Подрачјето на Дојран се соочи со силно невреме во претпладневните часови, при што врнеше обилен дожд, имаше интензивни грмежи, засилен ветер и падна крупен град. Овие временски појави доведоа до нагло влошување на условите, значително намалена видливост и предизвикаа локални оштетувања.
Според последните информации, нова нестабилна метеоролошка маса се движи од правецот на Гевгелија кон Дојран, што укажува на можност за повторно невреме со сличен интензитет во наредните часови. Слабa нестабилност е регистрирана и во кумановскиот регион, како и во делови од Мариово, каде се очекуваат повремени врнежи и локални електрични празнења. Метеоролозите апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да избегнуваат движење на отворено за време на невремето