Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека секој договор со Иран мора да вклучува „уништување на целата иранска нуклеарна инфраструктура“, објавија денеска израелските медиуми.
„Договорот со Иран мора да ја елиминира способноста на Иран за збогатување ураниум. Договор што функционира е договор што ја елиминира способноста на Иран да збогатува ураниум за нуклеарно оружје. Уништете ја целата инфраструктура на иранската нуклеарна програма. Тоа е договор со кој можеме да живееме“, рече премиерот Бенјамин Нетанјаху на конференцијата за политика во Ерусалим, објави „Тајмс оф Израел“.
Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела изјави дека Вашингтон бара договор што ќе го спречи Иран да збогатува ураниум, додека неговиот ирански колега Абас Арагчи го нарече прашањето за збогатување „тешко за преговарање“. Нетанјаху рече дека доколку двете страни се договорат за поблаг договор, Иран едноставно ќе почека да заврши мандатот на Доналд Трамп и изрази став дека и производството на ирански балистички ракети мора да биде дел од преговорите.
„Прашањето за одбранбените способности и ракетите не е на дневен ред и не беше покренато во индиректни преговори“, изјави во саботата портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи по последната рунда разговори, пренесува Танјуг.