Израел го менува „лицето на светот“ со својата војна против Иран, но „секоја помош е добредојдена“ за да се победи нуклеарната програма на Иран, изјави вечерва израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Реков дека ќе го промениме лицето на Блискиот Исток, а сега велам дека го менуваме лицето на светот“, ја пренесоа вечерва светските медиуми изјавата на Нетанјаху дадена за израелската јавна телевизија КАН 11.
Иако тврди дека Израел има способност да ги нападне сите нуклеарни објекти на Иран, Нетанјаху рече дека секоја помош за нивно уништување би била добредојдена. Израелскиот премиер рече дека во нападите се уништени „повеќе од половина“ од иранските ракетни лансери откако Израел ја започна војната на 13 јуни, со образложение дека Иран дошол на чекор од создавање на нуклеарна бомба со која му се заканува на „самото постоење на Израел“, како што тврдеа властите во Тел Авив.