Македонските граѓани штедат повеќе од минатата година, но и задолженоста расте. Во просек, секој жител должи околу 246.000 денари. Во април 2025 година, вкупните депозити на граѓаните (домаќинствата) достигнале 408.621 милиони денари, што претставува годишен раст од 12 отсто, соопшти Народната банка (НБРСМ). Овој пораст, како што велат од банјата, е најмногу резултат на зголемувањето на депозитните пари и долгорочните депозити во денари.
Во истиот период, вкупните кредити дадени на домаќинствата достигнале 256.344 милиони денари, што претставува раст од речиси 10 отсто на годишно ниво. Особено е забележливо зголемувањето на станбените кредити за 14 отсто, како и потрошувачките кредити за 9 отсто. Со вкупни кредити од 508.520 милиони денари и популација од околу 2,07 милиони жители, секој граѓанин во просек должи околу 246.000 денари.

Вкупните депозити на целокупниот недржавен сектор (граѓани и фирми) во април 2025 година изнесувале 600.920 милиони денари, што е годишен раст од 11,6 отсто. Истовремено, вкупните кредити на недржавниот сектор достигнале 508.520 милиони денари, со годишен раст од 11,8 отсто. Извор: Новинска агенција МЕТА