Необична ситуација го привлече вниманието на натпреварувањето во ски-скокови во Планица, Словенија. Имено, германскиот натпреварувач, Филип Раимунд одлучи да се повлече од натпреварувањето и тоа поради страв од висина што е навистина чудно за лицата кои се занимаваат со овој спорт. Но, како што вели 24-годишниот Раимунд тој има проблем со скијачките летови кои се одржуваат на поголеми скокалници каде што се достигнува поголема брзина и има подолг лет.
За него скокалницата во Планица била преголем ризик. „Вообичаено не ми се појавува овој проблем за време на ски-скоковите, но го имам од време на време, вообичаено кога станува збор за подолгите ски летови. Тогаш моето тело реагира без да можам да го контролирам. Планица е висока 240 метри и се нарекува уште „Ридот на чудовиштето“, поради тоа не сакам да ризикува“, изјави Раимунд. Инаку, Германецот во овој момент во генералниот пласман во ски скокови за оваа сезона се наоѓа на 22. место.