33.8 C
Скопје
30/06/2025 17:41
МАКТЕЛ

   

Невистини при величење на Путин, руската армија, избори и екомонија

      

                    На пример, точно е дека во Русија сега нема големи протести против Путин, но за тоа има причина, за која објавата тенденциозно молчи, а „изборите“ споменати во неа се некако фарсични Објава на Фејсбук се обидува да ги разобличи како неосновани западните наративи за Путин и тоа го прави со мешавина од издржани и неиздржани тврдења. На пример, точно е дека во Русија сега нема големи протести против Путин, но за тоа има причина, за која објавата тенденциозно молчи, а „изборите“ споменати во неа се некако фарсични.

Најсилниот руски опозиционер Алексеј Навални беше апсен, труен и осуден на околу 30 години затвор, каде на крај мистериозно почина, а неговиот соборец Борис Њемцов беше застрелан, исто како и новинарката Ана Политковскаја. Путин воведе и драконски казни за да замолчи каква било критика. Околу милион Руси ја напуштија својата земја заради неговите политики, а во нормални услови тие би протестирале и би гласале против него, пишува Вистиномер. 

   

Текстот го објавуваме во целост:

Објава на социјалната мрежа Фејсбук, меѓу другото, вели:

Рускиот претседател требаше неколку пати да умре ама нели не се умира лесно, па требаше да биде „изолиран“, но еве кај него долетуваат државници од секаде, му даваат поддршка и бараат негова поддршка.

Точно е дека имаше шпекулации околу здравјето на Владимир Путин, но не е точно дека нему му гостуваат државници „од секаде“, туку главно од земји кои и самите се изолирани или сиромашни и на кои им треба неговото жито, гас или нафта, а не мора да значи дека тие ги делат неговите ставови. Во изминатава година него го посетија лидерите на: Северна КорејаЈужен СуданКонгоЛаос и Куба, а со ретки исклучоци како лидерите на Индија или Унгарија, ама тука немаше нешто значајно. За Путин објавата го вели и следново:

Рускиот народ требаше да се „побуни“ против Путин, но тој на изборите освои 80 отсто од гласовите.

Точно е дека во Русија сега нема големи протести против Путин, но за тоа има причина, за која објавата тенденциозно молчи, а „изборите“ споменати во неа беа фарсични. Најсилниот руски опозиционер Алексеј Навални (Алексей Навальный) беше апсен, труен и осуден на околу 30 години затвор, кајшто на крај мистериозно почина, а неговиот соборец Борис Њемцов (Бори́с  Немцо́в) беше застрелан, исто како и новинарката Ана Политковскаја (Анны Политковской)..Списокот на убиени критичари на Путин не завршува тука и така тој непречено владее веќе четвртина век.

Исто така, Путин ги преправи уставот и законите со цел да ги отстрани ограничувањата, кои би го спречиле и натаму да се кандидира, а воведе и драконски казни за да замолчи каква било критика. Околу милион Руси ја напуштија својата земја заради неговите политики, а во нормални услови тие би протестирале и би гласале против него. На изборите тој немаше вистински конкурент, затоа што на Борис Надеждин (Бориса Надеждин) не му беше дозволено учество.

Немаше ни адекватен странски мониторинг, а наводно имало незаконско полнење на гласачки кутии и дури и пенкала со исчезнувачко мастило. Според весникот Новаја газета на нобеловецот Димитриј Муратов, тоа била изборна измама преголема дури и за руски стандарди, а изборите се одржаа дури и на окупираните територии во Украина, што е потполно нелегитимно. Но, после сето тоа објавата не ја спори легитимноста на Путин, туку онаа на Володимир Зеленски:

Украина требаше да биде „демократија“, но денес во неа владее глумецот и корумпиран диктатор  кој забранува секаква опозиција, ја потиснува црквата и ги дискриминира оние што го зборуваат јазикот со кој пораснал.

Зеленски не е диктатор, туку е легитимно избран во 2019 г., а тука веројатно се алудира на тезата дека нему „му истекол мандатот“, но во воена состојба тој се продолжува, при што избори не се одржуваат. Опозициски партии во Украина има: Европска солидарност, Баткившчина, Голос и др., а забранети се само оние, кои важат за „петта колона“. Зеленски нема проблем со сите цркви, туку конкретно со Московската патријаршија, чиј назив ни кажува од каде таа дошла како окупаторска, а до 1686 г. Украинците имале црковен живот независен од неа. Дел од свештенството на Московската патријаршија сега ја поддржува руската агресија врз Украина, па нормално е таа на тоа да реагира.

Околу рускиот јазик во Украина веќе сме пишувале, па да не се повторуваме многу. Неговата слободна употреба е гарантирана со чл. 10 од уставот, па рускиот јазик таму не е забранет или сл. Напротив, украинскиот јазик бил забрануван под Руската Империја или бил потиснуван под СССР во полза на рускиот, што доведувало до асимилација на Украинците и негово преголемо присуство среде нив, кое тие решија да го ограничат.

Објавата дури оди и во теории на заговор:

Машинеријата за дезинформирање вредна повеќе милијарди долари наречена западни мејнстрим медиуми контролирана и спонзорирана од западните разузнавачки служби

Точно е дека во минатото ЦИА врбувала некои новинари, но таа пракса била напуштена уште во 1970-тите, а кој ја открил? Па други новинари, по што бил формиран сенатскиот комитет на Френк Чурч, кој ги истражил таквите злоупотреби на власта. На Запад, новинарството е седма сила или куче-чувар, кое реагира на таквите злоупотреби. Новинари дури го собориле американскиот претседател Ричард Никсон. Тие не би молчеле ако ЦИА плаќа медиуми за да шират лаги, а медиумите таму и без тоа можат пристојно да заработат на отворен пазар.

Да не говориме, пак, за фактот што индустријата на медиуми и забава во САД во 2022 година се проценува на 2,44 илјади милијарди долари (или 2,44 билиони долари), додека вкупниот буџет на ЦИА, Централната разузнавачка агенција, на пример, годинава има буџет од само 72,4 милијарди долари, односно речиси 34 пати помалку. Што значи дека оваа индустрија може комотно да ја купи ЦИА, а не обратно.

А кога сме кај парите, објавата вели:

Руската економија требаше да се распадне, но оваа година ќе ги надмине сите други развиени економии иако западните санкции со децении имаа за цел да ја осиромашат

Иако Светската банка сега ја рекласифицираше Русија од земја со виш среден доход во земја со висок доход, таа е на дното на развиениот свет и тешко дека ќе го надмине. Бруто националниот доход по жител на Русија е 14.250 американски долари, а на пример, оној на САД е 80 300 долари. Во земјите со висок доход сега влезе и Бугарија, а иако нејзината економија е скромна, на листата таа е дури пред Русија. Точно е дека ефектот од санкциите не е толку силен, но како што веќе пишувавме, него, сепак, го има. И санкциите не траат „со децении“, туку почнаа со инвазијата врз Крим во 2014 г., а оние посилните – дури по сеопфатната инвазија врз Украина во 2022 г.

Во врска со инвазијата врз Украина, објавата го вели следново:

Руската армија требаше да се „распадне“ нели, но таа порасна, напредна и победува.

Таа напредува, но по села за кои не се знае каде се на мапа: УрожајнеРозивка или Пишчане. За две и пол години Русија не зазеде ни еден обласен центар во Украина, освен Херсон, но и него набргу го загуби. Русија нема целосна контрола дури ни над она што го анектираше. Таа сè уште го нема освоено дури ни гратчето Часив Јар, кое требаше да ѝ биде трофеј за Денот на победата – 9 мај. Украинците веќе одамна го гаѓаат рускиот Белгород, па дури и Москва, а сево ова е засрамувачки за една суперсила.

На крај да го цитираме и следново:

НАТО и неговите соучесници на ЕУСА отворено признаваат дека се борат против Русите

Нема доказ за присуство на НАТО во Украина, туку само лажни вести од типот дека „во Мариупол бил заробен американски генерал“ или дека „во Славјанск стигнале француски трупи“. Точно е дека полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски спомена дека некои членки на НАТО наводно испратиле војници во Украина, но ништо не прецизираше, а веднаш потоа раскажа виц, па можеби тоа беше шега или провокација. Нема официјално признание дека НАТО е во Украина. Русија му нема објавено војна на пактот, а нејзините амбасади и натаму си работат по западните престолнини (само со намален обем), па никаква војна против НАТО таа не води. Земајќи го предвид сето досега наведено, објавата ја оценуваме како делумно невистинита.

   

Најново

(ВИДЕО) Филипче: Историски најслаб извештај од ЕУ, заложбите на ВМРО-ДПМНЕ се само декларативни

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Електронскиот попис не може да обезбеди точни податоци за место на живеењ и да потврди националност

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОЛИЦИЈАТА ЗА МАЛКУ ЌЕ ГИ ПРЕГАЗЕШЕ ПРОТЕСТАНТИТЕ ВО БЕЛГРАД

Sase Ivanovski

СЛАВЕСКИ: Покрај Владата на Унгарија и унгарската централна банка е наш голем пријател и поддржувач

Sase Ivanovski

АРСОВСКА: Новите 20 предмети подготвени и испорачани до обвинителство

Sase Ivanovski

(Видео) Најмалку 30 лица уапсени при обид за учество на Парадата на гордоста во Истанбул

Sase Ivanovski

Левица: Најпрофитните компании исплаќаат срамно ниски плати или немаат ниту еден вработен

Sase Ivanovski

Од утре забрана за движење во шумите – казни до 2.000 евра

Sase Ivanovski

19-годишна девојка пијана предизвикала сообраќајка во Радовиш и побегнала од местото

Sase Ivanovski

Трамп му се закани на кандидатот за градоначалник на Њујорк, го нарече чист комунист

Sase Ivanovski

Еврејски доселеници нападнаа израелски војници на Западниот брег

Sase Ivanovski

Најмалку 46 лица го загубија животот во поплавите во Пакистан

Sase Ivanovski

(Видео) Гори глисер во каналот Студенчишта во Охрид, околу него паркирани десетина други

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Пуштен е во употреба експресниот пат Фариш- Дреново, во вредност од речиси 45 милиони евра

Sase Ivanovski

Петрушевски: СДС и Филипче, преку Костадинов се закануваат на новинари, сакаат да ги исплашат и да внесат несигурност

Sase Ivanovski

Процесот на европската интеграција на Македонија не е само бугарското вето, вели Муртезани

Sase Ivanovski

Затвореник од „Идризово“ украл 550 таблети и телефони за време на викенд отсуство

Sase Ivanovski

Ново намалување на цените на горивата од полноќ

Sase Ivanovski

СДСМ: МВР во функција на партиски бизниси: милионскиот тендер доби советник на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Герасимовски: Центарци со позитивни реакции за реновирањето на култната сала „Работнички“

Sase Ivanovski

Мега скандал: ВМРО-ДПМНЕ прави грабеж и во Карбинци, превоз на ученици што чини 50 денари градоначалникот го наплаќа за 1.013 денари

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува повикот за убиство и линч врз новинар од страна на Костадин Костадинов, институциите да реагираат

Sase Ivanovski

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ДЕБЛОКАДА НА  ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Коленичењето е одлика на СДС, за да не им падне владата коленичеа пред ДУИ и молчеа за криминалот на Груби

Sase Ivanovski

„Хаос на Онкологија, пациентите со рак на бели дробови власта повторно ги остави без терапија“, велат од СДСМ

Sase Ivanovski

НАША ГОГА НА МАСА СО КРАЛОТ НА ШПАНИЈА И ШЕФОТ НА ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ: Со особена чест присуствував на приемот што го приредија Н. В. Кралот Фелипе VI и Кралицата Летиција во величествениот амбиент на кралската летна резиденција, дворецот Алказар де Севиља, прогласен за светско културно наследство на УНЕСКО

Sase Ivanovski

ИРАНСКИ ВРХОВЕН ШИИТСКИ СВЕШТЕНИК ИЗДАДЕ „ФАТВА“ ПРОТИВ ТРАМП И НЕТАНЈАХУ Експерти ова го толкуват како повик на тероризам

Sase Ivanovski

УКРИНА ИЗГУБИ УШТЕ ЕДЕН Ф-16 ЗАГИНА УКРАИНСКИ ПИЛОТ ОТКАКО СОБОРИЛ 7 ДРОНОВИ Русија нападнала над 500 воздушни цели во најмасовниот удар досега

Sase Ivanovski

ИЗРАЕЛ НАРЕДИ ЕВАКУАЦИЈА ВО ГАЗА, ТРАМП БАРА КРАЈ НА ВОЈНАТА Палестинците и ОН предупредуваат дека никаде во енклавата не е безбедно

Sase Ivanovski

Лазов: ДСЗИ е посветен на обезбедување на безбедни услови за сите граѓани

Sase Ivanovski

СДСМ: Најдобриот виц оваа година е дека Максим Димитриевски бил коректор на власта, тој е обичен приврзок на Мицкоски

Sase Ivanovski

СДСМ: За една година ВМРО-ДПМНЕ и Јаневска направија хаос во образованието

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Со оро и порака „Ќе ве блокираме додека не ги тргнете машините“ се протестираше за спас на Дошница

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Помина мандатот на Сашко Митовски, а освен скандали и празни ветувања, граѓаните не видоа ништо, време е за промени во Крива Паланка

Sase Ivanovski

Масовна Парада на гордоста во Будимпешта, не успеа обидот на Орбан да ја забрани

Sase Ivanovski

Жена од Јапонија паднала од височина кај Канео

Sase Ivanovski

Николова до Јаневска: Зошто се намалуваат критериумите за ангажирање образовни асистенти, децата со попреченост заслужуваат максимални услови!?

Sase Ivanovski

Судијата не знае да чита пресуди од Стразбур, преместете го да не ја брука државата: Апасиев за спорот меѓу Мицкоски и Петровска

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОВА Е НАЈСТРАШНИОТ ЛИФТ ВО СВЕТОТ: Без врати, никогаш не застанува?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИЛИЈА ДИМОВСКИ СО НОВА ТЕОРИЈА ЗОШТО БУГАРИЈА СЕ ЛУТИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Sase Ivanovski

БОРИС ТАДИЌ: НИКОГАШ НЕМАЛО ПОГОЛЕМА КУКАВИЦА НА ВЛАСТ ВО СРБИЈА!

Sase Ivanovski

Зеленски и Трамп разговараа за потенцијално заедничко производство на дронови

Sase Ivanovski

Пронајдена почината 27-годишна девојка во Дебарското Езеро

Sase Ivanovski

КОСТА КОСТАДИНОВ МНОГУ МУ СЕ НАЛУТИ НА ЛАТАС ШТО МУ ГО НАВРЕДИ ТАТКОТО КОЈ Е ПОЧИНАТ

Sase Ivanovski

Сончево и ветровито со температура до 37 степени

Sase Ivanovski

Не е важно колку заработувате: Оваа финансиска навика е клучот до среќата и внатрешниот мир

Sase Ivanovski

Ешерихија коли „демне“ во базените: Ова мора да го знаете доколку планирате да пливате

Sase Ivanovski

Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје

Sase Ivanovski

На денешен ден – 30 јуни: Во Скопје била изведена првата балетска премиера „Валпургиска ноќ“ од францускиот композитор Шарл Гуно

Sase Ivanovski

„ОВА ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ГОДИНИ НА ГРЧКА ГРАНИЦА СО ЧЕКАЊЕТО ПО 10 СААТИ Е НАДВОР ОД УМОТ!“Македонец со апел, бара поддршка за решавање на проблемот со чекањето на Евзони!

Sase Ivanovski

(Видео) Коли без таблички пред влезот на кочанската полиција за „одбрана“ од мајките што протестираат?!

Sase Ivanovski

Трагедија во Италија: Се удави 10-годишно девојче со потекло од Македонијa

Sase Ivanovski

Небезбедно Охридско пристаниште – капетаните предупредуваат на сериозни ризици за патниците и бродовите

Sase Ivanovski

ВЈТ Белград: Приведени осуммина подготовувале напади врз државни институции; Блокади на граѓани низ цел Белград

Sase Ivanovski

(Видео) Незаборавна вечер под ѕвездите: „Massive Attack“ приреди музички ритуал во срцето на Скопје

Sase Ivanovski

Пронајдена почината 27-годишна девојка во Дебарското Езеро

Sase Ivanovski

Пациентка со рак на бели дробови се жали дека за неа нема терапија на Онкологија

Sase Ivanovski

Петровска до Мицкоски: Не се појавивте на суд и спорот заврши во едно рочиште, среќна нова 1949

Sase Ivanovski

Големи пожари беснеат кај Прилеп и Новаци

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Баерн во натпревар со шест гола го победи Фламенго и закажа пресметка со ПСЖ

Sase Ivanovski

Телефонски разговор меѓу шефовите на ЦИА и на руското разузнавање

Sase Ivanovski

Кисела Вода славеше роденден со рекордна посетеност – Ѓорѓиевски: Ова е само увертира на она што следува

Sase Ivanovski

Пожар кај селото Јосифово, хеликоптер на МВР на помош на пожарникарите

Sase Ivanovski

ВУЧИЌ ВЕТУВА СТРОГА КАЗНА БЕЗ ПОМИЛУВАЊЕ ЗА НАСИЛНИЦИТЕ Брнабиќ вели дека студентите повикале на граѓанска војна и на убивање на Србија

Sase Ivanovski

Јаневска: Ако сакате добра оценка, мора да учите

Sase Ivanovski

Димитриевски очекува победа во сите општини каде ЗНАМ ќе има кандидати за градоначалници

Sase Ivanovski

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ ИЗЛЕГУВА ОД КОАЛИЦИЈАТА СО СДСМ На локалните избори ќе оди со владејачката ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Семеен ден во Парк „Македонија“ – дел од богатата програма на Културното лето во Кисела Вода

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски реизбран за претседател на ЗНАМ: Оставете не да си ја тераме нашата македонска работа, на македонски начин

Sase Ivanovski

Иран го забранува Старлинк, се заканува со затвор и камшикување за корисниците

Sase Ivanovski

ЈАНЕ АЛТИПАРМАКОВ: Осврт кон настапот на Massive Attack на Skopje Calling 2025 – аудиовизуелна инјекција на совест и звук

Sase Ivanovski

Два, од трите ,,ер трактори”, се уште се на сервис, пензионираните двајца пилоти повторно ќе бидат во првата ,,борбена линија”

Sase Ivanovski

(Видео) Гори куќа во Кочани

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ: Граѓанскиот суд во Скопје донесе правосилна пресуда со која се утврдува дека поранешната министерка и сегашна пратеничка од СДСМ, Славјанка Петровска, јавно ширела лаги и клевети против мене

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди-Македонија ќе стане земја што извезува електрична енергија, исплата на субвенции во земјоделството и нови инвестиции во Тетово

Sase Ivanovski

Шефот на руското разузнавање, Сергеј Наришкин, телефонски разговараше со шефот на ЦИА, Џон Ратклиф

Sase Ivanovski

Вучиќ паѓа, и ние со него?!

Sase Ivanovski

Орбан: Парадата на гордоста е одвратна и срамна

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛАТАС: СТРУМИЦА Е БУГАРСКИ ГРАД

Sase Ivanovski

МЗШВ: Продолжуваме со исплата на субвенции во земјоделството и инвестиции во сточарството

Sase Ivanovski
Вчитувам....