Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека новата офанзива во Појасот Газа ќе биде интензивна воена операција со цел да се победи Хамас.
„Населението ќе биде преместено заради нивна заштита“, рече Нетанјаху во видеото објавено на мрежата Х. Израелскиот премиер додаде дека израелските војници нема да влезат во Газа, да вршат рации и потоа да се повлечат. „Намерата е спротивна од тоа“, нагласи Нетанјаху. Тој не објасни во детали колкав дел од територијата на енклавата ќе биде окупирана.