8.8 C
Скопје
25/05/2025 21:10
МАКТЕЛ

     

НЕМА ДА НАВЛЕГУВАМ ВО ПЛИТКА РЕТОРИКА ЧИИ СЕ СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ Премиерот од Охрид повика на единство и на одбрана на идентитетот

      

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, нагласи дека секој ученик, наставник и писател ја продолжува мисијата на светите браќа и предупреди дека негирањата однадвор мора да се пресретнат со внатрешна цврстина. „Светите Кирил и Методиј, браќата благородни по срце и ум, ни го оставија најголемиот подарок – писмото, словото, гласот на нашиот идентитет. Денес го празнуваме нивното дело, делото на нашите првоучители, светилници на словенската писменост и темелот на нашата духовна и културна самобитнос“. Ова го истакна претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во обраќањето на Свечената академија што по повод Денот на Светите Кирил и Методиј се одржа во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид. Како што истакна тој, вредноста што тие ни ја оставија и „еве повеќе од еден милениум е нашиот светилник низ сите бури, низ сите предизвици и животни стрмнини кои ги искачувам“. Мицкоски уште посочи дека таа борба за право на свој глас, право на своја духовност, е основата на македонската вековна борба за самостојност, идентитет, и за национално достоинство.

– Нивната мисија продолжува преку секој ученик што учи да чита, секој писател што твори, секој наставник што пренесува знаење. Тие не се само минато – тие се вековен мост кон иднината. Денес, кога нашиот народ стои пред нови предизвици, кога светот се обидува да нè дефинира и објаснува, токму нивната мисија нè потсетува кои сме – рече тој. Мицкоски осврнувајќи се на, како што рече, простодушните полемики, за тоа кои се Светите браќа, чии се, кому му припаѓаат, без да се види големата слика, рече дека тоа е толку безначајно споредбено со прашањето дали и колку ги применуваме нивните пораки, зборови и завети кои ни ги оставија. – Никогаш нема да навлезам во таквата несуштествена реторика зашто ние самите не смееме да се поткопуваме себеси и најдобро знаеме кои сме и од што сме создадени – рече тој. Премиерот ја искористи можноста да потсети на улогата на Македонската православна црква, како еден од најсилните бедеми на нашиот народ, мајката, како што рече, на нашиот духовен раст низ вековите, нашето засолниште и најсилен доказ за нашето постоење.

   

– Секој удар по нашата црква е удар по Македонија, по нашето постоење и битисување. Треба секој од нас да ја чува црквата, да ја почитува и да се бориме да придонесеме што повеќе, со единство и со знаење да победуваме на темите важни за нашата иднина. И ова однесување треба да биде подеднакво и внатре и надвор, и за оние во црквата и надвор од нејзе – рече тој. Премиерот посочи дека таков треба да биде и односот кон сите наши огништа кои се потврдата за нашето постоење, кон најстариот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ и кон нашата Македонска академија на науките и уметностите која била и продолжува да соединува многу мудри и достоинствени умови, синови и ќерки на нашиот народ и држава. Претседателот на Владата во оваа пригода забележа на потребата од единство, порачувајќи дека „не сме премногу да се двоиме и не сме пресилни за да се разединуваме“. – Сакам да се осврнам на две теми кои се суштествено важни за нашето постоење. Првата се надворешните напади, блокади и негирања со кои еве повеќе од 30 години како држава се соочуваме. Тие се насочени кон разјадување на темелите на нашето постоење. Најпрвин нашето знаме, народ, химна, јазик, култура. Мора да бидеме свесни дека многумина нашето битисување на овие простори не ги прави среќни – рече тој.

Тој посочи дека како човек и како претседател на Владата е многу спокоен, затоа што вели, „знам кој сум, знам кои сме и што сме“. – И не треба да нѐ вознемируваат таквите негирања бидејќи во глобалниот свет на поголеми и помали, на посилни и на послаби, тоа е природен процес на докажувања. На помалите народи им преостанува да играат мудро и стабилно. А во однос на негирањата, одговорот ќе го добијат и тие и сите други во оргиналните списи кои во оваа прилика се изложени на десетина метри од местото на овој мој говор. Со оригиналните ракописи на еден од многуте „големи“ за нашиот народ, Ѓорѓија Пулески, еден од првите што го истакнуваат постоењето на македонската нација и јазик пред два века. Веднаш до тие ракописи, стојат оригиналите од пишувањата на Крсте Петков Мисирков кој велеше секој народ има право да создаде свој литературен јазик и тоа право им припаѓа и на Македонците. Денес треба да се определиме – дали сакаме да бидеме народ со своја посебност или ќе се изгубиме во туѓите народи – рече тој. Што се однесува на темата на домашните превирања и на, како што рече, „внатредржавни сопки“ пред притисоците однадвор, премиерот ја посочи потребата од единственост во позициите кај сите.

– Замислете позиција каде ќе бидеме единствени, едногласни за најважните прашања, нешто што реално не случило овие 30 години. Замислете позиција каде што нема да се делиме пред надворешните фактори, нема да паѓаме во нивните очи преку математиката на броење на прозападни и происточни крвни зрнца, каде ќе ги искористуваме сите шанси кои ни ги дава историјата за приклучок кон големите процеси на европско и на светско ниво. Замислете позиција каде што власта и опозицијата ќе делуваат единствено, нема да имаме внатрешни процепи, каде секој политички чинител, своите слабости и со неподдршка од народот нема да ја надопоолнува преку попусливост пред меѓународниот фактор. Притоа морам да кажам дека судбината и шансата на малите народи е да се пронајде на мудар начин во интересите на големите играчи на политичката сцена. Тоа е единствениот начин на кој можеме да опстоиме. И ова добро мора да го запаметат и оние од опозицијата кога го напаѓаат договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство – па кажуваат дека долгот ќе се зголемел поради инвестициите, па лагата дека мигранти ќе се носеле, само за да издејствуваат некој политички поен за себе. Едноставно, и во историска и во секоја друга смисла не вреди таквата реторика, и се прави штета на државата – рече тој.

Замислете каде ќе бевме сега, додаде тој, доколку пред 30 години направевме силни пактови со нашите западни пријатели, доколку тогаш и во сите години потоа не се делевме, не се каравме за стратешките цели и  доколку склучувавме пријателства од кој бенефит ќе имаа сите граѓани. Не одете подалеку, погледнете неколку од нашите соседи, кои имаа таков пристап, тие отидоа и подалеку и посилно, затоа што ги фатија и приграбија, вели, историските шанси. Притоа, како што рече, за да се направи исчекор напред, потребни се градење државно и национално единство и подавање рака и клучна согласност за најважните прашања за татковината. – Единството не значи да бидеме исти, туку да бидеме заедно во нашите разлики. Моите напори како човек кој ја има одговорноста да ја предводи Владата е да решам што е можно повеќе проблеми, но и да постигнам единство важно за државата. Мојата порака е за мобилизација на секој креативен потенцијал во функција на заедничката иднина, да постапуваме мудро и со голема енергија за промени. Да ја препознаеме важноста на моментумот да имаме договор и консензус за иднината на државата – рече тој.

Притоа премиерот посочи дека различноста не е слабост, туку сила, дека силна е таа земја чии граѓани стојат еден покрај друг – не поради страв, туку поради заедничка надеж, не затоа што мораат, туку затоа што веруваат во заедничката иднина. – Нашата историја е сведоштво за тоа што можеме да постигнеме кога сме обединети. Во најтешките времиња – кога сме биле притиснати, поделени, па дури и кога ни било одземено правото да зборуваме со свој глас – секогаш сме се издигнувале преку заедништвото. Денес, единството не се бара само на барикадите или во одбраната, туку во секојдневието. Во начинот на кој разговараме, на кој решаваме проблеми, на кој ја градиме нашата држава. Да бидеме нација која не се плаши од разлика, туку ја прегрнува. Народ кој знае дека само со заеднички чекори може да оди напред – рече премиерот истакнувајќи дека нема поголем патриотизам од обединувањето за доброто на сите, за татковината. На свеченоста обраќања имаа и поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архепископија, г.г. Стефан, и ректорката на УКИМ, Биљана Ангелова.

   

Најново

ДА НЕ БИЛЕ БУГАРИТЕ ЌЕ СИ ОСТАНЕВМЕ НЕПИСМЕНИ Петков халуцинира дека Кирил и Методиј биле Бугари

Sase Ivanovski

Тошковски: Нападите кои се шират не се резултат на вистинска загриженост за законитоста, туку обид за дефокус и саботажа

Sase Ivanovski

Таравари: Продолжуваме помирно и посигурно од кога било кон Октомвриската победа

Sase Ivanovski

Алиу и Фетаи: Алијансата не е создадена да биде ничија алатка

Sase Ivanovski

Новиот претседател на Романија ветува континуирана поддршка за Украина

Sase Ivanovski

Тела на пет скијачи пронајдени на швајцарските Алпи

Sase Ivanovski

Заврши хуманитарната трка „Сите за Кочани – трчаме заедно“

Sase Ivanovski

На судењето на Диди, поранешните лични асистенти се сеќаваат на искршените чаши виски, вреќички со дрога и бришење по чудните работи

Sase Ivanovski

Во Јапонија има ѕид висок 12,5 метри изграден исклучиво за да издржи цунами

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Перо Арџанлиев: Кои биле луѓето кои во 6 век пред новата ера живееле во Охридско-струшкиот Регион?

Sase Ivanovski

Сончево Јајце: Свежи, домашни еко јајца од Горно Коњари!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Во 1929 година, германските инженери го развиле Schienenzeppelin („Железнички цепелин“),

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОД 2025 – Случај Крмзов без истрага 9 месеци, обвинение онкологија

Sase Ivanovski

Утре посебен режим на сообраќај во Аеродром поради атлетска трка

Sase Ivanovski

30 училишта под клуч за пет години, образованието „изгубило“ 5.431 основец

Sase Ivanovski

Приведен возач во Штип, управувал возило со 2,10 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

Најмалку дванаесет лица загинаа во рускиот напад со дронови врз Киев

Sase Ivanovski

Кривична пријава против четири лица од Скопје за изнуда и лихварство

Sase Ivanovski

Кафулињата ги „приватизираат“ тротоарите во Тетово, Општината немоќна да ги сопре

Sase Ivanovski

Продолжуваат израелските напади врз Газа

Sase Ivanovski

Трамп вели дека странските студенти на Харвард се од земји кои „не плаќаат ништо“ за нивното образование

Sase Ivanovski

СДСМ: Тошковски призна скандалозен тендер кој го доделил во МВР

Sase Ivanovski

Таравари: Вознемиреност со чувство на вина, октомври на победата е многу блиску

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос во културата, на ред е распродажба на наследството

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против четири лица од Скопје за изнуда и лихварство

Sase Ivanovski

ЛЕГЕНДАРНО ФОТО ОД 1998-МА КОГА ЉУБЧО И ТУПУРКО ДОЗНАА ДЕКА ПОБЕДИЛЕ НА ИЗБОРИТЕ

Sase Ivanovski

РУСКАТА АМБАСАДА ВО СОФИЈА: СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ БИЛЕ БУГАРИ

Sase Ivanovski

ИЛИЈА ДИМОВСКИ ОТВОРИ ДИЛЕМИ ЗА СЛОВЕНИТЕ И КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Sase Ivanovski

Косовското Собрание ниту во 21 обид не е конституирано

Sase Ivanovski

Речиси 54.000 убиени Палестинци во Газа од почетокот на војната

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Драма над Курск: Хеликоптер во кој бил Путин се нашол сред масовен напад на украински дронови

Sase Ivanovski

Никушар Дан: Ќе им објасниме на Романците и на админситрацијата на Трамп зошто беа поништени изборите во Романија

Sase Ivanovski

Каја Калас повика на „најсилен меѓународен притисок“ врз Москва

Sase Ivanovski

Зеленски: Продолжуваат напорите да се обезбеди апсолутно секој што е во руско заробеништво

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ одби лидерска, да не му го кревале рејтингот на Филипче

Sase Ivanovski

Новата линија од Охрид до Базел стартува од 27 октомври, четири месеци порано

Sase Ivanovski

МЕПСО и косовскиот оператор со заеднички чекор кон енергетска безбедност: Интерконекцијата Тетово – Призрен добива конкретна динамика

Sase Ivanovski

Многу фотоволтаици, а мрежата стара 40 години, потребни се 700 милијарди долари инвестиции низ Европа

Sase Ivanovski

Данела Арсовска најави фељтон со „докази за криминал“, тврди дека институциите молчат, а градот постапувал веднаш

Sase Ivanovski

Бојковска: Законот за работно ангажирање на лица претставува значаен чекор во борбата против сивата економија

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Со изземањето на Филипче од случајот Онкологија, судиите и обвинителите уште еднаш покажаа клиентелистички и поданички однос кон СДС

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Здравство и образование врвни приоритети на Владата, ќе се реконструираат и градат болници, медицински факултет, студентски дом

Sase Ivanovski

Приведен возач во Штип, управувал возило со 2,10 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

ХЕРА: Со навремената дијагноза за ХИВ – до долг и квалитетен живот! Европска недела на ХИВ тестирање: „Тестни се! Прегледај се бесплатно, доверливо и безбедно“

Sase Ivanovski

Уште колку бескорисни смртни случаи пред да признаеме дека Трамп секогаш бил во право за Украина?

Sase Ivanovski

Почина полковникот Стефан Ивановски, кој е поранешен припадник и командант на ЕСН Волци

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Далмација и се е можно: Бабичка со вила улови огромен октопод среде Сплит, додека огромна ајкула правеше кругови

Sase Ivanovski

Мицкоски: Мора да бидеме свесни дека многумина нашето битисување на овие простори не ги прави среќни.

Sase Ivanovski

Голема реконструкција на Аја Софија поради страв од земјотрес!

Sase Ivanovski

Арсовска најави фељтон со „докази за криминал“ – тврди дека институциите молчат, а градот постапувал веднаш

Sase Ivanovski

АНГЕЛОВ ДОГОВОРИ СОРАБОТКА СО ЈАПОНСКАТА ВСЕЛЕНСКА АГЕНЦИЈА

Sase Ivanovski

Фото галерија од хуманитарната трка „Сите за Кочани – Трчаме заедно“

Sase Ivanovski

На Сиљановска и е јасно дека преговарачката рамка е усвоена и дека е тешко да се менува ама предлага нов протокол без вето

Sase Ivanovski

Локомотива удри во пешак во Хиподром

Sase Ivanovski

Трпчески од Рим: Сесловенските просветители ширеле благородна мисија онака како што и музиката тоа го прави

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Топ Тема – Почнуваат коренити промени во македонскиот фудбал

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Конструктивни сме во интерес државата, ќе понудам конкретни точки за лидерска средба

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Темните страни на вештачката интелигенција

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) “Дечко са асфалта”

Sase Ivanovski

Оддадена почит пред споменикот на загинатиот припадник на безбедносните сили Бобан Ивановиќ – јавноста револтирана поради газењето на знамето

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филип Чаловски: Македонскиот вкус на храна е со светски стандарди

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ – Нов скандал на Тошковски: Тендер од 4 милиони евра за фирми со само 2 вработени, основани пред тендерот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Најголемите криминали во здравството се случија во времето на Филипче

Sase Ivanovski

Во среда врачување на наградаата „Роман на годината“ на Калина Малеска

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Претрес во тетовско, лишено од слобода лице кај кое е најдена дрога и нападнало полициски службеници

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Една година тишина зад големите зборови: Ветуваа културна обнова, донесоа културен молк

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода разбојник во Кавадарци, пронајдено дел од одземеното

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „Срам за нацијата“ се огласи Ким Џонг-ун по неуспешната промоција на воен брод, нареди апсења

Sase Ivanovski

Полицијата приведе тетовец, нападнал полицајци кои кај него пронашле дрога

Sase Ivanovski

МВР ќе го казнеле кошаркарскиот клуб Маџари за употреба на прскалки во затворен простор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кузеска: Нов скандал на Тошковски: Тендер од 4 милиони евра за фирми со само 2 вработени, основани пред тендерот

Sase Ivanovski

„Плати или ќе го претепаме“ – затвореници уценувале мајка на осуденик

Sase Ivanovski

Кикбоксерот Илиоски ја одбрани светската титула

Sase Ivanovski

Украина со апел до меѓународната заедница: Запрете ја Русија

Sase Ivanovski

19-годишник ја турнал и ѝ ја одзел ташната на 75-годишна жена во Кавадарци, полицијата го уапсила

Sase Ivanovski

Македонија можна тампон зона за бегалци?

Sase Ivanovski

ДУИ: Ќе ги користиме сите демократски средства за да го спречиме институционалниот монопол

Sase Ivanovski

Заврши Канскиот филмски фестивал: Златната палма отиде во рацете на иранскиот режисер, кој бил во затвор и имал забрана за снимање 20 години

Sase Ivanovski

Пентагон со нови правила за новинарите, ќе мора да имаат придружба

Sase Ivanovski

Пресекле три столба: Во Кан нема струја поради намерно оштетен далновод

Sase Ivanovski
Вчитувам....