10.8 C
Скопје
31/03/2025 08:24
МАКТЕЛ

    

Неисправност на хидрантна мрежа и блокирани излези за евакуација најчести проблеми во станбените згради

      

Украдени противпожарни црева, неисправност на хидрантската мрежа, попречени излези за евакуација со мебел или заградени од страна на станари…. се дел од неисправностите што ги пријавиле управителите на станбените објекти откако од општинските инспекциски служби добија задолжение да достават информација за неопходната противпожарна опрема во станбените згради.

По истекување на рокот за доставување на податоците од страна на управителите или заедниците на станари, а кои според податоците што МИА ги доби од пет скопски општини, истекува месецов, се очекува инспекторите да извршат контрола на станбените објекти со цел да проверат дали добиените податоци соодветствуваат со фактичката состојба на терен. Потоа, секоја општина, ќе треба да достави записници од извршените контроли до ЗЕЛС и тие потоа ќе може да бидат дадени на увид на јавноста. Ќе им се даде одреден рок на управителите на станбените згради да ги поправат недостатоците и неправилностите доколку се констатираат. Недостигаат околу 40 инспектори.

   

Ваквите контроли коишто почнаа по иницијатива на ЗЕЛС по пожарот во Кочани во кој загинаа 59 лица, а околу 200 беа повредени, го отвори и прашањето за недостигот на комунални инспектори кои треба да ги има секоја општина. Токму затоа и начинот на проверка се разликува од општина до општина. Некаде инспекторите излегуваат на терен за да ја утврдат фактичката состојба, а во оние општини кои немаат доволни капацитети, тоа се прави преку куќните совети и управителите кои до општината треба да достават информација дали во нивната зграда постои и каква е исправноста на хидрантската мрежа, дали хидрантите поседуваат вентили и хидрантски црева, дали објектите поседуваат противпожарни апарати и дали се проодни противпожаните скали на станбената зграда.

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Георгиевски во изјава за медиумите откри дека треба да се вработат уште околу 40 инспектори за да може да се постапува соодветно. Контроли, рече Георгиевски, мора да се направат секаде и сите општини ќе си помогнат меѓусебно, а во следниот период ќе се потрудат во секоја општина да биде вработен соодветен инспектор. МИА ги контактираше поголемите скопски општини како Кисела Вода, Аеродром, Карпош, Центар и Чаир од каде доби информации дека контролите се во тек.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески вели дека Секторот за инспекциски работи ги задолжил сите станбени управители и заедници на станари да направат скенирање на состојбата со хидрантите, противпожарните апарати и влезовите и излезите за евакуација, по што им е даден рок од пет дена да достават извештај до општината. Рокот за достава на податоците во оваа општина истече на 28 март, по што веќе од оваа недела се очекува инспекторот да излезе на терен и да утврди дали податоците соодветствуваат со фактичката состојба.

– Инспекторот за домување ги задолжи сите станбени управители и заедници на станари да направат скенирање на состојбата со хидрантите, противпожарните апарати, пристапи, односно влезови и излези за евакуација од зградите, дали се ослободени или постојат некакви препреки, со што им беше даден рок на сите станбени управители од пет дена да достават повратен извештај до Општина Аеродром. Тој рок истекува заклучно со 28 март, по што по добивање на податоците од станбените управители и заедници на станари, инспекторот ќе излезе на терен за да ги инспектира станбените податоци, вели Митески за МИА. Од Општина Кисела Вода велат дека и на територија на оваа општина интензивно се вршат инспекциски надзори во станбените згради, кои се во согласност со Законот за домување и Правилникот за нормите и стандардите за домување во станбените згради.

– Во врска со евидентираните нерегуларности, се контактираат управителите на станбените згради, односно претседателите на заедницата на сопственици при што се бара од истите да свикаат собир на сопственици на кој ќе се запознаат сопствениците со укажаните нерегуларности и од страна на овластениот инспектор за домување им се дава рок за отстранување на неправилностите. По завршување на тој рок, станбените згради ќе подлежат на дополнителна проверка за да се утврди дали се усогласиле со законските прописи, посочуваат од Општина Кисела Вода.

Од Општина Центар за МИА информираат дека Секторот за инспекциски надзор спроведува акција за превенција и проверка на средствата за противпожарна заштита при што сите заедници на сопственици и управители на станбени и станбено-деловните објекти на територијата на општината потребно е во писмена форма во рок од седум дена, почнувајќи од 24 март да достават писмено известување за тоа дали во нивната станбена зграда постои и каква е исправноста на хидрантската мрежа, дали хидрантите поседуваат вентили и хидрантски црева, дали објектите поседуваат противпожарни апарати и дали се проодни противпожаните скали на станбената зграда.

– Во рамки на работите на тековно и инвестиционо одржување на станбените згради, заедниците на сопственици или управителот потребно е да преземе активности за
одржување, поправка и замена на хидранти, хидрантски црева и други хидрантски делови, набавување на ПП апарати и обезбедување на функционалност на противпожарните скали во зградата, велат од Општина Центар. Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски во изјава за МИА нагласува дека интересот кај граѓаните е голем и дека ваква контрола била направена и во 2022 година.

– Ние почнавме со контроли пред ЗЕЛС да донесе било каква одлука, а ние таква контрола сме направиле и во 2022 година. Одѕивот по станбените згради е извонреден. Треба да исконтролираме речиси 1.500 влезови, а ние досега имаме преку 300 влезови, меѓутоа интересот е голем и кај самите граѓани, вели Јакимовски. Во изјава за медиумите дадена минатата недела Јакимовски информира дека во неговата општина само во една зграда состојбата одговара согласно законот.

– Општина Карпош има 820 згради и околу 1500 влезови. Досега одговориле 330 и уште 259 се јавиле на нашите телефони за дополнителни инструкции. Има 41 противпожарен апарат. Во 18 станови има исто така противпожарни апарати, има апарати за СО2 за гасење на пожар од електрична инсталација, има еден специјален систем за гасење пожари и панични светла итн. Само една зграда во Карпош е онака како што треба, како што бара законот, а тоа е зградата на Адора. За жал, за другите не можеме истото да го кажеме, рече Јакимовски. И во општина Чаир се започнати контролите за безбедност на станбените згради, вклучително и проверка на хидрантните мрежи и противпожарните апарати. Како што велат од Општината, во оваа фаза се собираат податоци од управителите на куќните совети.

– Овластениот инспектор за домување е во комуникација со управителите на куќните совети и во одреден рок се собираат потребните податоци, велат од Општина Чаир. Првично утврдени низа нарегуларности околу опремата во станбените згради. Од досегашните извршени инспекциски контроли во овие пет скопски општини најголем дел од нерегуларностите биле констатирани во однос на дефекти на хидрантската мрежа, немање противпожарни апарати, попречени влезови и излези за евакуација… Со подетални информации околу тоа во колку станбени објекти недостасува заштитната опрема и што друго недостасува за заштита од пожари, општините ќе излезат по извршените контроли.

– Граѓаните имаат поплаки и веќе доставуваат информации до нас како институција. Во најголем дел поплаките се однесуваат на украдени противпожарни црева, неисправност на хидрантската мрежа, односно дефекти и попречени излезени за евакуација попречени со мебел, со ствари, некаде и заградени од страна на станари. Тоа се трите најчести проблеми со кои се соочуваме односно ги добиваме како информација од сопствениците на станови, вели градоначалникот на Општина Аеродром. Во Општина Кисела Вода најголем дел од нерегуларностите се во врска со немање противпожарни апарати и нефункционална хидрантна мрежа.

– Оваа нерегуларност најчесто се констатира кај постарите станбени згради. Ова не е случај со новите станбени згради каде скоро и да не се констатирани неправилности во врска со тоа прашање, велат од општината. Во Општина Карпош најголем дел проблемите се недостиг на ПП апарати и хиндрантски мрежи. Од Општина Центар не посочија што недостасува во станбените објекти од опремата за заштита од пожари. Потенцираат дека од спроведената акција и дополнителната инспекција на терен, податоците ќе бидат предадени на соодветните служби за оние станбени згради каде ќе бидат утврдени неправилности кои нема да бидат отстранети во одреден рок.

И од Општина Чаир не посочуваат дали досега се утврдени неправилности, затоа што, како што велат, уште траат инспекциските контроли. По завршувањето на анализата и добиените информации од состојбата на терен, ќе се објават детални информации за констатираната состојба вклучително и нерегуларностите онаму каде што ќе се најдат. Доколку се утврдат прекршувања на Законот за домување, велат од оваа општина, ќе следуваат соодветни санкции.

  

Најново

ТАМАРА ТОДЕВСКА НАЈАВИ ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВАТА НА НАСТРАДАНИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

Sase Ivanovski

„Охрид СОС“: Оние на власт, поранешни и сегашни допуштаат градење хотел на сметка на светското наследство

Sase Ivanovski

Патиштата влажни, се препорачува прилагодена брзина на движење

Sase Ivanovski

Најмногу врнежи во Виница

Sase Ivanovski

Плата до 5-ти и породилно отсуство од 18 месеци – предлозите на Левица утре на дневен ред

Sase Ivanovski

Херојот Јован во посета на Бигорскиот манастир

Sase Ivanovski

Во Лондон дводневен Самит за борба против шверцот на мигранти

Sase Ivanovski

Трамп: Ако Зеленски не го прифати договорот за ретки минерали може да биде „во голема неволја“

Sase Ivanovski

Дали Венко Крстевски ќе биде в.д. градоначалник на Кочани?

Sase Ivanovski

Мартовските плати на здравствените работници повисоки за 15 отсто

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Наполи го доби дербито со Милан и остана во трка за шампионската титула со Интер

Sase Ivanovski

Да не се заборави случајот со Миле Тодоров и да не се стави во фиока, бара неговото семејство

Sase Ivanovski

Израел да ги прекине нападите врз Појасот Газа, бара Макрон

Sase Ivanovski

Пукање во Мајами: Возач на автобус пукал во патници

Sase Ivanovski

Бројот на загинати во Мјанмар се искачи на 1.700 мртви и 3.400 повредени

Sase Ivanovski

Солидарност од Бугарија кон големата трагедија во Република Северна Македонија 

Sase Ivanovski

ГО РОДИЛА ДЕСЕТТОТО ДЕТЕ НА 66-ГОДИШНА ВОЗРАСТ „Се хранам здраво, никогаш не сум користела контрацепција“

Sase Ivanovski

ОВА СЕ НАЈСЕРИОЗНИТЕ ПОЖАРИ ВО КЛУБОВИ ВО СВЕТОТ Што се случи во „Колектив“ во Букурешт во 2015 година?

Sase Ivanovski

УАПСЕНИ ЖЕШКИТЕ ШПИОНКИ НА ПУТИН – ЦВЕТКА И ЦВЕТАНКА Паѓа шпионска мрежа од Балканот која работела за Русите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЕВРОПСКИОТ РИВАЛ НА СПЕЈС ИКС ИЗГОРЕ ПО 44 СЕКУНДИ ЛЕТ Експлодираше ракетата на германски „Исар Аероспејс“

Sase Ivanovski

СЕРИОЗНИТЕ ТЕМИ БАРААТ СЕРИОЗЕН ПРИСТАП Мицкоски e спремен да го прими Филипче на разговор

Sase Ivanovski

ПОЧНУВА СО РАБОТА СТРАНСКА ИНВЕСТИЦИЈА ВО ШТИП Мицкоски откри дека се разговара со уште компании

Sase Ivanovski

МАРТОВСКИТЕ ПЛАТИ ЗА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ЌЕ БИДАТ ПОГОЛЕМИ ЗА 15% Пензиите од 1 април ќе се покачат за 2.500 денари

Sase Ivanovski

Скандал во гостиварска џамија пред Бајрам: Лидер на македонските Турци ја обвини ИВЗ за понижување на турскиот јазик

Sase Ivanovski

Српски град го прогласи Вучиќ за персона-нон-грата

Sase Ivanovski

Трамп: Ако не успеат преговорите за нуклеарната програма, Иран ќе биде бомбардиран

Sase Ivanovski

Зеленски пријавил дека неговото семејство лани имало приход од 380.000 евра

Sase Ivanovski

Палестинската Црвената полумесечина пронајде 14 безживотни тела на болничари и припадници на Цивилната заштита

Sase Ivanovski

Латас ме обвини дека на прием во Букурешт сум се степал, на суд ќе требе да признае кој му ја кажал таа лага. Екс амбасадорот Жерновски убеден дека тоа го смислил министерот Муцунски

Sase Ivanovski

Германската индустрија месечно губи повеќе од 10 000 работни места

Sase Ivanovski

Вака изгледа Московското метро…

Sase Ivanovski

Долф Лундгрен (67) забележан на ретко излегување во Лос Анџелес со сопругата и ќерката, кои имаат по 28 години

Sase Ivanovski

Синдикалците излегуваат на улица

Sase Ivanovski

Трамп: Ќе го земеме Гренланд, 100 отсто, не исклучувам воена сила

Sase Ivanovski

Нов силен земјотрес го погоди Мјанмар утрово

Sase Ivanovski

Расте гневот против Маск со протести во десеттина градови во САД и Европа

Sase Ivanovski

Кавадарчанка пријавила физички напад од сограѓанка на фудбалско игралиште

Sase Ivanovski

(ФОТО) Извлечени тела од под урнатините на облакодерот кој се сруши во Бангкок

Sase Ivanovski

На 90-годишна возраст почина актерот Ричард Чембрлен

Sase Ivanovski

Независниот советник Крстевски можен в.д. градоначалник на Кочани

Sase Ivanovski

До четврток ќе се задржи дождот, стабилизирање дури во петок

Sase Ivanovski

Пешевски: Пратениче Бране, ги опљачкавте граѓаните по сите параметри, а сега без срам велите дека 500 евра минимална плата е многу

Sase Ivanovski

Пукање од возило во движење во Чаир: Полицијата пронајде пет чаури, осомничениот приведен

Sase Ivanovski

Ужас во САД: Возач на автобус пукал во патници – има загинати

Sase Ivanovski

Костадинов му одговори на Мицкоски: Општина Струмица аплицираше со 13 проекти до Владата

Sase Ivanovski

Нов случај на семејно насилство, скопјанец ја нападнал сопругата од која се разведувал

Sase Ivanovski

Студентите во Србија со часови протестираа пред редакцијата на ,,Информер”

Sase Ivanovski

Бурџ Калифа во Дубаи во знакот на Црна Гора во чест на посетата на Премиерпт Милојко Спајиќ

Sase Ivanovski

На која страна сте – Тим Тесла или Тим BYD?

Sase Ivanovski

„Тејст атлас“ (Taste Atlas), објави листа од 30 најдобри македонски јадења

Sase Ivanovski

Трошоци за одржување на возила од сите брендови

Sase Ivanovski

Топ 10 земји со најмногу лекари по глава на жител!

Sase Ivanovski

ЛУКАРЕВСКА: САМИ СЕ НАПАЃАВМЕ, ЗАТОА ГО ДОЖИВЕАВМЕ ИСТОРИСКИОТ ПОРАЗ!

Sase Ivanovski

Isar Aerospace: Пробна ракета за започнување сателитски лансирања од Европа падна на земја и експлодираше 40 секунди по полетувањето од норвешкото вселенско пристаниште

Sase Ivanovski

Колку државите трошат на вселенски програми!

Sase Ivanovski

Два автомобили сопственост на трисет и двегодишник од Куманово ноќва биле опожарени на паркинг простор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кокаин вреден 187 милиони евра скриен во пелети

Sase Ivanovski

Владимир Путин лансираше нова подморница на нуклеарен погон – Перм, вооружена со хиперсонични ракети Циркон

Sase Ivanovski

„За “Северџанизмот”

Sase Ivanovski

КОД 2025 – Полициски неправилности и мрежа на фирми на газдата на Пулс во Кочани

Sase Ivanovski

Трамп размислува за трет мандат: Не се шегувам

Sase Ivanovski

Бројот на загинати во Мјанмар се искачи на 1.700 мртви и 3.400 повредени

Sase Ivanovski

Алкалоид ќе игра европско полуфинале!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ФФМ одговори на реакцијата на ФК Пелистер

Sase Ivanovski

Протести за поддршка на нападнатата деканка – има тешки моменти, но нема страв

Sase Ivanovski

АХВ: Ако имаат остатоци од пестициди, производите нема да стигнат на пазарот

Sase Ivanovski

Ректорот на Универзитетот во Белград: Власта е минлива, универзитетот е постојана институција

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Вонредно издание на Митови и факти: Трагедиите се резултат на полнењето на инспекциите со партиски кадар

Sase Ivanovski

Нилсен: САД нема да го добијат Гренланд

Sase Ivanovski

„Пулс“ била во полициските архиви уште од 2022 година

Sase Ivanovski

Есад Паша Топтани: Премиер на Албанија за време на Првата светска војна

Sase Ivanovski

Златен медал на Скопје Опен Г1 2025 со четири фуриозно победи освои еден од најдобрите јуниорски репрезентативци Андреј Василевски.

Sase Ivanovski

Стадтале Кемниц, завршен во 1974 година од Рудолф Вајсер со структурен придонес од Хуберт Шифелбајн, стои како белег на модернизмот од ерата на ГДР.

Sase Ivanovski

Познан, Полска: „Алфа“ деловни згради (5 кули) и стоковна куќа. Изградена 1968-1971 година.

Sase Ivanovski

Dane Hermes Wine Estate – Винарија Дане Хермес: Со гордост ги претставуваме своите вина на еден од најважните годишни настани во винската индустрија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „На кавга со Иван“: „За Таче и неговите balls и за Заев и неговиот суетен новинар и пе**р“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Искри на вечното дерби Пелистер – Вардар: Проценете дали има пенал според вас?

Sase Ivanovski

ВЕВЧАНИ: Вратите на Детската градинка Планински Цвет се сменети, како што најави градоначалникот Спасе Кочовски – Но старите се фрлени во вевчанската природа.

Sase Ivanovski

Mуслиманите денеска го слават празникот Рамазан Бајрам

Sase Ivanovski

Приходите од влезници на „Киненова“ наменети за семејствата на настраданите во Кочани

Sase Ivanovski
Вчитувам....