Новиот бран на политичка тензија меѓу Вашингтон и Киев ескалира откако американскиот претседател Доналд Трамп го одби барањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски Украина да купи десет американски системи за противвоздушна одбрана Патриот. Според германскиот весник Билд, Трамп не само што го отфрлил овој предлог туку и јасно ставил до знаење дека САД повеќе не сакаат да ја зголемат воената поддршка за Украина – дури и во случај на комерцијална продажба. Украина беше подготвена да инвестира сопствени ресурси како што наведуваат медиумите дури 50 милијарди долари за набавка на оружје, вклучително и противвоздушни системи како што е Патриот. Сепак, Трамп одби се и рече дека негов приоритет е дипломатскиот дијалог со Москва. Одлуката го шокираше Киев, особено што доаѓа во време кога градовите се под сè почести ракетни и беспилотни напади, а доцнењето на американската помош дополнително го загрозува фронтот.
Според „Волстрит журнал“, во април 2025 година, во Саудиска Арабија веќе започнале директни преговори меѓу американските и руските претставници за можно примирје, што потврдува дека Трамп ја турка сопствената стратегија за брзо решавање на војната. Според извори на Политико, американскиот претседател верува дека тоа ќе ослободи ресурси за фокусирање на ривалството со Кина и решавањето на домашните предизвици. Зеленски се обиде да ги ублажи заладените односи предлагајќи директна набавка на оружје, со можност во финансирањето да се вклучат европски партнери. Меѓутоа, како што пишува „Европска правда“, Трамп ја одбил понудата и навестил дека Украина сама го испровоцирала конфликтот, велејќи дека „војна не се започнува со потпирање на туѓи проектили“.
Прво преговори со Москва па оружје за Киев Отфрлањето на договорот од 50 милијарди долари од страна на Трамп – кој инаку би бил финансиски профитабилен за американската воена индустрија го потврдува новиот курс на Вашингтон, во кој геополитичките и економските интереси доминираат со идејата за натамошно вклучување во конфликтот. Според Блумберг, Трамп дури сугерирал дека секоја помош ќе биде условена со економски отстапки, како што е пристапот до украинските минерални ресурси. Во меѓувреме, сојузниците на НАТО како Франција и Германија се обидуваат да најдат алтернативни начини за испорака на системи за противвоздушна одбрана во Украина, но нивните способности не можат да одговараат на американскиот потенцијал. Загриженоста расте бидејќи континуираната пасивност на САД може да ја наруши стратешката рамнотежа во Европа и да ги загрози долгорочните интереси на алијансата. Одбивањето на оваа сума помош и инсистирањето на договори со Москва се јасен сигнал дека американската политика кон Украина влезе во нова фаза – во која нема простор за бесплатна или платена поддршка, туку само за преговори и сопствени интереси.