6.8 C
Скопје
15/02/2025 14:13
МАКТЕЛ

   

Нема контрола колку кучиња се истоваруваат низ Скопје, ниту казни за оние што ги фрлаат на улица

     

Од Агенцијата за храна и ветеринарство досега не одговорија што преземаат за да се спречи приливот на кучиња по улиците, колку казни се изречени за нечипирано куче, ниту дали досега се изречени казни за нерегистрирано легло, односно за размножување кучиња и нивна продажба од дома, без никаква контрола. Граѓани со денови реагираат дека во Аеродром се истоварени глутници кучиња, кои за разлика од маалски кучиња се однесуваат агресивно, лаат и ги заплашуваат жителите. Поради тоа, тие апелираат до надлежните итно да најдат решение додека некој не настрадал. На социјалните мрежи се споделува и видео снимено на крстосницата помеѓу улиците Васко Карангелевски и Матеја Матевски. Стравот на жителите е уште поголем затоа што токму на овој потег секојдневно минуваат ученици од основното училиште „Љубен Лапе“. Според нив, треба да реагираат и општинските служби и заловувачите од „Лајка“ за да се обезбеди безбедно движење низ населбата. Според објаснувањата на граѓаните, кучињата се носат со комбиња од други градови, се истовараат доцна навечер најчесто кај хотел „Русија“ и се оставаат исплашени, збунети и дезориентирани на непозната територија, па нормално е што лаат и некогаш се однесуваат агресивно. Поради тоа, како што посочуваат, потребно е и тие да се заловат и да се стерилизираат.

Фото: Принтскрин

На фејсбук-групата „Општина Аеродром – Граѓанска патрола“ се огласи и општинската инспекторка за заштита на животната средина Елена Ѓошевска Стојановска, која ги информира граѓаните дека Општината веќе пратила допис до Град Скопје и до „Лајка“, притоа објаснувајќи дека кучињата не се надлежност на Општината и дека Општината може само да алармира, да поднесе иницијатива и да бара од „Лајка“ да излезе на терен.

 Укажавме на алармантната состојба низ општината со бездомните кучиња особено околу и во училишните дворови. Повикавме веднаш да реагираат и да преземат мерки.  Децата се на прво место и никој не смее да им прави стрес на патот до училиште – посочи инспекторката.

   

Од ЈП „Лајка“ велат дека ќе излезат на терен за да видат за што станува збор, но додаваат дека има сериозен проблем со прилив на кучиња во градот што никој не го контролира. Како што објаснува директорката на претпријатието Радмила Пешева, тие работат во согласност со Законот за благосостојба на животните и се обидуваат да ја намалат популацијата на кучињата по улиците со стерилизација и кастрација, но дека сами не можат да го решат проблемот со бездомните животни затоа што недостасува преземање надлежности на повеќе нивоа.

 Општина Аеродром е една од општините која е најмногу покриена, речиси 70 отсто од кучињата се третирани, ојаловени. Има редовно прилив на нови, тоа никој не го контролира. Ние имаме два тима, 30 вработени и едноставно толку е моќта. Многу ќе биде добро општините сами да направат контрола кое домаќинство има куче, да им понудат кастрација. Ние имаме 120 бокса и тие се веќе окупирани со кучиња што ги земаме по налог затоа што биле агресивни и оперативни ни се само 30 бокса за да ја вршиме основната дејност – објаснува Пешева.

Според директорката, кај нас најголем проблем е неодговорното сопствеништво, но и тоа што нема казнување, не се знае кој сѐ има куче, како го чува, вели дека опасни кучиња се пуштаат сами да шетаат по улици и наведе дека, на пример, деновиве биле заловени пет питбули пуштени на улица.

Општините можат да преземат кампања за едукација, можат да дадат субвенции за стерилизација на домашните миленици. Можат со комунални редари да ги потсетуваат граѓаните на нивните законски обврски да го чипираат миленикот, може нивните комунални редари сами да проверуваат дали се чипирани милениците, може сами да купат читачи, нека побараат од Агенцијата за храна и ветеринарство проширување на ингеренциите на комуналните редари. Треба да покажат некоја грижа, да покажат дека некој го следи проблемот – вели директорката на „Лајка“.
Слободен печат - Радмила Пешева / Фото - Методи Здравев /
Радмила Пешева/ Фото: Методи Здравев

Пешева додава дека одговорноста за состојбата секогаш се префрла само на „Лајка“, а тие законски можат само да ги собираат кучињата на улица поради хуман третман, но дека не можат да превенираат или да казнат некого што пушта кучиња на улица. Како што посочува во стационарот има голем број заловени кучиња чии сопственици одбиваат да дојдат и да си ги земат. Чувањето на животни кај нас се регулира со неколку закони и тоа Закон за благосостојба на животните, Закон за регистрација и идентификација и Закон за ветеринарно здравство.

 За сите овие закони надлежна е Агенцијата за храна и ветеринарство. Сите пропусти се на нивните инспектори, а граѓаните ѝ праќаат тужби на „Лајка“. Зошто, затоа што сопственици пуштаат кучиња на улици? Од друга страна, АХВ обврската ја префрла на општините, во смисла дека општините треба се грижат за бездомните кучиња, но не им дава вистински ингеренции – истакна Пешева.
Улични кучиња Фото: Слободен печат/Стефан Крстески

Во Скопје има околу 6.000 кучиња и под услов и сите да се згрижат, наредната година како што тврди, ќе се појават уште 1.000 нови сѐ додека не се преземат мерки за контрола на сопствеништвото.

 Ние сега на годишно ниво трошиме околу 50 милиони денари само за нашиот капацитет, 1200 кучиња што третираме годишно, а замислете за 6.000. Тоа се јавни пари во недоглед, без идеја за решавање на проблемот – вели директорката.

Од Општина Аеродром побаравме одговор дали Општината на каков било начин се ангажира за справување со проблемот со улични кучиња во Аеродром, освен што очекува тоа да го направи „Лајка“ и дали размислуваат да воведете субвенции за стерилизација и кастрација на домашни миленици, за да се спречи создавање нерегистрирани и незаконски легла по домовите и продажба на кучиња без контрола, но одговор нема. Ниту од Агенцијата за храна и ветеринарство досега не одговорија што преземаат за да се спречи приливот на кучиња по улиците, колку казни се изречени за нечипирано куче, ниту дали досега се изречени казни за нерегистрирано легло, односно за размножување кучиња и нивна продажба од дома, без никаква контрола.

 

Најново

Тешко повреден 51-годишен кој со „фиат“ излетал од пат во Прилепско

Sase Ivanovski

МЖСПП: Објавени четири програми на Министерството за животна средина и просторно планирање

Sase Ivanovski

Автобус на ЈПС утрово остана расипан на сред булевар во Скопје

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Извештајот на Транспаренси е доказ плус дека е потребна итна смена на ЈО Љупчо Коцевски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Студентите по неколку дена стигнаа во Крагуевац

Sase Ivanovski

СДСМ: Неспособноста на Мицкоски ја турка земјата во економска криза

Sase Ivanovski

Рокас: Уставните измени се факт, но да и дадеме шанса на дипломатијата

Sase Ivanovski

Петкоска: Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Акцискиот план, придонесуваат за поголема вклученост на жените во политиката и родова рамноправност во законодавниот дом

Sase Ivanovski

Левица: ПИОМ тоне во долгови, Мемов молчи за криминалите на кадарот на Гаши

Sase Ivanovski

Милошоски: Спогодбата со Иџет Мемети и Наќе Георгиев е аргумент плус за разрешување на Државниот јавен обвинител Коцевски

Sase Ivanovski

Филков: Нашата одлука да го разрешиме Коцевски не е само правна, туку и морална – потребно е да се создаде нова атмосфера на професионализам и почит во институцијата

Sase Ivanovski

Анкета во Израел: Дали граѓаните се за продолжување на војната во Газа или придржување до прекинот на огнот?

Sase Ivanovski

Акција за отплата на долгови на ЈП Водовод и канализација – Скопје без пресметка на камата заклучно до 02 Април 2025 година

Sase Ivanovski

Вкупно 1500 здравствени работници ќе добијат решенија за работа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Здравството е во хаос, специјализантите чекаат работа а Таравари тера етнички теми

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Премиерот Мицкоски оствари средба со претседавачот на Минхенската конференција за безбедност, Хојзген и со хрватскиот премиер Пленковиќ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Петрушевски: Коцевски требаше да му слугува на народот, не на СДС, затоа треба да биде сменет

Sase Ivanovski

Филков: Нашата одлука да го разрешиме Коцевски не е само правна, туку и морална

Sase Ivanovski

Вртоглави животни трошоци: Во Западен Балкан потрошувачите ги бојкотираат супермаркетите

Sase Ivanovski

Синдикалната или кошница што ќе ја изработуваат неколку институции ќе биде репер за реалните трошоци на граѓаните

Sase Ivanovski

„Еурактив“: Понижување на Европа

Sase Ivanovski

Американската бура во македонскиот песок

Sase Ivanovski

Намалена видливост до 50 метри на планинскиот премин Ѓавато

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп отпушти високи лидери на Националниот архив

Sase Ivanovski

Левица: Директорот од ЗНАМ Мемов молчи за криминалите во ПИОМ

Sase Ivanovski

Македонски камионџија учествувал во сообраќајна несреќа во Албанија, едно лице загина

Sase Ivanovski

Малку Хумор.-Валентајн или Св.Трифун

Sase Ivanovski

Ваноли: Елмас веќе покажа дека е важен фудбалер

Sase Ivanovski

Пругата Скопје – Солун два месеца во аут: Дотурот на стока нема да запре, повеќе работа за камионџиите

Sase Ivanovski

СДСМ: Неспособноста на Мицкоски ја турка земјата во економска криза

Sase Ivanovski

Милошоски: Спогодбата со Иџет Мемети и Наќе Георгиев е аргумент плус за разрешување на обвинителот Коцевски

Sase Ivanovski

Филков: Нашата одлука да го разрешиме Коцевски не е само правна, туку и морална – потребно е да се создаде нова атмосфера на професионализам и почит во институцијата

Sase Ivanovski

Велешанка истепала дете и фрлала камења кон него, а се заканувала на неговата мајка: Судот и одреди притвор

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Извештајот на Транспаренси е доказ плус дека е потребна итна смена на обвинителот Коцевски

Sase Ivanovski

Тетовчанка нападнала полицаец во угостителски објект

Sase Ivanovski

Силен земјотрес го погоди Тексас

Sase Ivanovski

Мицкоски продолжува со активностите на Безбедносната конференција во Минхен

Sase Ivanovski

Муцунски ќе се сретне со шефот на бугарската дипломатија Георгиев

Sase Ivanovski

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и повремен дожд

Sase Ivanovski

Пановски: Утре да го смениме Уставот, Бугарите ќе имаат нови барања, но барем ќе тргнеме некаде

Sase Ivanovski

Венс и Зеленски имале „добар разговор“, украинскиот претседател уверуван дека администрацијата на Трамп сака траен мир во Украина

Sase Ivanovski

Ако веќе повторно се отвора Уставот, зрели сме за целосно нов Устав, вели Ѓулистана Марковска

Sase Ivanovski

Американската армија потврди: Нема да прима трансродови луѓе во нејзините редови

Sase Ivanovski

Трамп за обраќањето на неговиот заменик во Минхен: Брилијантен говор, Европа да биде внимателна

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Елмас го постигна првиот гол во дресот на Торино

Sase Ivanovski

Јулија Навалнaja: Нема смисла да се преговара со Путин

Sase Ivanovski

Гувернерката на Народната банка Ангеловска-Бежоска се сретна со холандската амбасадорка Џанел

Sase Ivanovski

Млада тетовчанка нападнала полицаец во селска кафеана

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пеш, на велосипед и со трчање, студентите по неколку дена стигнаа во Крагуевац

Sase Ivanovski

Вaтикан во вештачката интелигенција гледа „сенка на злото“

Sase Ivanovski

Реформата во правосудството е мајка на сите реформи, порачува Рокас

Sase Ivanovski

Русија и Србија преговараат за американските санкции против НИС

Sase Ivanovski

Рокас: Уставните измени се факт, но да им дадеме шанса на дипломатските активности

Sase Ivanovski

Американскиот потпретседател Венс се сретна со лидерката на АфД, ѝ дал поддршка пред изборите во Германија

Sase Ivanovski

Американец уапсен на аеродромот во Москва

Sase Ivanovski

Стапката на рециклирање во земјава за жал е многу ниска споредбено со Европската Унија

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Зголемени приходи од царини во јануари, решавање на статусот на 600 специјализанти и 1180 средномедицински персонал до крајот на годината

Sase Ivanovski

Изет Меџити: 1500 здравствени работници ќе добијат решенија за работа, без разлика кој ги вработил

Sase Ivanovski

НЕ ПРИФАЌАМЕ ДОГОВОР МЕЃУ САД И РУСИЈА БЕЗ УЧЕСТВО НА УКРАИНА Зеленски стравува дека Путин ќе сака да постигне двострани преговори со Трамп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Шекеринска: Поголеми издвојувања за одбраната се со цел да избегнеме војна

Sase Ivanovski

ГРОМ: Го гласаа за да го врати уставното име, а сега разговара да ни ги смени и грбот и химната. За ова ли гнијат уставобранителите по затвори?

Sase Ivanovski

Агенцијата за национална безбедност започнува со примена на полиграфско тестирање

Sase Ivanovski

Пандов: Некои полицајци кои работат во затворот Шутка не треба да носат униформа – го срамат затворскиот систем

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Илиевски: Шокантно е што за Мицкоски не се приоритет здравството, платите и стандардот, туку промена на грбот и химната

Sase Ivanovski

Се огласи Кремљ за нападот на Чернобил:„Уште една измислица“

Sase Ivanovski

Зеленски во Минхен: Русија се подготвува за војна со НАТО следната година

Sase Ivanovski

Едукативна трибина за одговорно играње игри на среќа

Sase Ivanovski

Министерот за одбрана на Трамп: Дипломатијата е важна, но на крајот се важни куршумите и тенковите

Sase Ivanovski

Тројца тешко повредени откако со автомобил излетале од патот кај Македонска Каменица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЗЕКИ ПАША ЈАЛИСИ Позната како најскапата куќа во Турција која се наоѓа на брегот на Босфорот во Истанбул.

Sase Ivanovski

Палевски повторно бара изземање на обвинителите, вели дека фалсификувале докази

Sase Ivanovski

Со пакет мерки да ги решиме грбот, химната и другите заостанати прашања, порача Таравари

Sase Ivanovski

Пандов: На дисциплинска двајцата затворски полицајци кои му го дале телефонот на Васил Јованов

Sase Ivanovski

Во ресторан струмичанец избодел сограѓанин

Sase Ivanovski

Жена украла 1000 евра од дебитна картичка, ја поттикнал пријател

Sase Ivanovski

Сума од 12 милони евра од ТАВ за реновирање на 8-ми Септември

Sase Ivanovski

Трошоците на животот во јануари 2025, во однос на јануари 2024 година зголемени за 4.9 %

Sase Ivanovski

Одбраната тврди дека не ги видела пораките што наведуваат дека Палевски планирал да оди во Москва

Sase Ivanovski

ПАРТИЈАТА НА ВЛАСИТЕ ИМА НОВ ЛИДЕР Стерјо Папули е избран за претседател

Sase Ivanovski

ЗАМРЗНАТИ 2,9 МИЛИОНИ ЕВРА НА ФИРМАТА СО КОЈА ПРАВЕЛ ДУБАРИ ДИРЕКТОРОТ НА РЕК БИТОЛА Наместен тендерот за ископ во рудникот Брод Гнеотино

Sase Ivanovski
Вчитувам....