Според веб-страницата на Советот на ЕУ, во рамките на фазната имплементација, земјите членки постепено ќе го применуваат системот „EES“ и ќе се стремат во првите 30 дена да регистрираат најмалку 10% од граничните премини. Во првите 60 дена, земјите членки ќе можат да го користат „EES“ и без биометриски функции, а по три месеци, системот треба да биде функционален со биометрија на најмалку половина од граничните премини. До крајот на овој транзициски период, земјите членки ќе продолжат со рачно печатење на патните исправи.
Регулативата за воведување на системот „EES“ не определува точен датум за почетокот на примената, бидејќи тоа бара посебна одлука на Европската комисија. Системот „ETIAS“, кој исто така ќе се применува и за граѓаните на Западен Балкан, ќе бара добивање патна дозвола за влез во ЕУ, која ќе чини седум евра. На линкот во опис на профилот дознајте кои држави ќе го применуваат „ЕЕS“ системот!
View this post on Instagram