Најмалку пет лица загинаа како резултат на обилните дождови во североисточна Индија, додека монсуните ја зафаќаат целата земја предизвикувајќи поплави, лизгање на земјиштето и големи штети, соопштија денес официјални лица.
Во Мизорам се урнаа најмалку три куќи, а неколку патишта беа блокирани од свлечишта, а во главниот град на државата, Ајзавл, едно лице загина, а друго беше повредено кога се урна ѕид.