24.8 C
Скопје
13/06/2025 19:30
МАКТЕЛ

   

НЕКОЈ НА МАТКА ЌЕ МОЖЕ ДА СИ РАЗМЕНИ СТРУЈА СО НЕКОЈ ВО АЕРОДРОМ Еве зошто инвестирањето во панели и во батерии ќе стане лесно и исплатливо

      

За првпат ќе има правна рамка за складирање на електричната енергија. Складиште станува посебна енергетска дејност, посебна активност за која може да се јават компании и да добијат лиценца, дури и ако не се од таа дејност. Тие ќе можат да инсталираат складишта за струја.Потребни ќе бидат ИТ експерти за да се имплементира идејата секој граѓанин или фирма да може во реално време, преку апликација или на интернет да има информации за своите системи за струја, меѓу кои и обновливите.

Вака беше речено на брифингот за новиот амбициозен Закон за енергетика кој, според директорот на Електродистрибуција Сашо Салтировски, е здрав темел кон европските директиви врз кои треба да се изгради „куќата“ од подзаконски акти со кои различни категории граѓани ќе можат да инвестираат во различни извори на струја.
Надоврзувајќи се на изјава на министерката за енергетика Сања Божиновска која најави дека со овие граѓански групи станарите во една зграда ќе можат да се договорат за поставување и управување соларни панели, Салтировски вели:

   

– Ако некој им викендичка на Матка со соларни панели ќе може да си размени струја со некој којшто живее во општина Аеродром. Ако еден граѓанин има електричен автомобил, друг соларен панел, трет батерија, сите тие имаат обврски. Тоа нема да се случи преку ноќ, потребна е дигитализација.

Според шефот на Електродистрибуција, законот предвидува жив систем во кој потрошувачот ќе биде на прво место.
Министерката Божиновска, која го нарече законот историски, го најави делот со складирање батерии. Новата дејност ќе им биде достапна на сите енергетски објекти, но со обврска за складирање една петтина од вкупната моќност на струјата.
– Ќе се олесни градењето на соларни централи. Секој нов енергетски објект ќе има обврска за 20% батерии, кои се новитет. Министерството ќе развие 10-годишен план за електропреносниот систем – изјави министерката.

Она што е ново е дека со вмрежување меѓу ЕСМ и МЕПСО, преносникот и дистрибутерот на струја, се намалуваат непознаниците за корисникот. Ова особено важи за инвеститорите кои ќе сакаат да вложат во производство на струја од зелени извори.Заменик директорот на МЕПСО Александар Пауновски рече дека во членот 87 има одредби за обновлива енергија.
– Секоја централа која користи систем за обновлива енергија, мора да складира батерии со 20% од моќноста. Со ова се овозможува флексибилност на системот. Значи, мрежата побрзо ќе се управува при преноси на струја, дополнувања и така натаму – рече тој.

Пауновски потсетува дека за првпат ќе има правна рамка за складирање на електричната енергија. Складиште станува посебна енергетска дејност, посебна активност за која може да се јават компании и да добијат лиценца, дури и ако не се од таа дејност. Тие ќе можат да инсталираат складишта за струја. Тие ќе можат да учествуваат во пазарот на баланс на енергија.
Во МЕПСО и во ЕСМ имало дури 8.500 паралелни апликации од заинтересирани лица и фирми за произведување чиста енергија. Ова преклопување настанало поради моменталните непознаници за тоа што е потребно за да се инсталира соларен панел или ветерница или друг систем на сопствено земјиште.
– Нема повеќе само купување земја и дозволи и одење во ЕВН и во МЕПСО и оп, нема капацитет за приклучок. Сега ќе има предвидливост и инвеститорите ќе знаат – вели Салтировски велејќи дека промените се во синхронизирање на систем-операторите.

Пауновски од МЕПСО објасни дека се работи на „систем оф систем“, каде што операторите ќе си разменуваат податоци во реално време. Инвеститорите, од друга страна, нема да кружат меѓу институциите.
– Најголемата новина е процедура за приклучување на сите инвеститори кои сакаат обновлив извор на енергија до 1 мегават час, ќе има централизирана постапка со барање во Министерството, а МЕПСО и ЕВН заедно ќе го надгледуваат тоа – рече тој.

Пауновски уверува дека со новиот систем ќе бидат избегнати паралелните приклучувања и ќе се избегнуваат спорови меѓу претпријатијата.
– Законот препознава дека мрежата не е еднонасочна. Имаме 8.500 прелиминарни приклучоци, но со законот речиси сите се поништени бидејќи голем дел од нив се преклопени точки на ЕВН и МЕПСО – објасни Пауновски.
Со новиот закон МЕПСО ќе биде под капа на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Најавена е целосна компатибилност со европскиот модел „Clean energy package“.
– Законот ќе значи повеќе инвестиции, но и повеќе одговорност. За МЕПСО тоа значи и јасна регулација на системските услуги. Поддршка за воведување смарт решенија за пренос на струјата – додаде Пауновски.

Според студија во ЕУ, во наредните 10 години инвестициите во Унијата мора да се зголемат дупло, односно на околу 400 милијарди евра.
Новиот закон за енергетика кој веќе е на сила предвидува 10-годишен план за Македонија во кој обновливите зелени извори се приоритет за земјава.
Според челниците на енергетските оператори на брифингот за новинарите, спроведувањето на законот ќе ја стави Македонија на прво место во регионот и сигурно на мапата во Европа по имплементирањето на стандардите.

   

Најново

ПОРАДИ ДРУГИ ЧЕКАТЕ 20 ГОДИНИ Сијарто нагласи дека Македонија има малку поддржувачи во Унијата

Sase Ivanovski

СДСМ: Зошто се штити оној кој ја дал наредбата за затворање на вратата на дискотеката ,,Пулс”?

Sase Ivanovski

Дино Мерлин ќе донесе неколку милиони евра приход за Штип: Најавено е мега шоу во септември!

Sase Ivanovski

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ поддржува една изборна единица

Sase Ivanovski

Јанев: Со дигитализацијата е зголемена бројката на откриени бегалци барани со потерници на граничните премини

Sase Ivanovski

Од четврти до шести јули на стадионот во Штип ќе се одржи The festival, и најавено е гостување на околу 30 познати музички имиња – Бесплатен влез и хуманитарни билети од 1.500 денари за Кочани на The Festival: Архангел, Мизар, Фолтин и Кирил Џајковски помеѓу десетиците гости!

Sase Ivanovski

Татко од Куманово си ја силувал малолетната ќерка

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: За седум години претходната Влада направи долг од 4,1 милијарда евра

Sase Ivanovski

СО ПАМЕТНИТЕ БРОИЛА ЌЕ ЗАБОРАВИМЕ НА ПАУШАЛИТЕ Што точно добиваме како потрошувачи со новиот закон за енергетика?

Sase Ivanovski

Грузија продолжува со апсења на водечки опозициски фигури – Ника Гварамија во притвор до девет месеци

Sase Ivanovski

ФЛЕКС КРЕДИТ ПРИСУТЕН И ВО ЦРНА ГОРА Компанијата отвори ново поглавје во работењето

Sase Ivanovski

ИЗНЕНАДУВАЧКИ ПОТЕГ НА ВУЧИЌ Српскиот претседател ја посети Украина прв пат по избувнувањето на војната

Sase Ivanovski

ДАНЕЛА БЕСНО ЗАПУКА ПО ЈОЦИ И ПО ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ „Да завршам со Висар Ганиу во Чаир, па ќе дојдам во Кисела Вода“

Sase Ivanovski

Битиќи до Кочоска: Колкав е реално јавниот долг на државата после историското задолжување?

Sase Ivanovski

Општина Аеродром е без струја поради пожар, седум противпожарни возила се на терен

Sase Ivanovski

Полицаец возел пијан, пресекол полна линија и се заканувал на возач, заработи кривична пријава

Sase Ivanovski

За неуспехот на евроинтегративната политика во 2024 и 2025 е виновна оваа Влада

Sase Ivanovski

И се заканил со пиштол на вработена во тобако во Кавадарци и и го земал дневниот промет

Sase Ivanovski

СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се обиде да ја релативизира одговорноста на актуелните функционери

Sase Ivanovski

Изгорел „Пасат“ во Бардовци, огнот зафатил уште еден автомобил

Sase Ivanovski

Дејан Мираковски реизбран за ректор на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“

Sase Ivanovski

Пензионер е тешко повреден во Свети Николе, сограѓанин го прегазил со автомобил

Sase Ivanovski

Бугарско приморје: Млада девојка избоде тројца мажи во ресторан во Сончев Брег

Sase Ivanovski

Се судриле мопеди во Битола, три деца се повредени

Sase Ivanovski

Трагедија во Грција: Потврдена мозочна смрт кај две деца што паднаа во реката Арахтос

Sase Ivanovski

Мито, негрижа, фалсификати и среброљубие: За пожарот во „Пулс“ обвинети 34 физички лица и 3 фирми

Sase Ivanovski

Пуштен патот од Охрид до Св. Наум, обновени 24,4 километри

Sase Ivanovski

За невладиниот сектор високиот праг е акт на страв

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова: Ако ми е мене редот, не е проблем да разговарам и со премиерот Жељазков

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ ПРИЛЕП: Борче Јовчевски им го направи кошмар животот на Прилепчани

Sase Ivanovski

Битиќи до Кочоска: Фирмите страдааат, кога ќе обезбедите поврат на ДДВ кон сите компании?

Sase Ivanovski

Џамбаски повторно бара вето: „Срам и предавство“ е што бугарската Влада не го санкционира тоа што се случува во Македонија

Sase Ivanovski

РСЕ: Влегува ли Македонија во игра за депортација на мигранти од САД?!

Sase Ivanovski

Силјановска Николиќ: Вишиот управен суд потврди картел на веледрогериите АД Д-р Пановски и Фарма Трејд, следува институционална координација

Sase Ivanovski

Дозволиле активирање на пиротехниката“, осомничените 13 полицајци се однесени во суд

Sase Ivanovski

За фалсификатот лиценци за „Пулс“, државен службеник побарал и зел 226.000 денари од сопственикот

Sase Ivanovski

Беким Незири и Дритон Кучи се министрите за кои е запрена постапката за Кочани

Sase Ivanovski

(ИНТЕГРАЛНО) Обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“, 34 физички и три правни лица се товарат за тешки дела против општата сигурност

Sase Ivanovski

Герасимовски: Граѓаните со големи пофалби за новоизградената градинка Пролет

Sase Ivanovski

Кина ги предупреди своите граѓани во Иран и Израел за потенцијални напади

Sase Ivanovski

Херцог повторно со религиска реторика ги правда нападите: Израел има исконско право и света должност да се брани

Sase Ivanovski

Муцунски: Нашиот пат кон ЕУ треба да стане предвидлив, не смееме да дозволиме да бидеме понижени

Sase Ivanovski

Годишно по 20 македонски студенти ќе добиваат стипендии за студии во Унгарија

Sase Ivanovski

Муцунски и Сијатро потпишаа Договор за стратешко партнерство помеѓу Македонија и Унгарија

Sase Ivanovski

Меџити: Блокирани вкупно 226 страници за онлајн коцкање

Sase Ivanovski

Ќе се обновуваат дел од сервисните улици на булевар Јане Сандански

Sase Ivanovski

УЈП: Угостители, трговци и вршители на дејност да го регистрираат готовинскиот промет и да издаваат фискални сметки

Sase Ivanovski

Две трансплатации на коска од починат донор на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ

Sase Ivanovski

Пијан радовишанец со мопед удрил во деветгодишно девојче

Sase Ivanovski

Ваучерите за образование на возрасни се успешна алатка за зголемување на конкурентноста

Sase Ivanovski

Почнува уписот во средните училишта – од утре прво електронско пријавување во јуни

Sase Ivanovski

СДСМ бара оставки и кривична одговорност од Јанев и Тошковски за пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Исчезнат е штипјанецот Владимир, семејството со апел до граѓаните за каква било информација

Sase Ivanovski

Пазарџиите немаат дерман од „лепливите прсти“ на муштериите, бадем и маслинка за проба, овошка в џеб и отиде дневниот пазар

Sase Ivanovski

Министерството за надворешни работи во врска со информациите за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран да ги следат националните портали за итни случаи

Sase Ivanovski

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто во работна посета на земјава

Sase Ivanovski

ФОТО: Архиепископот Стефан со црковна делегација на прием во Руската амбасада

Sase Ivanovski

Британскиот кредит и инфлацијата: Владата ветила 139 мерки за подобар живот – реализирала 18

Sase Ivanovski

СДСМ ја поздравува акцијата на ОЈО ГОК за Кочани

Sase Ivanovski

Пентагон подготвен за евентуална инвазија на Гренланд, потврди Хегсет во Конгресот

Sase Ivanovski

Автократскиот популизам

Sase Ivanovski

Грузиски активист осуден на четири и пол години затвор по учество во проевропски протест

Sase Ivanovski

Мицковски – На Сиљановска и е редот да оди во Хаг,јас бев во Вашингтон. Бугарија прави егзибиции наместо Радев го праќа Жељазков и средбата „виси“

Sase Ivanovski

Не реков само за Османи туку и за Ковачевски, Маричиќ и Пендаровски. Мицковски ретерира

Sase Ivanovski

Не реков само за Османи туку и за Ковачевски, Маричиќ и Пендаровски. Мицковски ретерира

Sase Ivanovski

Апасиев: Сите уапсени полицајци се наведени во кривичната пријава која ја поднесовме против Мицкоски

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова во Хаг би се сретнала и со Желјазков ако има таква подготвеност од негова страна, велат од нејзиниот кабинет

Sase Ivanovski

ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОД КОЧАНИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО ПУЛС!

Sase Ivanovski

Кој беше убиен во израелскиот напад врз Иран? Воени команданти, нуклеарни научници…

Sase Ivanovski

ФОТО: Архиепископот Стефан со црковна делегација на прием во Руската амбасада

Sase Ivanovski

Нетанјаху: Нападот врз Иран беше „многу успешен“, операцијата ќе трае со денови

Sase Ivanovski

Рубио: Немаме никаква врска со нападот, Израел презеде еднострани дејствија

Sase Ivanovski

Еве кои се досега осомничени за трагедијата во Кочани – Што ќе соопшти денес Коцевски?!

Sase Ivanovski

„Не знам како сум жив“ – шокантна исповед на единствениот патник кој ја преживеа несреќата на Боингот 787 во Индија

Sase Ivanovski

Осудениот Љупчо Ѓоргиевски: Со гордост ја носиме „дипломата“ дека сме ванчомихајловисти

Sase Ivanovski

СДСМ бара оставки од Јанев и Тошковски и кривична одговорност

Sase Ivanovski

МНР со апел до македонските граѓани: Воздржете се од било какви патувања кон Израел и Иран

Sase Ivanovski

Израел изврши напади врз Иран – хронологија на војната

Sase Ivanovski

Полицаец возел пијан, пресекол полна линија и се заканувал на возач, заработи кривична пријава

Sase Ivanovski

МВР: Бројот 192 не е во функција поради технички причини

Sase Ivanovski
Вчитувам....