Независниот синдикат на полицијата најавува протест барајќи да се почитува Законот за минимална плата и судските постапки да се спроведуваат во законски предвидените рокови.
– Бараме да се почитува Законот за минимална плата и основната плата во полицијата да биде најмалку минималната плата! Бараме воедначување на судската пракса на целата територија на државата и спроведување на судските постапки во законски предвидените рокови! Вработените во полицијата не се службеници од втор ред. Законите не може да важат за полицијата само кога треба да нѐ казнуваат – се наведува во денешното соопштение од Синдикатот. Протестот ќе се одржи на 12 мај во 12 часот пред судовите во Скопје.