18.8 C
Скопје
09/05/2025 09:39
МАКТЕЛ

     

Нестабилен период за внатрешниот пазар на ЕУ со истекот на забраната за увоз на житарки

      

Привремената забрана за увоз на жито од Украина во петте соседни земји од Европската Унија беше укината на 15 септември. Унгарија, Словачка и Полска – наближуваат парламентарни избори во последните две држави – еднострано ги продолжија своите забрани, спротивно на одлуката на ЕУ. Како резултат на тоа, Украина поднесе жалба до Светската трговска организација (СТО).

На 15 септември, Европската комисија одлучи да не ја продолжи забраната за увоз на жито од Украина – особено пченица, пченка, сончоглед и репка – што се однесуваше на соседите на таа земја кои се членки на ЕУ, Полска, Унгарија, Словачка, Романија и Бугарија.

   

Еден ден подоцна, Полска, Украина и Словачка воведоа свои ограничувања за увозот на жито и други стоки од Украина, наведувајќи ја потребата да ги заштитат нивните земјоделци од конкуренцијата поради значително зголемениот увоз од Украина.

Украина и Европската Комисија ги повикаа трите земји да отстапат од едностраното продолѓување на ембаргото. Комисијата ги анализираа мерките преземени од трите ЕУ земји, изјави портпаролка на Комисијата.

Киев во меѓувреме поднесе жалба до СТО против трите земји. Европскиот комесар за земјоделство од Полска, Јануш Војчиеховски, изјави дека бил „прилично изненаден што Украина го одбрала овој пат“, со оглед на тоа дека обемот на извозот значително пораснал во последните неколку месеци и покрај ограничувањата.

„За нас, во принцип е важно да докажеме дека поединечни земји-членки не може да воведат забрана за увоз на украински стоки“, изјави вицепремиерката и министер за економија на Украина, Јулија Свириденко. За време на говорот во рамки на Генерално собрание на Обединетите Нации, Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, рече дека „политичкиот театар“ околу увозот само би ѝ помогнал на Москва.

„Привремена солидарност“ не е доволна, мора да преовладува обединетост на внатрешниот пазар

Во понеделникот, министрите за земјоделство на блокот се состанаа за Советот на ЕУ за земјоделство и рибарство, каде некои од нив изразија загриженост за забраните од Варшава, Братислава и Будимпешта, додека останатите ги разбраа нивните одлуки.

„Верувам дека не е само погрешно, туку е и спротивно на правото на Заедницата и очигледно на принципите на внатрешниот пазар, некои земји-членки да усвојат еднострани рестриктивни мерки“, истакна шпанскиот министер за земјоделство, Луис Планас, кој претседаваше со состанокот. Посочи дека ЕУ-27 ја бранеле потребата да се зачува единството во одбрана на Украина во однос на „едностраните“ забрани за увоз на жито и дека тие повикале да се преземат мерки „со консензус на сите“.

Министерката за земјоделство на Словенија, Ирена Шинко, исто така, изрази загриженост за едностраните мерки и ја поддржа важноста на обединет пристап на ЕУ. Министерот за земјоделство на Германија, Џем Оздемир, го критикуваше потегот на владите на Варшава, Будимпешта и Братислава како „привремена солидарност“ со Украина. „Не гледам како ова може да се усогласи со законодавството на ЕУ“ додаде тој, велејќи дека неговите информации покажале дека пазарот добро се справува со украинското жито.

Неговиот австриски колега, Норберт Точниг, ја повика ЕУ да го обезбеди функционирањето на внатрешниот пазар, нагласувајќи ја солидарноста со Украина, но покажа и разбирање кон соседните земји. Инфраструктурата треба да се прошири за житото увезено од Украина да стигне каде што треба – на пример до земјите на Блискиот Исток и Африка, нагласи Точниг.

Патишта на солидарност, грижа за глобалните резерви на жито

Украина, како значителен производител на жито, тешко се справува со извозот на храна поради руската блокада на пристаништата на Црното Море, што предизвика глобална загриженост за резервите на жито. Поради тоа ЕУ стана главен транзитен пат и дестинација за извоз на украинско жито за Африка и Блискиот Исток. Во средината на јули, Русија го напушти Црноморскиот договор за жито, кој претходно и овозможуваше на Украина да го извезува житото преку пристаништата на Црното Море и ги засили нападите врз украинските капацитети за извоз.

ЕУ ги зајакна другите таканаречени „Патишта на солидарност“ преку копно и по реките што се користеа за извоз на преку 44 милиони тони жито од Украина по руската инвазија.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека е испратена јасна порака до раководството на Украина, додавајќи дека Хрватска би сакала да биде транзитна земја, а не земја во која ќе има наплив на огромни количества евтини житарки кои би можеле да предизвикаат проблеми за локалните земјоделци. На почетокот на месецот, украинските функционери потврдија дека украинските житарки се извезуваат преку хрватските пристаништа на реката Дунав и Јадранско Море. „Иако станува збор само за спореден трговски пат, тој е веќе популарен”, изјави Јулија Свириденко.

Мерки, протести, страв и жито

Првично, мерката на ЕУ за привремена забрана за увоз беше воведена во април и продолжена во јуни до средината на септември. Соочени со падот на цените на локалните пазари и гневните Европски земјоделци, забраната беше усвоена како одговор на доцнењата со транспорт и насобраното жито, кои предизвикаа нарушувања на пазарот во петте источноевропски земји.

Според Европската комисија, овие нарушувања сега „исчезнаа“, со што привремените ограничувања „веќе не се потребни“. Оваа одлука беше донесена откако Киев се согласи да воведе нови мерки, како на пример систем за лиценцирање на извоз во рок од 30 дена за „да се избегне наплив на жито“, изјави Европската комисија.

Министерот земјоделска политика и храна на Украина, Микола Солски, кој се обрати преку видео на земјоделскиот состанок на ЕУ рече „Сметаме дека овие мерки ќе ги задоволат сите страни. И дека дури и оние три земји кои во моментов се противат на украинскиот земјоделски извоз, ќе се согласат на планот. Затоа што сите имаме една цел, а тоа е победа во оваа ужасна војна. И за таа цел, мораме да имаме меѓусебно разбирање и меѓусебна поддршка“.

Веднаш по истекувањето на забраната на ЕУ, Унгарија најави дека ја затвора границата за 24 украински продукти, од претходните четири.

Популистичката десничарска влада на Полска, партијата „Право и правда“, веднаш по примерот на Унгарија воведе ембарго на жито од Украина. Овој проблем е особено деликатен поради претстојните избори во Полска, бидејќи актуелната влада има силна поддршка од земјоделските региони и тоа придонесе за расправиите помеѓу Варшава и Киев. „Ги предупредувам украинските власти: ако конфликтот ескалира, ќе забраниме увоз и на други производи на полска територија“, истакна полскиот премиер, Матеуш Моравјецки. Сепак, тој увери дека Полска – клучен сојузник на Украина – ќе продолжи да му помага на својот сосед, но „не по цена на дестабилизација на полскиот пазар“.

По првичното недоразбирање околу забелешките на премиерот во врска со испораката на оружје во средата, владин портпарол во четвртокот појасни дека „во врска со прашањата за испорака на оружје, би сакал да информирам дека Република Полска ќе ги изврши само претходно договорените испораки на муниција и вооружување. Вклучувајќи ги и оние кои произлегуваа од потпишаните договори со Украина“.

Словачка првично, исто така, објави дека ќе го забрани увозот на четири стоки, вклучително и пченица, до крајот на годината. „Нашиот став е дека ќе примениме еднострани мерки сè додека не се оцени системот на гаранции од Украина и има гаранции дека извозот е под контрола“, рече словачкиот министер за земјоделство, Јозеф Береш. Понатаму тој изјави дека Европската комисија требало да воведе преоден период за тестирање на системот за да се оцени неговата ефикасност и дали може да го спречи неконтролираниот увоз пред укинувањето на мерките.

Но, министерот посочи дека и покрај новонастанатата ситуација, поддршката за Украина и транзитот на жито од таа земја до светските пазари останува. Во четвртокот, Украина и Словачка се согласија да воспостават систем за лиценцирање за трговија со жито што ќе овозможи да се укине забраната за извоз. На 30 септември се закажани предвремени парламентарни избори во Словачка за избор на нови членови на Националниот совет.

Бугарија се издвојува од своите регионални соседи: многу од производителите на сончогледово масло се пожалија на сериозниот недостиг на семиња и високи цени како последица на ембаргото. Но, земјоделците во таа земја се незадоволни од одлуките на владата за истекот на забраната. „Преработувачките погони увезуваат поевтини житарки од Украина, додека нашите трошоци трикратно се зголемија од почетокот на војната“, рече земјоделецот Јасен Наков на протестот.

Земјоделските организации објавија список до пет барања и на 20 септември постигнаа договор со кој владата вети дека ќе го забрани увозот на сончоглед од Украина додека не се договорат увозните квоти. Владата, исто така, се согласи да воведе режим за лиценцирање за увоз на пченица, пченка и репка, да ги скрати роковите за исплата на субвенции и да ги намали административните трошоци на земјоделците.

Во Романија, преку која поминуваат најголемите количества на украинско жито, земјоделските организации ги прекинаа протестите во исчекување на спроведувањето на украинскиот акциски план. Претставници на земјоделските организации веруваат дека, во овој период нема да има никаков увоз од Украина. Тие упатија јасни барања до владата, која е задолжена за процедурата за лиценцирање. Доколку не се почитуваат одлуките, Романија ќе преземе едностран чекор да го забрани увозот од Украина. Земјоделците изјавија дека во спротивно би одговориле со „големи протести“.

 

  

Најново

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski

(ФОТО) Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014

Sase Ivanovski

Павле Арсоски Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Крушево и Демир Хисар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Пренџов: ДУИ е партија базирана на ширење нетрпеливост, лаги и манипулации

Sase Ivanovski

(ФОТО) Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска на средба со членовите и симпатизерите во Кавадарци и Неготино

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ Скопје – Подрачно одделение Охрид за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski
Вчитувам....