Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека денешните воздушни напади врз Газа се „само почеток“. Говорејќи во телевизиско обраќање, Нетанјаху рече: „Ова е само почеток. Ќе продолжиме да се бориме за да ги постигнеме сите цели во оваа војна“. Тој како негови цели го наведе ослободувањето на сите израелски заложници во Газа и уништувањето на Хамас.
„Ние сме во екот на војната на седум фронта и ја добиваме битката“, продолжи тој. Нетанјаху додаде дека армијата ќе продолжи да дејствува додека Хамас „веќе не биде закана“ и дека Израел ќе дејствува со „зголемен притисок“.