski

Белгиските компании скептични кон четиридневната работна недела

Sase Ivanovski

Социјалистичката интернационала бара ослободување на Имамоглу

Sase Ivanovski

Дали идната кралица на Белгија ќе мора да го напушти Харвард поради забраната на Трамп?

Sase Ivanovski

Алкалоид го пречекува АЕК во реваншот од финалето на ЕХФ Европскиот куп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Израелски политичар насилно изнесен од парламентот, затоа што зборувал за злосторствата во Газа

Sase Ivanovski

Посебен режим на сообраќај на неколку локации во Скопје

Sase Ivanovski

Вучиќ: Од 1 јануари 550 евра минимална плата во Србија

Sase Ivanovski

Променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд

Sase Ivanovski

Горан Михајловски: МАТЕМАТИКА И ЕМОЦИИ

Sase Ivanovski

Продолжува падот на бројот на население во Албанија, годинава 14% помалку новородени во споредба со лани

Sase Ivanovski

Љупчо Поповски: London Calling

Sase Ivanovski

Рекорден број Американци бараат престој во Велика Британија

Sase Ivanovski

Бајден се појави во јавноста за прв пат по дијагнозата рак

Sase Ivanovski

Докторка отишла на работа во Газа, во болницата стигнале телата на нејзините седум убиени деца

Sase Ivanovski

Возач удрил пешак во Гостивар па избегал

Sase Ivanovski

Изет Меџити ги меша бројките, Таравари го поправа, има 25 Албанци не 35

Sase Ivanovski
Вчитувам....