Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес реагираше луто и ги осуди заканите за санкции испратени до Израел од страна на лидерите на Велика Британија, Франција и Канада поради засилената воена офанзива во Газа. „Со барање од Израел да ја заврши својата одбранбена војна за опстанок пред да бидат уништени терористите на Хамас на нашата граница и со барање палестинска држава, лидерите во Лондон, Отава и Париз нудат огромна награда за геноциден напад врз Израел од 7 октомври 2023 година, а воедно „покануваат“ повеќе вакви злосторства“, рече Нетанјаху на социјалните мрежи.
Тој додаде дека Израел ја прифаќа визијата на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа и ги повика сите европски лидери да го сторат истото, очигледно осврнувајќи се на предлогот на американскиот лидер да ја преземе енклавата, да го протера палестинското население и да ја обнови, пренесе Политико.