17.8 C
Скопје
20/05/2024 03:28
МАКТЕЛ

  

     

 

Незапирливиот синдром на самоуништување

      

Модерните јавачи на апокалипсата олицетворени во политичките партии, и оние на власт и оние во опозиција, покосија стотици илјади млади луѓе принудувајќи ги да се иселат од родната земја во потрага по нормален живот. Овој злостор и „геноцид“ кон сопствениот народ е поголем од сите оние асимилаторски политики водени во минатите векови од страна на нашите соседи. Ако сакате некому да му ја објасните состојбата во која се наоѓа нашава држава, иако карактеризирањето на Македонија како држава е навистина незаслужен комплимент, без да изустите ниту збор, доволно е да го однесете на централниот градски плоштад во Скопје каде реата од канализацијата која тече под валканите ѓоа мермерни плочки, ќе му го даде вистинскиот одговор.

   

Покрај задушливата смрдеа ретко што друго може да ви асоцира дека се наоѓате во главниот град на државата која некогаш се викаше Република Македонија. Околу вас не се слуша македонскиот јазик, ниту пак од уличните свирачи може да чуете некоја македонска песна, мелосот повеќе потсетува како да сте во некоја земја од Блискиот Исток, ориенталните мириси од кои доминира мирисот на овчата маст, како и „стајлингот“ на минувачите околу вас само го потврдуваат тој впечаток.

 

Како за 30 години успеавме да ја загубиме државата?…Ако ги занемариме бесмислените теории дека сме наследници на Александар Македонски и ако барем малку се потрудиме во историските факти да ја пронајдеме нултата точка од каде некој човек почувствувал дека е Македонец и дека се разликува од оние кои живееле околу него, ќе се задржиме на втората половина на осумнаесеттиот и почетокот на деветнаесеттиот век. Тогаш, некои жители на Отоманската империја кои живееле на територијата наречена Македонија сфаќаат дека се разликуваат од нивните соседи Бугари, Срби, Грци, но и од Турците, Арнаутите, Власите и другите националности кои знаеле да продефилираат низ оваа територија, секоја од нив оставајќи дел од својот семенски материјал сакајќи да ја обележи територијата и можеби во иднина да ја присвои.

   

     

Населението кое живеело на овие простори, пред сè поаѓајќи од линијата на помал отпор се приклонувало кон оние кои му нуделе полесен живот, а за возврат не барале многу, доволно било да се промени презимето, црквата, јазикот или училиштето, а за сè друго ќе се погрижат новите сонародници. И така сиротиот Македонец, секогаш каскајќи зад другите, ниту се образувал, ниту стекнал материјални богатства, ниту пак свест дека треба да има своја држава. Софија, Белград, Атина биле местата каде се живеело подобро, каде немало зулуми, данок во крв, пљачкосување од страна на башибозукот, но немало ни сопствен дом, сопствен јазик и сопствен идентитет.

Но и покрај асимилаторските тенденции на соседите, поединци успеале барем во еден дел од своите животи јавно, јасно и гласно да се декларираат како Македонци и нивниот глас да се чуе во Санкт Петербург, Лондон, Париз, Виена… за да биде сведоштво за тоа дека на територијата наречена Македонија живееле Македонци кои зборувале македонски јазик и се разликувале од своите соседи. Ѓорѓија Пулевски, Димитрија Чуповски, Крсте Мисирков… не биле доволни да мобилизираат доволен број од македонското население, ниту пак да ги убедат влијателните политичари на големите сили дека Македонија треба да биде независна држава на македонскиот народ.
Па така, од немајкаде едно востание кое траело онолку време колку што било потребно да се мобилизира турската војска и од Битола да дојде до Крушево пешки, е единствениот „пиемонт“, за кој како давеник за сламка се фаќаат модерните историографи за да ја потенцираат „вековната борба против турското ропство“.

Нашата неспособност здушно ја користат соседите кои ја земаат работата во свои раце и ја бркаат Турција отаде Босфор,а ослободената територија одново ја поробуваат, распарчувајќи ја на три дела.
Во периодот пред и потоа Македонецот се бори сам против себе, а за интерес на другите. Голем број од единиците на српската, бугарската и грчката армија се пополнети од Македонци кои во Втората Балканска војна се борат меѓу себе создавајќи го синдромот на самоуништување кој сè уште е spritus movens на секој Македонец. Рамнодушноста со која денес се прифаќа реата од градскиот плоштад во Скопје само зборува за тоа дека ние како нација воопшто не сме еволуирале во насока на зацврстување на нашиот идентитет, туку напротив, ерозијата на македонското национално ткиво како рак се шири сè повеќе и повеќе.

Но ,како велат, будалиот и Господ го чува, па така за време на Втората светска војна ни се насмевнува среќата и Македонецот добива своја држава, свои институции, школи, факултети, театри, црква, успева колку толку да изгради одредена економија која овозможува нормален живот и за прв пат во историјата создавање на средната класа како темел на секое нормално, модерно општество. Со распадот на заедничката федерација, Македонија успева да стане независна, суверена и самостојна, а Македонецот конечно да има своја национална држава. Но синдромот на самоуништување ниту ора ниту копа, туку си тлее и „седи во секој од нас и го чека вистинскиот час“.
Со промена на секоја влада, од година во година, состојбите стануваат сѐ полоши и полоши, но подносливи. Системот од поранешна Југославија сè уште функционира по инерција и дава впечаток дека институциите функционираат и си ја вршат својата работа, сè до оној кобен момент пред 17 години кога на власт во Македонија доаѓа ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски.

За период од 10 години тој успева целосно да ја уништи, искраде и обезличи македонската држава, преку проектите за антиквизација , „Скопје 2014“, огромниот грабеж на народни пари и уништување и присвојување на демократските институции. Тој ги уништува основните постулати на една модерна држава, воведувајќи своевидна диктатура, грубо пресметувајќи се со неистомислениците и правејќи од Македонија лична сопственост. Девастацијата на македонското општество отиде до таму што дури и кроткиот понизен, послушен граѓанин (или посоодветно – поданик, кој „кубурот го чува за зловреме“) срамежливо ја крена главата против режимот и со помош на нашите пријатели од надвор успеа да ја поврати државата и да влее малку надеж за иднина. Но залудно, оние кои дојдоа по Груевски продолжија со самоубиствената политика на разградување, распродавање и уништување на секоја сегмент кој барем малку од Македонија правеше пристојна самоодржлива држава. Во седумте години кои следеа по Груевски растурањето на системот дојде до тој степен што ниту една институција, буквално ниту една институција, ниту пак сегмент од животот не функционира.

Корупцијата стана секојдневие, во државава не можат да се извадат лични документи, образовниот и здравствениот систем дишат на жабри, само партиските војници и послушници можат да напредуваат во кариерата, одговорност не постои, политичарите си ги зголемија платите за 78%, а ги намалија казните за кривичните дела поврзани со злоупотреба на службената положба и овластување, осудените криминалци седат дома наместо во затвор…

Сето ова е резултат на синдромот на самоуништување и немањето сенс за сопствениот идентитет и држава. Модерните јавачи на апокалипсата олицетворени во политичките партии, и оние на власт и оние во опозиција, покосија стотици илјади млади луѓе принудувајќи ги да се иселат од родната земја во потрага по нормален живот. Овој злостор и „геноцид“ кон сопствениот народ е поголем од сите оние асимилаторски политики водени во минатите векови од страна на нашите соседи. Но погубноста на овие политики на нашите политичари е во тоа што овој пат самите си ја сечеме гранката на која седиме.

За жал, јас не гледам дека во догледна иднина оваа тенденција на самоуништување би била спречена, туку напротив, таа само ќе продолжи сè до оној момент кога природните закони ќе определат кој е доволно јак да преживее, а кој не. Македонецот повеќе ја губи таа сила и ја пропушта шансата која му ја даде историјата да има, но и да одржи, изгради и унапреди сопствена држава. Нашите внуци распрскани по светот ќе стануваат на некоја друга химна, ќе се заколнуваат пред некој друг устав, ќе целиваат некое друго знаме и самите несвесни дека се спасиле од синдромот на самоуништување, бидејќи нивните предци успеале да го направат невозможното да се уништат самите себеси. Нам не ни требаат ниту гордост, нескршливост и слични празни фантазмагории; ни треба ред, функционален правен поредок со владение на правото и последично лична одговорност. Тоа остварување би било сосема доволно за вовед во речиси нормална држава. До тогаш, Господ да ни е на помош.

Мартин Гавриловски (Авторот е адвокат)

    

Најново

Приведен дилер во Битола за издржување затворска казна

Sase Ivanovski

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Каменуван автобусот на ,,Чкембари“ на излезот на Скопје, повредени се неколку лица

Sase Ivanovski

Таравари за РТК: Во новата влада на Северна Македонија шест министри и претседател на Собранието ќе бидат Албанци

Sase Ivanovski

Фуркан Салиу: Во наредните денови ќе се официјализира коалицијата меѓу ВМРО ДПМНЕ и ВЛЕН

Sase Ivanovski

СИНА АЈКУЛА ТЕШКА 200 КИЛОГРАМИ Е УЛОВЕНА ВО БУДВА Ајкулата ќе биде препарирана и изложена во музеј

Sase Ivanovski

ОСПОРЕНИОТ ЗАКОН ЗА МОБИЛИЗАЦИЈА СТАПИ НА СИЛА Украина ја намали и возраста за одење во војска

Sase Ivanovski

„СЕ ПРОБИВАА ТОЛКУ БРЗО, НЕМАШЕ КОЈ ДА ГИ СПРЕЧИ“ Русите ја преминаа северната граница на Харков

Sase Ivanovski

4 километри пепел на небото и виолетови молњи – еруптираше вулкан во Индонезија

Sase Ivanovski

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Sase Ivanovski

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Sase Ivanovski

Ахмети: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ прават се за да добијат двајца пратеници од „Европскиот фронт“, тајните договори во подруми се неприфативи

Sase Ivanovski

Франција го обвини Азербејџан за поттикнување немири во Нова Каледонија

Sase Ivanovski

Андоновски: Министерството на Груби ќе се трансформира

Sase Ivanovski

ЦУК: Поплавени подруми и гаража, пожари на отворено

Sase Ivanovski

Таравари: Верувам дека претседател на парламентот ќе продолжи да биде Албанец

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) На излезот од Скопје каменуван автобусот „Чкембари“, повредени неколку лица

Sase Ivanovski

Протести во Израел – меѓу барањата и предвремени избори

Sase Ivanovski

Сина ајкула тешка 200 килограми уловена во Будва

Sase Ivanovski

Вкупно 23 бегалци се водат како исчезнати откако со чамец тргнале од Тунис за Италија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Невреме во Струга

Sase Ivanovski

Разлика меѓу паламудење и тртомудење

Sase Ivanovski

Силјановска ПОДАДЕ РАКА КОН БУГАРИЈА преку културна дипломатија

Sase Ivanovski

МВР со детали за нападот врз Кацарска. Напаѓачот е уапсен

Sase Ivanovski

(ФОТО) Најмалку четири возила оштетени во сообраќајна несреќа пред влезот на Клинички центар

Sase Ivanovski

Ахмети ја загуби контролата откако сфати дека ја загуби власта, порачаа од Вреди

Sase Ivanovski

Паркиран камион се придвижил и удрил во автомобил: тешко повреден возачот на камионот кој се обидел да го сопре возилото

Sase Ivanovski

Членот на израелскиот воен кабинет се закани со оставка ако Нетанјаху не го усвои неговиот нов воен план за Газа

Sase Ivanovski

Едно лице почина друго се бори за живот во несреќа во лифт во угостителски објект во Штип

Sase Ivanovski

Ветерот и сонцето произведоа рекордни 22 отсто од електричната енергија во ЕУ

Sase Ivanovski

Од девет убиени жени во Србија, седум се од Војводина

Sase Ivanovski

Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Sase Ivanovski

Тешка сообраќајна несреќа пред влезот на Клиничкиот центар

Sase Ivanovski

Во Иран обесени седум луѓе осудени на смрт, меѓу кои и две жени

Sase Ivanovski

Лавров: Русија останува отворена за дијалог со Западот, но само под еднакви услови

Sase Ivanovski

Невработеноста голема, а бројката на отворени работни позиции расте, каде лежи проблемот?

Sase Ivanovski

Големо истражување откри што повеќе влијае на животниот век – гените или начинот на живот

Sase Ivanovski

Фуркан Салиу: Директорот на токсикологија упорно се обидува да дефокусира и ја тера дебатата во меѓуетнички контекст

Sase Ivanovski

Полска инвестира повеќе од 2 милијарди евра во зајакнувањето на својата источна граница

Sase Ivanovski

Опасната игра на ДУИ

Sase Ivanovski

(Видео) „Јас моето што го сакав, да го набркам силеџијата Шилегов, го направив“ – Со Перо Камиказа за политиката

Sase Ivanovski

Вработените во „Дрекселмаер“ засадија 1.200 садници во Жегљане

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со Крис Павловски, директор на Рамбл

Sase Ivanovski

Герасимовски: Булингот носи сериозни последици, само ако делуваме заедно може да го спречиме

Sase Ivanovski

„Јас одам Скопје – Атина, само не знам дал ќе минам граница“ – Стануваат ли повторно актуелни овие рефрени?

Sase Ivanovski

Куманово на врвот на листата по дивоградби – се легализираат куќи од 300 квадрати, се злоупотребува законот, се отвораат можности за корупција

Sase Ivanovski

Најголемата општина во државата – Куманово нема кино, младите бараат решавање на проблемот

Sase Ivanovski

Донесена првата неправосилна пресуда за мобинг во Кумановскиот суд

Sase Ivanovski

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Sase Ivanovski

Пронашле граната и ја однеле во полиција, ЦУК апелира да не се допираат неексплодираните средства

Sase Ivanovski

Владини функционери во Словачка ги обвинуваат медиумите и опозицијата за пукањето во премиерот Фицо

Sase Ivanovski

Д-р Димитров: ПАП тестот е историја, жените треба да прават ХПВ тест

Sase Ivanovski

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

Sase Ivanovski

Палевски во затворот во Шутка дошол со куфер, евра и лири

Sase Ivanovski

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Sase Ivanovski

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Sase Ivanovski

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

Sase Ivanovski

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии

Sase Ivanovski

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

Sase Ivanovski

СООБРАЌАЈКА НА ТРИ АВТОМОБИЛИ КАЈ КИЧЕВО Повредени се тројца тинејџери и двајца возрасни

Sase Ivanovski

СЕ СУДРИЈА ТРАКТОР И КАМИОН ВО БИТОЛСКО НОВАЦИ Трактористот е тешко повреден

Sase Ivanovski

УТРЕ ЌЕ ИМА ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ НА ДВЕ ЛОКАЦИИ ВО СКОПЈЕ Се одржуваат две рекреативни трки

Sase Ivanovski

ПАДНАА ТУЖБИТЕ НА ЕВРОПСКИ ФРОНТ ПРЕД УПРАВЕН СУД Ќе се прегласува на 7 изборни места

Sase Ivanovski

ФОТО | Салфетката на која Меси го потпиша договорот со Барселона продадена за 888.000 евра

Sase Ivanovski

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ донираше ламинат за детската градинка во Конче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова освен со папата, во Рим на средба и со италијанскиот претседател Матарела

Sase Ivanovski

Претседателството на ДУИ попладнево ќе одржи состанок

Sase Ivanovski

Најмалку 50 загинати во поплавите во Авганистан

Sase Ivanovski

ВИДЕО| Бислимоски: Да ги одржуваме браните, да не ни се случи Либија

Sase Ivanovski

Поранешен српски репрезнтативец направил скандал во Белград: Беснеел во хотел и се заканувал на полицајци

Sase Ivanovski

САД со предупредување до американските граѓани, да бидат внимателни додека патуваат во странство

Sase Ivanovski

Сејдини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите во Управен

Sase Ivanovski

Климатски активисти ги блокираа пистите на аеродромот во Минхен, објавено е одложување на летовите

Sase Ivanovski

Експертската јавност децицна – Нема правни механизми за распуштање на Советите

Sase Ivanovski

Кривична против градоначалник за незаконски исплати за време на избори

Sase Ivanovski

Кривична пријава против полицајката која беше фатена со мито од над 10 илјади евра

Sase Ivanovski

Зеленски го одби планот за примирје на Макрон:„Емануеле не веруваме во тоа“

Sase Ivanovski

Човекот кој го нападна сопругот на Ненси Пелоси со чекан е осуден на 30 години затвор

Sase Ivanovski

Изгласана новата хрватска Влада, 79 пратеници гласаа за

Sase Ivanovski

Полуматуранти во Подгорица при прослава со факли го запалиле покривот на училиштето

Sase Ivanovski
Вчитувам....